Кога бев бремена со кере беше помала за две недели Ни еднаш не ми сменил матичниот термин за породување иако ком покажуваше друг датум Сметано термин од циклус ми беше 16ти мај а се породив на 1ви мај
Ништо не направив сеуште е рано џабе да одам секој ден по доктори кога само од памет ќе ме извадат Утре пак на бета и за 10 дена ехо. Ќе биде знам дека ќе биде.
Тогаш кога слушнавме срцева акција ми кажа дека ми е до 19,20 септември. Од тогаш до вчера ништо не ми е спомнал за термин. Вчера кога ме виде на ехо ме праша кога ти беше терминот во октомври ли? Му кажав дека според последна менс ми е 15 септ., но бебето е со 5,6 дена поназад. Тој ништо не спомна, само дека е помало. И тоа е сѐ. Тогаш пиј си чај од брусница или јади брусница. Штом немаш висок притисок и отоци, нема опасност.
Знам дека е бесплатно во ГАК и Чаир ,ама за во МВР се почудив ,дека со второто дете кога бев бремена плаќав за крв и мокрача 68ден партиципација @monik55 ако почекај ,здравје ќе видиш следен преглед се убаво ќе се види на ехо и срценце мало кое чука силно
Како и да е на крај си,и да се породиш сега нема да се смета дека е предвреме родено Неможе сите да раѓаме деца со 3 и повеќе килограми И јас родив бебе како глувче еве ја цела мома туку ми трчка по собиве Немој да се секираш
Здраво, јас сега сум 41 недела и 5 дена значи 12 ден после терминот. Сега сум во болница и ми ставија провокација еднаш од таа што е како инфузија и немаше никаква реакција тоа беше вчера и денес ми направија вагинален преглед и не сум отворена. И сега ми викаат денес дека правеле пауза и утре пак да ми стават провокација па ако пак нејќе после тоа ќе одлучувале дали да ми праат царски. А докторот ми кажа дека има шанса и сама да си побарам царски демек да сме потпишеле некој договор. Дали имате вакво искуство и дали знаете дали се плаќа вака царскиот затоа што ми кажаа дека се плаќало 500€?
Кој ти кажа дека се наплаќа 500евра за царски? Ако е со индикација не се наплаќа или евентуално нешто минимално. Тој документ што ти кажале да го потпишеш го потпишуваат сите , значи дека се согласуваш со одредени компликации што можат да настанат.
Во која болница си? И кој ти кажа дека се плаќа? Таму во болницата доктори, сестри или познаници, пријатели? Едит: И во скоро 42 ра недела би требало они да одлучат веќе ако не бива природно да одат на царски, а не да си бараш. Иако се зависи каква е ситуацијата со постелка, вода и бебе, сепак не би требало да остават толку време, и не посебно ти да одлучуваш. Треба они да знаат.
Моја братучетка така ми рече. Дека ако докторот кажел да ми се прави царски не се плаќало а ако сум побарала сама значи требало да се плати. Во чаир сум.
Тие можеби намерно ќе чекат ти да си побараш, не знам. Тие треба да одлучат, а не ти. 42ра недела си. Каква е ситуацијата со постелката, вода, знаеш?
Ако си побараш сама, а нема индикации (така ти си решила дека сакаш царски) или нема да прифатат или да, ќе си платиш. Тоа се вика договор со д-р или мито, врски како сакаш. Инаку на државно не се плаќа. Кај кој д-р си?
Па водата секој ден се намалува постелката е од 3 степен но од тоа провокацијата не ми дојдоа контракции туку само како менструални болки и многу ме боли кога мрда бебето. Му кажав на докторот ама ништо не рече. Трајчевски И сега што е паметно да направам?
Искрено, не знам што би те советувале ние тука. Те прашав која болница, дали приватно или државно мислев. На државно не се плаќа. Затоа и те прашав кој ти кажа. Тоа се рекла казала муабети. Не се плаќа. Е сега ова што те чекаат природно и што ти рекол д-р ти да си побараш не ми е јасно. Ама не ја знам другата страна на приказната, БИ ТРЕБАЛО докторите да знаат најдобро, сигурно знаат што прават. НО, ако водата е намалена, постелка зрела, и зависи што кажува и цтг-то би требало да се реагира. Прашај си, нека праша сопругот, консултирајте се со некого, или најдобро отворено со д-р зошто се чека уште?
Па сопругот дојде и докторов така ни кажа и сега незнам од една страна сакам да биде природно и да почекам они да кажат дека треба царски секако ако не се случи нешто со 2 провокација но од друга страна водата се намалува постелката зрела ми е а тоа ќе биде 13 ден. А друг доктор кога дојдов баш на терминот ми кажа од сега ќе чекаме 10 највеќе до 12 дена па после нели ќе превземат нешто а сега веќе поминуваат многу денови и тоа ме плаши незнам што да правам.