Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Труднички муабети

Дискусија во 'Бременост' започната од meU, 23 јули 2012.

  1. meU

    meU Популарен член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2010
    Пораки:
    2.633
    Допаѓања:
    3.054
    Искрено и јас размислувам за епидурална. Арно ама кај мене се повеќе стравови насобрани |(
    Прво имам ужасен страв од болка, можеби смешно и лигаво звучи но , тоа е , кога одам пример крв да вадам јас се онесвестувам. И после толку години , размислувам дали се плашам од иглите, ама зошто кога не ги гледам, дали од болката , ама која болка кога не е така страшна и се трпи.... никогаш не успевам да најдам одговор, а искрено веќе ми е срам да си признаам некаде дека до толку имам страв.
    Покрај овие факти јас сега се плашам како би го издржала целиот тој процес, мислам дека самата болка би допринела до несвестица кај мене, буквално како да ми се исклучува цел систем при болка, друго се плашам ако биде со епидурална немој па да не ја стават како што треба, да ми оштетат нешто па да ми се направи поголема беља.... трето размислувам ако биде царски како ќе се разбудам од анестезијата :?:
    Мене значи ме мачат милион работи, како прва и единствена на светот да сум што ќе треба да се пораѓа :doh:
    Поради ова ми е многу срам да комуницирам со било кој околу мене, само си ќјутам , на никој ништо не кажувам и избегнувам да се збори на оваа тема. На маж ми ако му спомнам ми се чини дека ќе го фати паника кога ќе дојде денот, а инаку решен е и тој да присуствува, почна милиот и клипови да гледа, се спремал :$ , па затоа не сакам да го паничам.
    Додуша искрено се надевам дека кога ќе дојде денот нема се така да изгледа лошо , дај Боже :angel:
    А во однос на вежбите за дишење, свесна сум колку се потребни и неопходни посебно при природен пораѓај, но ако не успеам да ги посетам часовите, тогаш ќе си ги применам техниките за дишење од јога.
     
    На vladica1 му/ѝ се допаѓа ова.
  2. silk

    silk Популарен член

    Се зачлени на:
    15 ноември 2011
    Пораки:
    892
    Допаѓања:
    778
    Пол:
    Женски
    Јас мислам дека е нормално да се плашиме од породување. Тоа како вроден страв некако ни доаѓа, но сепак мислам дека сега преувеличуваме повеќе отколку што навистина во тој момент ќе боли. Тоа е сепак нагон, кој те тера тоа бебенце да го избуткаш надовор од тебе. А и тоа самото сака да излезе и ти помага при тоа.
    Јас планирам да се пораѓам природно, пошто ќе се пораѓам на ГАК. Таму избор нема ;) . Дури и епидурал неможеш да добиеш, иако наводно следува по избор на пациентката.
    Доколку имам шанса би сакала со епидурал, зошто да осеќам болка кога може да биде безболно. Но ако немам шанса, идеме на природно. Кога ќе видам колку слаби и мали девојки родиле бебиња си мислам зарем јас нема да можам? Сите можеле, само ние не,а??? Ние женски сме јаки, и ќе видите дека после ќе се смееме на овие стравови. На почетокот на бременоста повеќе размислував околу породувањето, а сега како се ближам натака,се помалку му ја мислам. Зарем за неколку саати породување, јас цела бременост да си ја упропастувам со секирации и мислење???
    Ајде,и ние сме јаки како тие што родиле. Ќе ги родиме и ние нашиве бебенца па после ќе си се гушкаме. :*
     
  3. Moira

    Moira Популарен член

    Се зачлени на:
    19 октомври 2011
    Пораки:
    1.937
    Допаѓања:
    7.683
    Ајде малку од моето искуство :)

