и јас така пред 16 недела осетив.. а сега 19та во денот по два три пати осеќам такво нешто сеуште е нежно )) Uh...одмарај повеќе со кренати нозе башка во вода со сол јадра нека ти постојат и облоги ладни ставај мислам дека можи..Јас 19та недела никаков оток немам досега. А не те пратија на транфузиологија за отоците што ги имаш?? кажии и на матичната за секој случај проверете
Добро утро @iki26 со лесно, па те чекаме во другата тема да се пофалиш. Не сум пишала одамна. Се возевме, долг пат прилично, па го бањавме мешко во моренце. Искрено не сопрев периодов мислам дека месецов до крај ке ми биде така па после полабаво дома, да прејдеме на чистење и купуваме за бебе. Мали е доста активен, а јас се чуствувам добро. Ве читам редовно, ама слабо време се наога да пишам. Поздрав мешиња
Јас и пред бременоста имав мигрена ( која ја нема никогаш да не ја осети болката) Прејаки болки се ти иди со глата од ѕид да се маваш од шо не се издржува предходно ко ќе ме болеше пијав се и сешто ама нема лек за мигрената ти викаат со здравје носи си ја... Во бременоста два три пати ме фати и баш ништо не се напив.. сокче само и кафе со малку лимон два-три дена без престан одвај издржав ЖЕНСКИ!! ( Пошто ние женсквие сме појаки до машкиве )) <3 ХАХАХАХ не да заборавам туку се губам во свемирот... Изгубен случај скрозз :/
Нагло, веднаш штом тестот ми покажа || .. Ама кон 8-9 недела почна и да ми се гади од мирисот на цигари па ми беше полесно да ги откажам со лесно @iki26 чекаме дупли мекици дека 2 се со лесно
Eeee мила, и мене ме боли мн главата, а пред да останам бремена не сум патела од тоа. Некаде на форумов прочитав од др феминка- сол и лимон во чаша вода...и да ти кажам мене стварно ми помага. Пробај, види дали ќе имаш фајде
Добар ден девојки, јас се вратив од одмор, фала му на Бога добро поминавме ама вчера и денес киселини имам ептен. 20 недела сум ова нормално нешто е или јас сум јадела нешто неубаво.... @iki26 со лесно па да частиш мекици
@EuHenIa и мене оваа недела почнаа да ми се појавуваат киселини. Не многу и не често, ама тука се. Понекогаш се чудам дали само јас не чуствувам бебе во стомак? :-\ Второ тромесечие многу поразлично од прво. Искрено не очекував толку промена. + по користење на вагиналетки за кандита ми изчезна и притисокот на бешиката. @iki26 дојде денот Со лесно
со лесно Кога сме кај мигрената пред бременост имав терапија за тоа,sumatriptan таблети,незнам дали ги има кај нас ама права дрога се Една таблета и неможев рацете да ги кренам од немоќ Во бременост се трудам да не земам ништо,освен антибиотици што морав,неколку пати парацетамол и еднаш ибупрофен се напив тоа е се За притисокот кока кола,за главоболки турско со лимон и така се одржавам некако....
Сите различно осеќаме мене ми рече заден ѕид и дека затоа сум осетила порано не го разбрав убо докторов стручно ми објаснуваше многу инаку ќе осетиш и ти кај да е.. И мене ми е исчезнат притисокот на бешиката и дека не одам на секој 30 минути написе вода и стани за во вц и дека се збира од повеќе па после одам и чудно ми е шо не е повеќе неколку капки и готово прво се заплашив реков шо е ова олку време мочам ама ко пресметав дека дупло помалку пати го поседувам се сетив дека не сум од секогаш бремена и дека и порано ми беше така хахах
Во извештајот од скринигот ми пиши дека постелката ми е на преден ѕид. А јас ептен рано го осетив 17недела веќе ми се брануваше стомакот, а пред тоа на неколку дена го осеќав и само на грб кога ќе лежев.. Незнам дали игра улога тоа што ми е 4та бременост... Mа да нема врска, мене ми е убаво
Сите различно кажуваат мене ми вели докторов дека вие првородилките шо немате родено ( не сметајќи ги спонтаните) порано осеќате движења. матичната ми вика прва бременост покасно движења се осеќаат ама зависи и до жената најверојатно секој организам различно реагира на се и самите ние различно осеќаме и чувствуваме јас пример уште пред да направам тест за бременост знаев дека сум бремена и му кажав на мм овде осеќам промена и знам дека сум бремена тој ми вика како не ти многу знајш а испадна дека точно кажав и тоа неколку дена пред да треба да ми дојди и пред тестот го известив дека сум секаква промена во телото одма си сеќавам и знам дека е или како шо треба или како шо не треба не само за бременост општо и за др здраствени проблеми. Искрено и мене ми е убаво сега дека и во денот обавезно и по 3-4 пати осеќам нешто се преместува мртка претка и убаво ми е чувството сеуште е нежно 19 недела сум иначе
Абе ова човек да не каже нешто позитивно. Само што кажав чат-пат со киселините, се наддадоа како темни облаци. цццц Уште бебе да почне да клоца, ама најчесто се лепа само на полошите работи
Пупу скраја да е какви лоши работи.. Ќе мрднат ќе претнат ќе осетиш а можно е и да ги чувствуваш а да не си свесна дека тоа е тоа ко јас првиот пат шо незнаев шо е тоа па цела прашалници шо ми се случи ќе се онесвестев дома од страв да не ми се случи нешто кизне што ) Мене непријатно почна да ми станува од некултурниве луѓе шо прво встомак ми се пулат особено колешките и подалечни пријателки за да видам дали сум бремена или не па после го вртат погледот за здраво да речат... Вас така ви се заполуваат встомак дури невкусно?? Јас се чудам јас ич така не се заполувам и др ко ќе ми кажат абе ја виде бремена беше чаршија заедно ја начекавме се чудам кога воопшто сум ја сретнала а не дали била трудна
Леле и мене тоа многу ме нервираше. Посебно дека претходно имав неуспешна бременост абе овој пат мислев дека само ме гледаат во стомакот првите месеци (може и си замислував не сум сигурна). Многу ми беше интересно кога дефинитивно ќе приметев дека некој ме гледа а нема храброст да праша А сега веќе средина на седми месец лелеее колку ме нервираат луѓево кога ми прават муабет за бременоста, посебно тие што не ме знаат. Една бабичка во лифт, прв пат ја гледам и кога зема да ме прашува и гали по стомакот ама ајде си викам стара е, и дошло мило, којзнае какви ќе бидеме ние на тие години
Јас воопшто не сакам да ме допираат за стомакот не толку блиски, а уште помалку сакам да ме прашуваат како е бебето, мрда ли и слично само колку да се најдат во муабет.