Na pocetok ne se oseka redovno.Toa prasuvav i jas ovde.Se slucuvase den,dva da ne ja osetam.Za da pocne posle bez prestan da mrda.Se cudam dali spie voopsto. Mozes da si odis utre za bris.Nema potreba zosto da cekas do 23.
@Skorpija25 која недела си? И јас ептен ретко осеќам,многу малку ама почна деновиве задутре сум точно 16та
Задутре точно 15та. 14та бев дента ко го осетив. Лежев и осетив како ми поминува нешто низ стомакот, ама не бев сигурна дали е тоа тоа. Ама читав по мислењата тука и претпоставив дека е малото.
@Capricorn Taurus исти главоболки имам и јас, ама изгледа од хормоните или што немаше што да ги активира (обично после излегување на сонце имам такви напади) во бременоста имав многу ретко. Ама затоа од ко се породив мислам и појаки ми се, и имам среќа што само со ибупрофен 400 мг. ми поминуваат, зошто е безбеден за време на доење. Такви болки без апче се неподносливи, разбирам зошто докторите те советувале така.
Сакам нешто да ве прашам Колку треба. Да изнесува пулсот во бременост. Мене постојано ми е од 90 до 100 откуцаи во минута се плашам да не му наштетам на бебето. Инаку да напоменам дека пред да останам бремена се лечев од анксиозност и тогаш повремено имав тахикардии а сега нон стоп се плашам дека и кога ќе правам цтг бебето ќе ми биде тахикардично како што ми беше и првото.исто така и цело време сум напната и нервоцззна Колку е вашиот пулс ако воопшто го мерите. Споделете искуства
@Bojana 123 од таа анксиозност јас мерев нонстоп, и ми се качуваше до 130. Немој да мериш најдобронамерно те советувам, колку повеќе го мериш пулсот, од возбуда и страв ќе ти се покачува. Благо покачување е нормално за секоја трудница, срцето пумпа повеќе крв, само диши и уживај од искуство ти кажувам. Јас и апликација на телефон имав симнато, и постојано мерев. Спојлер На преглед неколку дена пред термин на екг пулсот ми беше 169 во минута од огромна паника, и ми закажаа царски по 2 дена, имаше и други индикации секако, ама после царскиот веднаш се спушти на 70. Кај синот немаше промени, нормален пулс за бебе имаше на цтг.
Kristina.k кога се породи ? Се плашам дека и јас ќе испаничам а откуваите на бебето на цтг колку му беа и дали ти ставија нешто за смирување.
Што ми текна да се врткам на темава Ми текна дека лани овој период 5 ти бев Поздрав до сите мами а посебно до темава гледам живнала доста со лесно нека ви е и со полно здравје
Пред година и 10 месеци. На пораѓај ми ставија за смирување, исто ми се крена многу пулсот ама ме следеше цело време анестезиологот, а пред тоа не, само Б6 и магнезиум пиев редовно. Цтг правев од 36 недела до пораѓај и секогаш откуцаите беа во нормала, во графата колку што е дозволено, кај бебињата и општо е повисок пулсот. Немаше промена, ама искрено многу ми е криво за тоа колку паничев и самата си предизвикував тахикардии.
Tuka sum i jas imam fobija od vadenje krv se plasam od rezultatite minatiot mesec mi bea povisoki leujocitite i sega strasni filmovi si pravam
И тоа премногу ,си го заборавам ручекот на шпорет и алиштата во машина испрани по ден ипол или два па ги преперувам
Здраво мамички, и јас заборавав на почетокот. Фала му на бога сега не сум веќе како изгубена А за пулсот и мене ми се движи така 90-100. Ретко ми е 86. За стресни ситуации не коментирам тогаш знај да ми е 135 и затоа и треба да ги одбегнуваме Бебчо си мрда, си растиме и такаа друго немам што да кажам . Поздрав sun:
Здраво девојки Јас сум 9 недела и имам уреплазма, ми рекоа дека антибиотици можам после 12 та недела? Какво ви е искуството со уреаплазмата, се плашам многу. И уште нешто... има ли пушачи меѓу вас? Имам страшна анксиозност што дури ме однесе во депресија и никако не можам да ги оставам цигарите, се мачам...
Здрaвo и дoбредoјде. Немoј дa се плaшиш зa уреaплaзмaтa јa имaв и јaс и истo кaкo тебе ми рекoјa дa се чекa пoсле 12 неделa зa терaпијa. Немa дa имa бебетo прoблеми бидејќи не е oпaснa вo рaнa бременoст, ќе примaш терaпијa и ќе биде се вo ред. Штo се oднесувa дo цигaрите, пушaч бев и јaс и знaм кoлку е тешкo дa ги oстaвиш aмa мoрaш. Земaј бoмбoни, грицки некoјa зaнимaцијa дa ти гo oдвелкуaвa внимaниетo. Јaс дoдекa се трудев дa ги oткaжaм не пиев кaфе бидејќи тoa веднaш ме aсoцирaше нa цигaрa. Пoбaрaј сoвет oд лекaр кaкo дa ги oстaвиш цигaрите тoa не е срaмoтa бидејќи депресијaтa и aнксиoзнoстa истo тaкa се штетни вo бременoстa. Сo леснo.
Фала ти! И кога ги откажа, во која недела? Постепено или нагло? Инаку и јас кафето го откажав, сите пороци ги откажав ама цигариве душа ми земаат!