    И јас, не да не поднесувам крв и игли, а бе чудо е како се наканив трудна да останам! Сите прегледи ми беа на ГАК, кај пријател на свеки, и секогаш кога влегував таму велев „Кажете што треба побргу да се прави и да бегам, оти ќе треба да ме освестувате“ :D Сите ми се чудеа како ќе се пораѓам, и на крај констатираа дека најдобро ќе е дома да сум се породувала |(

    Истрпив повеќе земања на крв (ниту еднаш не колабирав :lol: ), прошетав низ нашата ни златна Клиника, и пак ништо не ми стана, и најважно - цело време го имав размислувањето на силк - Зошто да се мачам и стресирам 9 месеци за 9 саати работа? :wasntme: И така опуштено, влегов во 9ти, и заради поставеноста на бебето завршив со царски. Директно ме однесоа, т.е. сама си отидов буквално во операционала сала, си се качив на боксот и реков Lет the show begin! И само што реков така, ете ти, се онесвестив од многу игли, крв земање, доктори со маски, мирис на болница, од чувството кога ти го спремаат рбетот за да ти ја стават спиналната анелгезија, па директно под кислород ме ставија, за да ме освестат, и после пак да ме заспијат со целосна анестезија (сама побарав, не сакав пак да поминувам низ истите „маки“ :D ).

    А да ви кажам драги мои - сето тоа е само игра на умот. Не дека не боли, тамам работа, ќе треба да ве лажам ако кажам Не, ама опуштете се, не мислете на пороѓајот како чин, ниту на болката како нус појава, туку на крајниот исход и само таа помисла нека ве води. Не е нешто што не се издржува (кај мене болките беа отпосле нели), ниту е нешто што ќе трае вечно :)
    Ова ви е како упис на факултет - сите се тресат на приемен, а никој не размислува за 4те години што го чекаат после тоа :D
     
    На Annath и meU им се допаѓа ова.
  4. ljubicicaa

    ljubicicaa Популарен член

    Се зачлени на:
    14 декември 2010
    Пораки:
    1.540
    Допаѓања:
    559
    јас искрено уште не размислувам за породувањето,за некој ден ке влезам во 5-ти месец, па си викам има време :) порано кога слушав од другите кога ми кажуваа, ми изгледаше многу страшно, т.е зависи кој како ми кажувал, ама веке не ни прашувам кој како поминал нели тоа е индивидуално. Иако од секогаш сум велела сакам да се пораѓам со царски, бидејки и така и природно бебето ке се роди, зошто да се мачам неколку часа природно?? ( бидејки за битола незнам колку може со епидурална ) а слушам дека си можел да се договориш со докторот за царски.
    ама здравје боже до јануари има време ке видиме, а некако си имам самата сватено дека колку и да е јака некоја болка , ако мора да се истрпи ке ја истрпиме,само стравот е најголем ;)
     
  5. silk

    silk Популарен член

    Се зачлени на:
    15 ноември 2011
    Пораки:
    892
    Допаѓања:
    778
    Пол:
    Женски
    Девојки да ве прашам: скринингот што е во 20 недела, мора баш во 20 да се направи, или може на пр. и во 21 или 22 недела? На клиника немаат слободен термин до 12 септември, а јас таа недела после 12 ќе бидам веќе 21 недела. Па би сакала да знам дали и тогаш може да одам,или да си барам чаре на приватно?
     
  6. meU

    meU Популарен член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2010
    Пораки:
    2.633
    Допаѓања:
    3.054
    Јас знам дека скринингот се прави во 22н. , а и јас тогаш го правев.
     
  7. silk

    silk Популарен член

    Се зачлени на:
    15 ноември 2011
    Пораки:
    892
    Допаѓања:
    778
    Пол:
    Женски
    Фала Меу, мене ми рече докторката во 20 недела, ама со оглед на тоа дека не е баш заинтересирана за пациентите, сигурно и не ми објаснила како што треба. Сега закажав, ќе одам на 13.09, а тогаш ќе бидам 21 недела и некој ден.
    Поздрав
     
  8. cecilia

    cecilia Популарен член

    Се зачлени на:
    9 декември 2009
    Пораки:
    1.329
    Допаѓања:
    1.195
    И јас го правев во 22 недела (22 и 6 дена)
    Не се секирај до крај на 23 недела го прават.
     
