Искрено само тоа ми спомнува вонматична бременост стравувам да не е... последната менструација ми беше на 10 ти август, и јас точно не знам когај е зачнато. Неделава треба да одам на секои 2 дена додека не види плод, а ако не види ке ме пратела за СК. Ти благодарам многу на советот
Како да ја слушам мојата приказна ме испаничија исто, ама за среќа се беше во ред, не ти е превисока вредноста на бета ХЦГ - нормална е така да иди за 1 недела и ќе треба да се види точка. И кај тебе како кај мене рано е за на ехо, ајде стискам палци, па пиши ни израдувај не.
Мамици втора бременост ми е ама така не се чуствував во првата.. 16 недела сум а осекам притисок како некој да ме бутка, точно на папок и. Под негго.што може да е
Ако е вонматрична бременост нема да расте толку бетата. И во случај на ваква бременост се забележувало течност во матката. Зависи многу и од квалитетот на ехото. Мене докт. ми беше на одмор кога не ми дојде па отидов во универз. клиника (дека не сум мк) и се виде сакусот супер (бев 4+2) и сликичката што ми ја направија беше многу чиста. После два дена отидов кај докторката и она направи слика ама квалитетот не може да се споредува со оваа што ми ја направија на клиника. Она едвај виде нешто, дури беше скептична па ми рече да идам за два дена пак да види и да ми мери бета. После недела дена видовме и срценце Среќно!
Течност во матката имаше, но ми рече дека ми се денови на овалуација, а денеска течност немаше. Многу ме плаши што нон стоп ми зборува за вонматична бременост. Фала на советот
Vo 34+. Malats se rodi 2300 dolga nad 45cm mislam.Ne e vo inkubator samo vo satorce na toplenje,ko kapa edno i sama si dise.Sega ja vidov posle3 dena
@facule пред некој период некој пиша на темата, па знам истажував, мислам од 3до4 cm е убаво да биде. Е сега ако е 4cm ќе можеш послободно да се движиш, а штом е нешто под 3 cm ќе треба повеќе да одмараш и без физичка активноста. Мислам дека немаш некој значителен ризик ако ги почитуваш правилата.
Стевемила ти благодарам за одговорот и ти праќам многу позитивна енергија, информирај не за се што се случува и да знаеш сите сме со тебе
Маци мојава нон стоп ми збори за преграда сега а сите други доктори не го мислат тоа...мое мислење е да не се преоптоваруваш се ќе биде во ред...и секако ако немаш многу доверба постојат и други док...и некогаш и до ехото е колку е квалитетно поздравче Не треба да те плаши ништо ..што треба да си биде ќе биде...мене какви се не стресови ми направија...па реков стоп...зошто да си ја малтретирам душичкава во мене ..никој не дава 100% сигурен одговор за ништо така да верувај ми од едно влегло од друго излегло...не се сите трудници исто ..јас искрено немам никакви очекувања на пороѓајот што даде Господ тоа нека биде...а мајка е херој..секаква болка и тежина трпи...бравос за сите мамички,без разлика..ве гушкам
@C-a-c-u-sh зошто толку рано одиш на лекар и си правиш непотребен стрес? Си направила тест,позитивен е, радувај се и стрпи се до 7 недела,тогаш закажи ехо и ке го видиш бебето и ке чуеш срценце.
Пред две години имав вонматерична и бетата ми беше3053 и малку по малку една недела крварев а потоа повеќе но не многу обилно и бев 5 +5недела по последната менструација .Ме задржаа една недела примав метотраксат инекции не болат, но ме болеше тоа што ми се случи.Појди и на друго мислење и ако Др. Сумља на вонматерична реагирај брзо за да не ти се комплицира плодот во јајоводот па да те третираат оперативно.Не сакам да те плашам но при најмала сумља на вонматерична бременост НЕМА ЧЕКАЊЕ.Извини ако те уплашив ама ти пишувам од искуство Поздрав и се надевам не е вонматерична него нормална.
Дали некоја од вас имала искуство со замотана папочна на вратот на бебето која правела притисок при следење на цтг? Ве молам за искуство
Да ,јас имав искуство. Малата беше два пати замотана околу папочната. Ја следев на ехо редовно ситуацијата и после 10 дена морав порано (34 нед) да се породам,не сакаше никој да ризикува.Добро направив што закажав порано царски,бидејќи ако чекав уште 2 недели (сакав да чекам да влезам барем во 9 мес.) можеше трагично да заврши(така ми рече ДР.Стојчевски што ме породи)
Да првата бременост.. и секој ден и секој втор ден на крај одев на цтг (една недела пред раѓање). Тоновите беа малку исецкани и малку тахикардично беше бебето. Во предродилна, родилна, на бокс цело време се до раѓање бев на цтг. А на сред раѓање прв напон искочи главата и ми рекоа стоп, ја одмотуваа преку глава и после уште еден напон за телцето да искочи Фала богу што се добро заврши, но бебчето ептен намачено ми беше.. видливо на него. Која недела си?
И јас сум кај него. 37 со некој ден сум, д-р сака барем до понеделник со полна 38 да издржиме па да се породиме. Ама јас умирам од стравови, цело време е тахикардична по 2 пати на ден идам на цтг и незнам како ќе биде до понеделник. На твоја иницијатива го закажавте царскиот? 37 со некој ден сум. Д-р сака бар до понеделник со полна 38 недела да ме породи. Идам по 2 пати на ден на цтг, ама бебето е тахикардично и цело време ми викаат да пратам на 2саати дали мрда. Тебе и чудно што природно ти се нафатиле, јас мислам со царски ќе ме пораѓаат