Црл е должина од теме до тртица, а под него едд е терминот според таа должина. А бпд е дијаметар на главичката и според таа бројка кога ти е терминот. Отстапки секогаш има кај сите бебиња, и тоа може да биде поради генетика, твојата исхрана и сл. Не се многу базирај на тие бројки, едино ако докторот нешто спомне.
Ми рече дека е се супер бебе една недела назад ама така беше уште од почеток сигурно покасно се фатило, Сега незнам кој термин да го сметам и која недела да се водам. Мислам дека е најдобро според Менс или како стварно незнам.
Мешиња, како се справувате со киселини. Јас сум 35та недела и последниве 4 дена умирам од киселини. Ништо не помага. Пробав и гастрогард и сода и ладно млеко и бадеми непечени и кисела вода. Ефект еден саат сум мирна, после како оган да имам во уста. Ужасно е, особено навечер. Не сум спиена воопшто. По цели ноќи си шетам по дома. Ми се плаче.
И јас бев како тебе. Се водев според датата што ја пишуваше на вториот скрининг, 21, но најдов сликичка од првиот пат кога го слушнавме срцето, пишуваше краен термин 19ти и од тогаш по таа дата се водам, а и таа дата е најмеродавна, така ми кажаа овде. Оти после бебето расте, сите бебиња не растат исто и не одговараат со неделите, моето на почетокот беше 1 недела помало, а сега испаѓа дека е 2. Ама ни јас ни сопругот не сме големи, мали сме родени и ние. Така да ако имаш таква сликичка од првиот пат кога го слушнавте срцето и ако има дата според неа се ориентирај.
Јас толку гаден вкус имам во устата аууу нит да повратам нит да ми се згади во средина ми стои како воздух да немам. Полека влегов во светот на трудните
Немам сликичка тогаш не ми даде ама исто бебе беше назад една недела исто како сега. Според менс бев 8+5 а бебе беше 7+5 значи би требало исти термини да се одредат и тогаш. Докторот вели може да ја достигне таа недела дури и да ја помине така да ке се водам според менс.
И јас имав неколку дена киселини,со рупурут ми помогна среќа ми ги снема. Инаку вчера во спиење се разбудив со страшни болки во десната рака,целата утрнета и болна,дури си проплакав од болки. Читав дека тоа е некој синдром што се јавува во второ тромесечје,обично навечер.страдала ли некоја друга од тоа? Болката беше ужас во 6 сабајле ме разбуди.мм ме измасира па малку пушти,до солзи беше работата болна сега не ме боли ама се надевам нема секоја вечер да се мачам
Јас имав таква болка на десната рака уште во рана бременост, поточно непосредно по дознавањето дека сум трудна... се случи само еднаш и не се повтори. Само памтам дека болката беше многу интензивна и дека ме разбуди од сон. Енигма ми остана што беше тоа.
@ludoto19 јас такво тртење шо се вика имав и во половина и на ногата, една недела не можев и да се движам болки до солзи што викаш. После ми се префрли на левата рака на трите прсти и верувај уште не ми е поминато, а сигурно е од второто тромесечие. Мачкај се со Allga San или Ice Power само да биде маст што лади! Јас се мислев да ставам контрапеин, ми рекоа никако.
Значи секој ден нешто ново Дали имате болка не јака туку нелагодност над дупчето над папокот? Имам чувство ко да ме тегне и нелагодно наболнува. И дали имате по некогаш ко пулсирање во анусот.Осеќам и овие 2 дена во вагината ко скокоткање не е нонстоп во денот но присутно и ко стегање внатрешно. Ај ве молам искуство
@ana-banana Малата кај мене од кога почна да претка ја чувствував многу ниско,а читав сите околу папок ги чувствуваат,на следната контрола докторката кажа дека ми се спуштила постелката,на последната уште ниска,цервикс 4 см ама постелката остана ниска и малата ја чувствувам скроз долу и постојано сум во вц. @QueenP Кај мене заостанува 1 недела,докторката рече ќе се раководиме по терминот на последна менструација,па и да го надносам значи не е надносено него покасно зачнато.
@pile30 имам и јас така како "струички" ептен ниско @mal.ecka гледам пишуваш мм секогаш за цервиксот. 4мм е малку, ама 4см е таман
Може така ти е свртено бебето. Доле нозе и претка, горе глава и бутка. Ако не трае подолго време, (ова е релативно) и ако се издржува, валда е ок. Јас имав ден два боцки, нелагодност доле, мислев ќе излезе нешто, отидов на лекар следното сабајле (веќе не ме боцкаше толку) и др рече нозете биле доле...
Јас проблемот го имам на десната нога и десна рака привремено и еве ме држи 15дена одприлика и само со магнезиум регулирам 10дена дупла доза ми рекоа после пак по 1 си продолжив има олеснување ама не е целосно :/ испитав д-димери и хематоза за секој случај ама нерв е 100% ќе ни помини :/
A ova moeto so e ?!Ko so bric da me secat na levata noga.I osekam ko da mi tece nesto vrelo.A nogata e mraz ladna.Od gore od butot do kolena.Nadolu ne.Nemozam na nea da lezam