  9. Nice.girl

    Nice.girl Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    111
    Допаѓања:
    35
    Пол:
    Женски
    Драги трудници, да ве прашам дали ви се случувало во текот на бременоста да ве боли зглобот кај бутната коска?Сигурно ми фали калциум или нешто друго и во вид на што го купувате?
    Поздрав и имајте убав ден..
     
  10. katalina

    katalina Популарен член

    Се зачлени на:
    14 октомври 2010
    Пораки:
    1.615
    Допаѓања:
    772
    Пол:
    Женски
    Феминки од пред еден саат забелезав на гаќичките смеѓ исцедок и целата испаничив :worried: инаку сум 4 недела и примам терапија Утрогестан вагинално.Ве молам ако сте имале слично искуство,споделете го!
     
  11. eva11

    eva11 Популарен член

    Се зачлени на:
    23 јуни 2011
    Пораки:
    1.851
    Допаѓања:
    757
    пошто веке примаш утрогестран можеш само да лежеш строго и да мируваш мрдањесамо до вцдруго станување не барем денес и утре и обавезно посети гинеколог најскоро што можеш
     
    На katalina му/ѝ се допаѓа ова.
  12. fairy88

    fairy88 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 август 2010
    Пораки:
    1.567
    Допаѓања:
    8.026
    Не се плаши и јас примав утрогестан поради јаќи грчеви и 2 прокрварување до 11 недела.Докторот ми викаше не е страшно дека може да се јаве крварење до 12 недела и кај нормални бремености.Сепак за секој случај ми забрани секс, дигање тешки работи, многу пешачење и напор и да седам на ладно оти и од жешкото можело да се јаве прокрварување.
    Инаку сега сум добро после терапијата ништо не ми е немам никакви проблеми и болки поздрав и не се плаши само пак за секој случај јави се кај матичниот гениколог оти има разлика од случај до случај. ;)
     
    На katalina му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Unique.chick

    Unique.chick Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 јуни 2011
    Пораки:
    1.258
    Допаѓања:
    2.391
    еве ме и мене мешиња, јас сирота не можам да се изнаодам да надоместам за тоа што лежев..
    Инаку гледам денес темата било..страв од породување..
    Јас кога останав бремена па се до пред некој ден си мислев да си закажам за царски ама се консултирав со мајками , она од искуство ми кажува дека е подобро природно , сестра ми ја има родено со царски а мене природно и вика дека 10000 пати било подобро природно освен тоа и медицинско лице е па работите ги гледа и од друга страна.. и така решив да чекам да дојде денот пашто биде нека биде, не дека не ми се страв , страв ми е ама едноставно си мислам зарем толку жени издржале па јас нема да издржам и се обидувам колку што можам повеќе да не мислам на тоа :)

    Инаку денес завршивме со подготовките за малото, ја средивме и собата , купивме стикери и триста чуда , нели за да му биде интересно.. а да и конечно купив торбица за пелени и тоа е тоа , шишиња и цуцли не сум купувала, купив само едно малецко шишенце за чајче , бидејќи ми кажаа дека бекутанот многу помагал за грчеви .. и така тоа е тоа :)

    Поздрав и добра ноќ на сите :)
     
  14. Katalea

    Katalea Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 август 2012
    Пораки:
    137
    Допаѓања:
    200
    Здраво на сите Феминки!!
    Јас сум нов член. Ве читам долго време и секогаш наоѓам одговор кога ми е потребен за нешто, а од скоро ја посетувам и оваа тема бидејки сум трудна веке 9 недели.. Навистина е убаво кога имаме каде да се обратиме и да си ги пренесеме своите лични искуства кои на секој би му помогнале. Се приклучувам на вашата супер дружба :) :)
    Поздрав до сите вас и се читаме... :* :*
     
    На silk му/ѝ се допаѓа ова.
  15. meU

    meU Популарен член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2010
    Пораки:
    2.633
    Допаѓања:
    3.054
    Уник од каде ја зема торбата? Каква е, колку пари? Исто ме интересира и за тетра пелени дали купи и од каде???
    Јас сакам да земам тетра неколку за да ми се најдат (не за широк повој, нема да користам таков).


