Ако ти е паднат притисокот, а има големи шанси оти често се случува во бременост, со лимон уште толку ќе го собориш. Мери го друг пат пред да се напиеш дали кафе,дали лимон, да знаеш на што си.
Ќе направам оти ќе се шизнам за 10 дена. Кога мие паднат притисокот ме били челото ова на темето ме боли и позади.
Расте нешто во мешето и прва и втора бременост го имав тој ден (може и повеќе денови да траеше), боли глава страшно, мислиш кај и да е ке те удри од земја... ама многу грда чудна болка. Легни одмарај, преспи ако успееш и утре би требало да си подобро
Jas do 10ta,11ta nedela nemozev glava da dignam od glavobolka.Nisto ne piev,samo odmarav vo tisina i vo temno.Eden den sama od sebe iscezna bolkata
@monik55 И јас го имав тој симптом на почеток на бременоста... Боли многу ама за убаво е ќе издржиме.
И мене овие 3-4 дена ми се јавија киселини, прв пат во цела бременост.И тоа тешки киселини мислиш ми гори грлото и желудникот. Ни ладно млеко,ни какао,ни чај не ми помагаше. Само сода бикарбона пола кафено лажиче.
Женски 8 недела сум од бременост, и еве денеска цел ден ме боли долу ниско стомакот, не постојано туку од време на време ми се јавува болка како со нож некој да ме сече. Бев во вц и имав нешто лигаво(како од плодни денови) како со малку крв. Што би можело да е? Не можам да посетам лекар, не сум во Мк,дури во вторник ќе одам. Дали е можно да го изгубам бебето?
Аууу и јас сум со киселина и болка во желудникме уби киселината си мислам се внатре ќе ми изеде и штуцкам како жаба кога крека
како што ти рече @ALISA0000 штом, не можеш да посетиш доктор, а според мене треба хитно да одиш на доктор, не ми е јасно без разлика каде и да си мора да примиш прогестеронска терапија, и јас така во рана бремнност прокрварив но веднаш инекции, вагиналети веќе ставав, и никако станување од кревет освен за вц, дури и во кревет јадев, па фала му на господ еве стигнав во 32 недела
@hello-kitty.90 а дежурен нешто ичи со гинеколог да се слушнеш? Би било убаво да појдеш и да ти даде терапија... Може не д ништо ама сепак може и да е со оглед на симптомите.... Мирувај .
Времето залади, време е за спиење со кебе а мене ништо не ми менува Си легнав по 00:00, веке саат и пол си се местам од кревет во кревет (престанав да спијам дење само за да ми се спие навечер,ама јок ) Наспиј се, потоа нема спиење! Знам, ама како + нов проблем. пукање капилари. Нозе, стомак... капилари на сите страни. Вените од секогаш ми биле површни, но сега со бременоста за прв пат се случува какво нешто со брзината на светлината. Или ова е сосема нормално кај сите?
Појди таму кај шо си се надевам нема да те вратат каде и да појдиш да се прегледаш сигурно има болници...Земи и утрогестан :/ :/ клексани земаш или? .. Со спиењево маки и јас мачам дури не легнам вкревет после бајче до 6 сатот од 12 до 6 доста е колку толку...:/
Времето е супер за спиење, последните 2 ноќи око немам отворено, што убаво си спијам. Вака ако тера добро ќе е. Барем деновите пред пораѓај да се наспијам како човек.
Кога последен пат испитував крв тој од наплатен ми кажа дека листата на упатот не се наплаќа, туку само допишаното со пенкало. Кај мене имаше допишано за протеински статус и само тоа требаше да го платам.
Девојки бев кај мојот доктор вика дека бетата е добра и одговара на неделата покасно е зачнато. Нема потреба од пак бета туку на 18 на ехо и да видиме до кај сме тогаш ќе има и срценце. Многу ме смири и мислам летам. Одам да се частам бурече кој е за повелете на млечен