Во поголемите маркети има плодови брусница, на Алкалоид мислам дека е. Се варе, малце да отстое и се пие. Многу е убав.
Здраво женскиНоќта на спиење ме мачеше мускулот на левата рака скока и денеска цел ден.Денес го прошетав пола Скопје пешки.Отидов кај моите на сестра ми и ги истресов од ќебе од прозор двата телефони парце ги направив Жими мајка не ги видов дека беа на ќебе,греотка а нови се неколку месеци.Потоа отидов да прашам дали може да се поправат едниот нема поправка,другиот скапо многу за поправка пак се исплаќа нов телефон да купи.Па да купам подарок за тетка ми.Отидов во Буњаковец да купам нешто во бутик за трудници за мене имаат убави работи ама и цените соленки,купив кошула,хеланки и блуза.Потоа отидов до гинеколог за ПРИСКА тест да ми ги види резултатите,одлични се .И во ова наше Скопје да се немало такси слободно,многу пати звонев ајде да се излажам дека сигурно има слободно,ама ништо и јас убаво си отидов пешки до кај моите...нозете како на патка ми се уффф...како сам пошла,тако сам и дошла
Брусницата сушена или свежа?свежа каде има во Скопје? И да ве прашам јас си земав аронија,арно ама начитав дека не смеело во бременост, па сега не знам... Знам дека е многу здрава па ја конзумирате ли вие? Задутре сум на преглед, едвај чекам да видам малово шо работе, не сме се виделе цел месец Убава ноќ мешиња, се надевам јас вечер нема да си имам мака со ракава
Стaвaм вo смути aрoнијa бaш е дoбрa зa крвтa не знaм зoштo не би смеелo вo бременoст Бебе си е супер дoсегa, тaкa дa јaди си без гaјле
Станав од "спиење",ако воопшто можам да кажам дека имам спиено Нозете поточно мускулите долу потечени ко да имам трчано,а што ме болат Btw Добро утро
Аронијата е добра за крвта и ја јадам, не толку често ама пак консумирам прв пат слушам дека нечинело во бременост..
Jas go trgnav toa "NE SMEES".Ako sme bremeni ne sme bolni.Se znae kolku moze da izede normalen covek.Nemozes kilo aronija ili kilo brusnica ili itn.I mene me zamaraa na pocetok toa ne smees ova ne smees,toa ne trebalo ona ne trebalo.Abe aj.Sea si teram.Samo znam da im kazam "kade pisuva".I zamolcuvaat.Se so mi e ubavo i mi prija na organizmot si jadam
Аронија пиев секој ден во смути 8 месеци , ми помогна многу за железото . Нема никаква штета само полза не се секирајте толку што смее што не . Јас и кафе си пиев секое сабајле , убаво јако турско иако сите викаат не е убаво , мене ми влијаеше супер со оглед на тоа што ми е низок притисокот . Така да слушајте го вашето тело , само си кажува и уживајте во бременоста . Ве гушкам
Има ли некое меше што ќе оди вечер на предавање во Систина? Јас се пријавив, па ќе видиме како ќе биде. Баш денес предавањето е за здрава исхрана. Иначе мене најмногу ми сметаат коментарите од типот не се залежувај, ајде движи се за полесно да се породиш (од свекрва ми) па од околу колку некои биле лигави и на се пазеле... и најчестото прашање а зошто не одиш на работа? Зашто докторот така ми рече, затоа. (Јас немам на никого кажано за интервенциите што ги правев па сигурно ме сметаат за лигава ) И ќе продолжам повеќе да одмарам, зашто така треба, впрочем секако царски ќе се пораѓам (ама нели никој не знае па си земаат за право да напнуваат). И да, уште од 3ти месец прашањата м или ж, име смисливте? а како ќе се пораѓаш? има лигави си бараат царски...
секаде на нет пишува дека во првото тромесечие не треба да се конзумира бидејки е мн јака.Трудна не трудна аронија повеќе од 5-6 зрна на ден не се јаде.Свекрва ми одлгедува и од човекот од каде го купи дрвцето истото и е кажано.Не е овошје од типот на праска,јаболко па да може да се јаде колку ти душа сака. е сеа знам ке речете шо ме занима шо пишува на нет ама сетете се дека и форумот е нет а прашуваме се и сешто на него и бараме совети
Повеќе од 5,6 зрна аронија не ни можам да изедам и тоа најмногу во смути ги ставав, вака само аронија не можам да јадам, не ми е вкусна. Дали дека е сушена не знам. Свежа немам јадено.
Па добро не сум знаела дека смета во бременоста.. И ја пијам од второ наваму како што кажа 4-5 зрна.. Еднаш во две недели ништо не е тоа
свежа е повкусна.Ама мораш замрзната да ја чуваш и вади насабајле неколку зрна.Малце ја собира устата(незнам дали и сушената е таква)
Таква е. Ја собира устата и е тврда, не се ни блендира убаво и остануваат парчиња во смутито. Свежа немам од каде да набавам. Барав замрзната свежа ама не најдов.