    Katalea добро ни дојде, со лесно да си ја поминеш бременоста.

    А сега да си се пожалам дека цела вечер не сум спиена, некако се потешко станува спиењето, помачно, по милион пати се вртам де на едната ,де на другата страна, ама јок, никако да си ја најдам правата положба.
    Мускули, слабини , колкови, тоа да не повторувам како се си боли, па и се по јако.... :x
    И така ме раздени денес, од 4ч си станав, па сега денот ми се чини долг ќе биде :^)
     
  16. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    19.390
    Допаѓања:
    103.193
    Пол:
    Женски
    Меу, торби за пелени имаш во сите продавници за детска опрема и облека, имаш една во Кисела вода, Лококроко се вика и навистина е снабдена а по ефтини цени, видов убави торбици и во Џамбо, а на сестра ми ја земавме од Ферги од трговски, немате појма како се најде, е сега не е џиџана бебешка ама ептен е убава, сега си ја носи за до град и слично ;) Тетра пелените се доста скапи, но ги има и поефтинки, на пример во овие продавниците што се за македонски текстил, Стружанка, Илинденка и слично. Во Џамбо а и во овие продавниците за детска облека ги има дезенирани, многу се слатки, ако не планираш да користиш повој, ако ти се за постилање за доење или за на лекар за пресоблекување, нешто такво, земи си од овие, идат по 3 во паковање, многу се убавки, со авиончиња, со барбики, со срциња.... Досега сум купувала многу за мојата внука и од искуство ти кажувам, памукот во Џамбо е фантастичен за таа цена, сум плаќала боди и по 300 денари, но пак се витка, се криви и се развлекува, овие се по 150 денари и се одлични, башка дезенирани се од мерак. И шпикозните им се многу добри, поготово тие што се како плишанки, од внатре не се такви и се многу пријатни, многу греат, истиот состав го имаат на пример со шпикозните од Окаиди, сестра ми доби на подарок едни од Окаиди и јас купив едни од Џамбо, на допир се потполно исти со тоа што дури овие од Џамбо и подобри се покажаа, за разлика од другиве, има некоја трака од внатре кај везовите што гребеше. Кога ја крштевавме малата јас отидов во Џамбо и изнапазарив за така подобра сума пари еден куп работи, некои од нив до ден денс, две години подоцна, се употребуваат. Според мене, Лококроко во Кисела вода и Џамбо се најефтин и најдобар избор ;)
     
    На Katalea и meU им се допаѓа ова.
  17. koritsaki

    koritsaki Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    18.659
    Допаѓања:
    106.735
    Пол:
    Женски

    Немој никако да закажуваш за царски ( освен ако стварно мораш!) Јас се породив природно , е сега малку боли па и тоа ке се истрпи , од природен пораѓај ке се опоравиш брзо , јас уште одма првиот ден се расшетував низ болницата , а царски еве и мајка ми има родено па ме советуваше никако да не се одлучувам , зашто резови мезови , па боли , па треба да лежиш долго време , многу ми е комплицирано. Па исто така сум слушнала дека тие што се правени царски им касни потоа млекото па им даваат вештачко а зашто да не си го доиш бебето нели? :) ова беше самоо мој совет , позз :*
     
