@spirkovski уф Значи ти не си направила ништо за бебе да си ја натисне постелката, едноставно така се завртело... Мирувај мила, три месеци три, ќе се издржат. Знам мачно е, до скоро никаде не движев, едвај почнав да пешачам, ама уште малку, 90 дена. Сега барем ќе залади за да спиеме повеќе Догодина ќе надокнадиме со трошење
Не мила птед два дена на контрола си беше наместено со главчето надоле ама вчера се превртело и ја напукнало, умрев од страв. Ке лежам јас и пред тоа лежев, ке пробам да најдам некој дома да ме боцка. Фала за подршката
@spirkovski не знам какви инекции примаш, ама токму од причина да не одиме по болници, со мм гледавме туторијали за да ми става во задник. Не е толку страшно, само внимателно и нема криза. А за стомак и рака можеш да се прежалиш. Јас се мотивирам, си велам, наркоманите по колку пати се промашуваат во вена па не умираат од крварење, секако можам да издржам барем еднаш дневно сама да се боцнам
Јас се боцкав сама во стомак и нога, ивф сум но овие се прогестерон депо и се мускулни незнам како би ми ги ставал мм, не е по боцкањето @mariz така кажа докторката, еве каде пукнала плацентата, инаку сум 25та недела и плацента превиа.
@spirkovski токму прогестерон депо ми става мм. Сега сум 19 недела, еднаш неделно. дека до касно работи, почнавме во 22:00 или 23:00 часот да ми ги става. Првиот пат му објасни мед. сестра и потоа пред секое ставање ја гледавме сликата. Спојлер: Шема Инекција треба само вената да се одбегне. Уште 12недела имав крварење - одлепување. Со мирување се смири бременоста си продолжи нормално. Се надевам ќе најдеш некој херој околу тебе да се прежали да не мора да одите во болница за инекција
Мускулните инекции се најлесни за ставање. Не треба бавно да се боцне и кога ќе ја внесете иглата ќе аспирирате, ако нема крв значи не сте во вена и го спуштате клипот.
Фати кај што ти е колкот, и едно 3-4 прста накај задникот, собери го малку местото,боцни,аспирирај и после пуштај го клипот. За 3,4 секунди готово е. Пола УЈП ги боцкам на работа
@spirkovski може да договорите домашна посета да доаѓа и да те боцка. Во болница Букурешт имаат простории, ќе се договорите и ќе доаѓаат. Се плаќа редовно 100 мкд за доаѓање, ама претпоставувам дека си трудно нема да треба ништо.
кај нас во пп не за трудница за болен чоек шо со дијагнозата нетреба да плаќа пак плаќавме по 100 и самите велат знајме дека не треба да плаќате ама нас ни ги бараат парите.. ама за домашна посета треба да и дадат документ од гинекологија ( во нашиот случај за болниот чоек од интерно требаше извештај)
Од колкава помош ке беше сликава за една пријателка, ама да ја имав пред некој ден .. баш пред некој ден требало прв пат маж и да ја боцне и 2 пати ја боцнал, два пати утка.. крв сепак повлекол и фино лепо сепак си отишле на лекар да и стават
Mariz можеби грешам дека сите мажи можат ако се потрудат Можеби имам среќа со прецизноста на мм. Инаку и порано и сама си имам ставено, стоп инекција , изгледа ептен среќа сум имала со таа вена.
@spirkovski не е толку комплицирано за домашна посета. За дедо ми пролетта договаравме. Им дадовме само извештај од Систина дека треба да прима терапија и без проблем си доаѓаа во договорено време. Мислам вака ти е најлесно.