Здраво идни и веќе мамички на сите Нова сум, се надевам дека ме примате во друштвото бремена сум со трето бебе, денес таа среќичка ја дознавме но, само преку тест, а во среда и со потврда од гинеколог Имајте убав ден
Здраво.Ние вчера бевме на доктор на прво ехо.Бебето си е кај што треба,фала му на Бога.Календарски сум 6 та недела и 4 дена,но докторот мисли дека сум останала покасно бремена,т.е.дека покасно сум имала овулација,такашто бебето е помало од 6 недели.Не можевме да слушнеме сеуште срцева акција иако докторот има најсовремени апарати..а правевме и вагинално ехо и одозгора и џабе,не се слушна никако.Сега закажавме преглед за 2 недели па ќе видиме тогаш здравје Боже.Со душа чекам да му го слушнам срценцето
Еве ги и моите резултати од последната уринокултура. Стрептококус група Б. Како ли сум ја закачила, односи немам одкога дознав дека сум бремена, долен веш менувам 3 пати на ден, скоро секој ден се мијам со чај од камилица... Првите брисеви на 12 недела беа све чисти, следната недела ќе ги направам и вторите брисеви. Ваши искуства ве молам?! Инаку сум 32 +
@Ressana ќе ти дадат соодветна терапија. За жал трудниците се склони кон бактерии. Паѓа пх вредноста, намален имунитет. И јас прв пат се соочувам со инфекција. Си добив терапија соодветна за бременоста. Се додека се открие и лечи на време е во ред .
Здраво мамички бремена сум 6недели и 5дена денес бев на гинеколог и бебето имаше срцева акција но во матката до бебето има некоја израснатина и докторката не знаеше што може да е вика мозе да имало близначе кое не преживеало или пак хематом. Мн сум исплашена дали некој имал вакво искуство
Честа појава е. Ти даде ли утрогестан? Лежи, мирувај. Можно е да прокрвариш, да се чисти тоа. Нека не те фаќа паника. Ако крвариш (макар и малку) јави и се на матичната. Најчесто се решава во првите месеци со терапија и мирување.
Да ми даде вагиналети да ставам и ми рече повеке да одмарам ама конкретно не ми објасни од што се случува тоа и какви последици може да има
Не се плаши. Мене исто така отприлика ми беше. Само што др не ми кажа, а ми даде терапија. Си продолжив со исто темпо и за неколку дена прокрварев. Кога отидов цела во паники, др рече е добро де имаш хематом! Незнаев ни што значи тоа. Затоа, смали темпо, лежи колку можеш. Ставај утрогестани, насабајле и навечер. Може и нема да крвариш. Ако било близначе истата процедура. Не се нервирај само. Со лесно.
Јас имав во 6недела Хематом голем од 5см. И обилно крварење, со следење често и терапија се ќе е во ред со лесно
Незнаев дали тука да прашам или во темата за скриен шеќер...треба да проверам другата недела а нема пуштено плата,значи нема здравство,голема ли е разликата во цената со упат или на приватно,некој поупатен???
На станата на фзом, има едно Мое осигурување https://moeosiguruvanje.fzo.org.mk провери си со ембг и бројот од книшката дали имаш активно осигурување и до кога.
Последно кога бев кај гинекоголот видов во кумпјутер дека до 28 Август ми важи...фалати сепак ќе проверам. Несака да ми отвори
Женски во 34та ми падна чепот, пола(така ми кажаа) и примав инекции за зреење на плуќа и после две недели ми падна уште пола чеп. Во меѓувреме ми кажаа дека бебето од 34та до 38ма недела е само 150грама попраено Сега сум 39та со клексани се среди се бебушот е 2600 грама и абер нема за излегување. Сигурно му е убаво си јаде чоколади пици и глупости. Ако излезе ќе треба само млеко да пие
Цел ден имам ко тежина доле ниско ко на моменти ми се истегнува нешто такво нелагодно чувство имам...не нон стоп но поголемиот дел ми тежи мешето и доле ко ранче со каменчиња да носам...при шеткање не ме болеше толку...а синко прееска како р'иткаше дури осеќав и шрецкање кај бубрезите дали вие имате вакви темини и болки? Да напоменам издржлива и не јака болка повеќе ко тежина осеќам