Отспивам по еден саат неможам повеќе. И јас бебе во раце ќе задремам некогаш не бива неотспиен. Ама кога ќе ме погледне со очињата вреди секое неспиење.
Не милa. Нaпиј се бедoксин пред пaтувaње и пoбaрaј лижaвки oд ѓумбир вo aптеките тие се зa децa aмa и трудници ги земaaт зa нa пaт. Секaкo мoже и чaјче oд нaне зa пo пaт или ментoл бoмбoни.
Девојки сега кога отидов во тоалет имав многу светло кафено една капка и на брисење малце. На работа сум се тресам како глушец можно лие да е имплантациско?
Јас имав исто, ми кажаа да прекинам со Аспирин. На ехо ми рекоа застарена крв. Имав на бришење недела дена по малку, ставав Утрогестан од 200, три пати на ден.
Mожеби не е ништо страшно ,ама најубаво одма да си идеш на преглед да не треба утрогестан да користиш случајно .
Повеќето сме го имале тоа... имав и јас еднаш на почетокот, мн малку кафенко и малку на бришење цевенко. Бев на лекар на ехо супер си беше се, но ми дадоа дабростон да пијам. Како и другите совет да се јавиш на гинеколог, сигурна сум дека ке ти рече и да одиш одма... бидејки е петок, најубаво да замолиш да те пуштат од работа и да отидеш.
До Бигорски ќе одиме не е далеку но ми е страв.На венчавка кај кумовите и крштевна на ќеркичка нивна.2ч.преку сила има пат но не сум патувала овие 7 месеци и некако со страв ќе тргнам...па затоа да земам со себе превентивно нешто за по потреба да се напијам нормално што е дозволено ако не ќе терам така...
Се јавив кај докторот ми рече нее ништо опасно ако е светла кафена и темна ако е црвена директно на клиника. Добрастон да се напијам ссега и вечер по две до понеделник три пати на ден и кај него да одам.
Девојки да ви се пожалам многу ми е тешко на работа едвај ги поминувам деновите, немам сили за ништо. Нозете долу кај глуждовите ми отекуваат, главата ме боли ми пука, незнам како ќе издржам до декември . Сакам домче да си седам
Ја прашав пред 2 недели кога имав јаки грчеви во меше рече одмарај сега и кога и кажав дека сум дури на 24.09 рече е добро до тогаш..но сега сум на 21.09 на ехо и пак ќе ја прашам што како...ептен дека кумови ни се иначе не би одела никаде...
Kumovi,svatovi glej si se sebesi na prvo mesto.Pred mesec dena brat mi pravese svadba.Nit po nevesta bev,nit po kum.Svadbata e eden den i ke pomine.Ova ni e na prvo mesto i za cel zivot.Do mene lezi zena,sestra i utre pravi svadba a taa vo bolnica. Toa e
Верувајте се што мислите дека не знаете мајчиниот инстинкт ќе ве насочи. Јас сум(бев) многу голема спанка. Секогаш викав како ќе гледам дете и како ќе го слушам ноќно време. Верувајте уште во бременост се променив. Последно тромесечие воопшто немав толку потреба од спиење. Сега ноќе го слушам на првото кенкање. Мм дури се чуди кога ќе му кажа колку пати сме станувале и цицале ноќно време. За бањањето го бањав јас уште од прв ден. Облакање и менување пелени нема да спомнувам зошто таа лекција ја научив со внуците. Како и да се ќе си дојде на место. За мешање од други и јас сум од оние кои не сакаат мешање. Мајка ми ми готви често, ама кај неа и само си го земаме. Доаѓа на два три дена по еднаш да го види внукот и евентуално да испегла нешто од неговите работи. За се останато имам огромна помош од мм. Буквално за се околу бебо и дома. Ниту мајка ми ниту свекрва ми би сакала да ми се мотаат цело време. Уште помалку што немам намера да им објаснувам за се што е одлука околу грижата за бебето. Едвај ја убедив мајка ми дека нема шетање со бебе во рака. Ми вика малку само. Е малку по малку, секој по малку и така се навикнуваат, па после ние ќе треба да ги држиме нон стоп на раце. Туку ве читам и за јадењето колку се грижите. Верувајте потешкото доаѓа. Кога ќе ви ја кажат листста што потенцијално прави гасови кај бебе допрва нема да знаете што да јадете. Иако препораките од светска здравствена се дека нема забранета храна, само треба со тестирање да се прави елиминацика што му смета а што не, додека да тестирам ќе помине периодот на грчеви, па полесно ми е да не ни јадам додека да пркне. Марфи е активен - само што ќе решам да јадам, се буди и или бара цице или да се гали. Додека да завршам ми се одјадува. Ама се се слатки маки.
Ве читнав преска за вагинален преглед па да ви кажам случка од сабајлево. Не ѝ дадов на докторката да ме прегледа со рака и цела болница ме дозна. Колку ми беше срам не сте свесни, оти сите ме знаат овде. Инаку ме породи сестрата што не сакав да ја сретнам дека малку е строга и да ви кажам да не беше таа немаше да се породам до сега.
Едно прашање... Утре влегувам во 10та недела, ама наеднаш како да ми исчезнаа сите симптоми, не ме болат градите, ми исчезнаа акните, немам толку нагон за мокрење како претходно. На ехо бев пред десетина дена, но имам читано дека недостиг од симптоми на бременост е знак за спонтан?