@ludoto19 тоа е linea negra, така ја викаат. Вообичаена појава, речиси кај секоја трудница се појавува, и после бременоста се губи. Ништо страшно, резултат на хиперпигментација. Јас еве немам, а 21-ва недела сум (имам неколку трудници во моето окружување и сите ја имаат освен мене, малку како фрик се чувствувам ) Инаку, сум читала дека кога линијата ќе се искачи до горе на стомакот, тогаш ќе се породиш, ама дали е вистина појма немам Инаку, јас првото тромесечие го поминав само со мачнини, не повраќав воопшто, можам да кажам дека сум една од ретките среќнички. Арно ама, во последно време ми се прислошува до степен што мислам да се наведнам над шолја, ќе повратам Не повраќам, ама некако поголеми мачинини имам и од почетокот, само што не се секој ден, туку можеби еднаш-два пати неделно. Комплицирана била оваа бременоста значи
Јас сум 34+ и сеуште ја немам, ич ич а првата бременост убаво изразена темна до горе... ја прашав матичната и рече лачење на некој хормон од постелката дека било... кај некои повеќе, кај некои помалку, еве кај мене оваа бременост ич
Имаш време, но чим ич ја нема и до сега може и тебе како кај мене нема да се појави Леле бебево лудува во стомак, вакво нешто со првото немам осетено раце, нозе, глава заштрчуваат од време на време
Јас не чекав, бидејќи не ни знаев дека такво нешто постои дури и случајно пред некој ден заприметив,после депилација на мешко се изрази....дали има поврзаност не знам,може од ситните влакнеца не се познавала бидејќи е многу бледа
И мојава беснее, денес особено па, цел ден. Многу ја осеќам, што убаво си клоца, душа Леле, за влакната на стомаков уште си се смеам сама. Си ги приметив пред некое време, онака од горе кога си го гледам стомакот како топче, од него ми штрчат ситни влакненца, ама ко накострешени ми се. Пресмешно ми е, не сум ги имала никогаш порано Имам читано и за тоа, све живо околу бременост имам прочитано Нормално е да се зголеми влакнавоста, на стомак особено, ама после пораѓај све се нормализира. Туку, кога почнавте со купување бебешки работи (оние основните, количка, креветче и сл.)? Знам дека ми е рано, ама да си прашам, пошто сакам убаво да прошетам и разгледам, а како што сум неодлучна, ќе ми треба време
Јас од 7ми месец и со првото и со второво, за второво сум опремена со сите работи (када, релаксатор, количка, креветче) и полека докупувам само женски работи (балетанчиња, бодиња, шпикозни, фустанчиња, венчиња и др ситници) @forumce честитки
Missy980 пулсот на бебето е одличен, смирен немаш причина за загрииженост, а од каде знаеш во таа недела колку е пулсот?
Не знам, читав дека треба да биде околу 170 и ме дрмна паника Башка јас сум 10+5 а на ехото покажува 9+5 и сега сум утепана скроз. Ми рекоа тироидна да проверам и циркулација на Хематологија
Missy980 Сакав да прашам како му го измерија пулсот на бебето во таа недела и се уште мислам дека пулсот му е добар и немаш причина за грижа, ако можеш советувај се и со друг доктор па ќе пишеш