Сега се вратив од кај гинеколог... 8+3 сум а плодот не одговара за таа недела ептен мало е, јас со 3 кила помалку а и како да не бидам кога све што и да ставам во уста иста секунда и вадам. Ми даде таблети да не повраќам ама тие тераат на спиење доста така спиев по цел ден сега уште повеке, ау дали ке помине ова веке
Во однос на слабеењто не се плаши. Многу трудници, и јас во првата бременост, слабеат. И водата ја повраќав. Бебето влече резерви. Твоето слабеење нема врска со тоа што е бебето поназад. Покасно е зачнато или од предходниот преглед до денес смета дека не напреднало доволно? Што ти кажа?
Јас повраќав до 16 недела, секој ден по мин. 6-7 пати. ослабнав 3 кила за 2 недели. Бебе си растеше супер.Не пиев ништо, само пазев да не дехидрирам. Мачно е многу, од дома не бев излезена. Ќе помине и ќе заборавиш на се, посебно кога ќе осетиш како клоцка
Mnogu trudnici namaluvaat tezinq na pocetok.Se dur bebeto si raste normalno nema mesto za panika.Neznam kakvi tableti ti dal,ama ne bi trebalo da spies od niv.Jas bi ti preporacala Antimetil.Na baza na gjumbir.Sovetuvaj se so dr sekako.Tie se na prirodna baza.I mnogu pomaga caj od gjumbir.
Не ми кажа ништо конкретно само рече дека не одговар на неделите дека е мало, од 10 сатот чекав се до 12 и 15 мин ме прими последна иако имав термин, и веке беше време за пауза набрзина ме виде и толку
Не е страшно доколку е помало и не одговара на неделите. Еве и јас се водам две недели назад од старт. Помало е за две недели, односно покасно зачнато. Најважно е да има правилен развиток. Ако сега одговара на 6+, наредната недела да одговара на 7+, понаредната на 8+...
Vomex A некој таблети..... Јас не сум во Македонија така да незнам дали тука ги има тие таблети antimetil. За чајот ке побарам фала
јас на почетокот ослабев 3-4 кг ама богами си надокнадувам сега ичч без гајле биди си.. Јас како преднос го видов
Мене така ме болеше на почеток, ми рекоа да проверам урина. По проверката, а беше се во ред со неа, престана да ме боли.
Значи еден час осеќав ко ниско доле болки па и налик на менстроални болки.Отидов во Ремедика Др.Ефремовски беше дежурен ме прегледа вагинално беше затворено грлото,го видовме и синко добро си беше се завртел со главчето надоле и затоа сум имала вибрации при покрење и плус тежината што сум ја осеќала.Ме прати утре да испитам на клиника Електротомографија за да се види активноста на матката на Физиологија институт за ако има некаква активност да пијам некој лекови за да ја смирувам матката.Ми рече да си одмарам но не строго мирување јас и онака сум дома по цел ден и навечер што прошетувам.За лакуните искоментира тоа се ситни точки што сега некое модарство станаа мегу колегите па нормално е постелката да има крвни садови па и да се на некое место едно до друго не гледав тука место за паника а за утерината треба контрола секако.Утрогестанот ми го продолжи...Се потсмирив малце па со Господ напред утре да биде се во ред и да не чува Господ.Фала ви на сите што ми пишавте денес да ме потсмирите