    На Unique.chick му/ѝ се допаѓа ова.
  18. Moira

    Moira Популарен член

    Се зачлени на:
    19 октомври 2011
    Пораки:
    1.937
    Допаѓања:
    7.683
    Значи, прво: НИКОЈ не одлучува како ќе го роди детето (освен во приватните клиники што си закажуваат директно царски), мада и таму почнува да се напушта таа пракса. Значи, џабе убедувате како НЕ Е ДОБАР ЦАРСКИОТ од рекла казала, кога некогаш е единствена опција за раѓање на здраво бебе. Не си земајте за право да им внесувате безвезе мисли на идните мајки, утре другиден да паѓаат во депресии оти завршиле на царски, а не природно.

    Второ: Боли, да, кажано е 100 пати, ама боли и природниот пороѓај нели? И кои се тие „резови мезови“? Зборуваш за времето на нашите мајки, кога биле сечени од гради до вагина? Резот кој сега го прават ЕДВАЈ е 10на цм, и се губи во најголем % после неколку месеци од пороѓајот. Нема ништо комплицирано тука, напротив, сите компликации настануваат на природен пороѓај.

    Трето: Како тоа „млекото касни“? Демек дека не е „природно“, и млекото не надоаѓа природно? Ова од каде го извлече како констатација, со оглед на тоа дека си природно породена? Еве јас сум царски, и тоа закажан, без болки, без контракции, и добив млеко веќе после 36 саати, кога и почнав да ја дојам малата и фала Богу истеравме до 14 месеци. Значи, процесот на надоаѓање млеко нема врска со ширењето нозе на бокс наместо легнувањето под нож, туку почнува со пресекувањето на папочната врвка, кога и се лачат потребните хормони.

    Треба да сте малце повнимателни при изјавите, посебно кај трудниците. Ранливи се, повеќето од нив со прва бременост, и секоја изјава од „поискусните мајки“ им изгледа како закон.
    Нека тера се` супер, пороѓајот ќе се изведи онака како што треба, и без разлика каков ќе е, сигурна сум дека ќе имате млеко и ќе си ги доите своите бебиња :hug:
    Само опуштено и без стресови, ќе ви треба издржливоста за наредниот период.
     
    На Annath, Katalea и Mikako им се допаѓа ова.
  19. koritsaki

    koritsaki Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    18.659
    Допаѓања:
    106.735
    Пол:
    Женски

    Како прво ова беше само мој совет до девојката не дека ја убедувам јас но според мене природно си е природно , ако нема некој друг проблем зашто па царски да се прави? ( бидејки гледам дека се плаши од природен пораѓај затоа и и го напишав постов )
    Незнам како е во МК , но овде во Гр каде што јас се породував можеш да си бираш како сакаш да се породуваш. Јас сакав со епидурална а. , но докторот ме премисли кога можам природно зашто да бирам царски или епидурал. За млекото не реков дека мора да касни ако прави царски , некои немаат млеко и природно што се породуваат , се си зависи од организмот..
     
  20. Moira

    Moira Популарен член

    Се зачлени на:
    19 октомври 2011
    Пораки:
    1.937
    Допаѓања:
    7.683
    ^ За млекото баш така изјави, а немаше потреба, посебно што ти тоа не си го поминала, па не можеш дури ни од искуство да кажеш

    Инсуинираш дека, ако не е природно, најверојатно ќе завршат со вештачко млеко, за што те демантирав од личен пример, оти за друго не можам и не сакам да делам совети.

    И пак ќе кажам - само опуштено, и без слушање од страна. Секој организам е приказна за себе, некои со царски стануваат и извршуваат обврски после само 3-4 дена, а некои со природен пороѓај и огромна епизиотомија и по 10 дена не можат на гз да седнат од болки.

    Не генерализирајте, само тоа ми беше муабетот, оти ова не е „Што кола да купам?“ па да трпи се` кажаното....остануваат зборовите врежани во мозокот и после мајките психички се јадат при секоја „неправилност“.