А јас се мислев да не ми е рано за такви болки, колкот го осеќам ако да ми е изместен а кичмата како да е скршена буквално не можам да се движам повеќе од 10 минути,морам или да седнам или да легнам така сум веќе 1 недела. Оф слатки маки ке си трпиме.
Да не те плашам ама кај мене буквално така беше. Живец во стомак, живец надвор. Па и порано излезе. Исто така многу икаше во стомак и откако се роди продолжи да ика откако се роди. Леле бе. Што ти значи мајка.
Мешиња добар ден од пред некој ден ми почнаа киселините и неможам да фатам положба за спиење, ми гори грлово, на крај легнав на три перници за да заспијам . Бебе мислиш на маратон е, лета низ стомак @pile30 како си ти? Беше ли на свадба?
Да да отидов по пат ок ми беше но на венчавката издржав си седев цело време а на крштевката така беше топло внатре 30 души плус и почна да ми се врти и си искочив на воздух и ок ми беше... По пат полека ок се осеќав...3 дена пред да одиме бев на ехо и матичната ми рече можеш да патуваш се е уредно грло ми мереше супер се и бебе и така отидов но како што бев уплашена добро си поминав... Вчера си бев и на преглед на стоматолог супер ми се сите заби чисто се...денес и на трансфузија за 10 мин.завршивме и одмарам сега Ти си лежиш? Што направи инсулин боцкаш ли?
Епа супер штом се било ок, јас си лежам под кебенце а и времево е за лежење во петок сум на контрола па ке видиме до кај е плацентава.
Цел ден ми се лоши, не можам да јадам. Прееска на работа ми се сврти, почнаа рацете да ми се тресат, ама се напив кока кола и подобро ми дојде. Сега мерам притисок 90/53, пулс 90. Мене и онака притисокот ми е низок, 90/60 или 100/70 најчесто, ама сега ме плаши нискиов што е 53. Може да му наштети некако ниски притисок на бебето? Не ми замерувајте. Прва бременост ми е и за се се плашам. Може ми е толку ниски и дека слабо јадев денес. Сега ќе јадам, ќе се напијам кафе па ќе мерам пак.
Високиот може да му наштети нискиот не. Јас под стрес,несакам ништо да пијам а последниве денов сум ептем
Мила и јас бременоста секојдневно ја минам со многу низок притисок 45/80 - 50/90. Пијам кафе, кока кока редовно ама нема разлика .Не може проблем да направи на бебче, разговарав со доктор за ова ...
Фала ви девојки. Јадев и подобро ми е. @mal.ecka напиј се барем бедоксин да се смириш. Дај Боже сѐ да биде во ред.
Добар ден мешиња. Поминаа пет недели од мојот последен преглед на гинеколог па денеска нетрпелива да ја видам бебушка. До ден си одговара за мерките, оти од старт ја поместија две недели назад. 15+2 си е и си го одржува континуирано развитокот на сите органи според новиот термин. Вчера бев и крв да ми земаат, за тироида, па утре ќе знам дали ќе има промена на терапијата. Инаку -1кг. А и како не би кога глава не знам каде ми е од другиве две моми. Повторно настинка на повидок. Големава веќе неколку денови не оди во градинка поради настинка или грип па се плашам и мене пак да не ме фати. Уште тоа ми фали. Убав ден на сите и добредојде на сите нови мешиња
Мешковци, едно прашање: Дали имате искуство со доктор Симеонова на ГАК? Таму ми закажа матичниот за втор скрининг па да соберам некое искуство пред да се одлучам дали таму или во Систина...
Срцки итно ми треба мислење...јас од понеделник сум кај мојата матична ама па во меѓувреме ме фати грлото... сите по дома поткашлуваа па и јас покуса да не останам...ама работата е тоа што најверојатно ми е гнојна ангина...и си знам и од претходно искуства дека качувам доста висока температура и ме фаќа страв бидејќи осекам дека ќе качам симптомите ми се тие..можно ли е да ме заболува доле од тоа и да ме информира некој дали имал исто искуство и што да правам да си олеснам ..лекарства ни под разно не би сакала..ве молам кој може нека ме информира бидејќи се чувствувам утепано буквално... Инаку сум 20та недела и се плашам да не му наштети тоа на бебчето
По мене е да си одиш кај матичната општа,а и да треба антибиотик не е страшно органогенезата е веќе завршена мене во 16 недела ме фати увото па пиев Еритромицин, асекако не е убаво да качиш висока температура па да не се третира со ништо тоа е уште па полошо.
Се исконсултирав јас и со мојата докторка ми рече одма на општ лекар па ако треба и антибиотик...а и свесна сум дека јаката температура ми е маана и дека ако не реагирам на време качувам 40..сега одам кај докторката па дај боже полесно нешто да ми даде ..не сум многу за антибиотик баш сега ама ако морам
Јас сум 26 недела и минатата недела бев со болно грло и кашлање јако еве уште си кашлам ..како превенција за температура пиев 3 дена парацетамол , земав прополис капки 10 % раствор и капнував по неколку капки 2-3 пати на дена на грлото а за кашлицата пиев мукоплант сируп на др.тајс . Пиев камилица чај цеден лимон чист и како лимонада . Мене ми рекоа ако се влоши состојбата дека ке ми дадат антибиотик цефалексин ама среќа истуркав така . Не се секирај има антибиотици кои смееш да ги пиеш .
Paracetamol ne se pie za prevencija za pokacena tt. Isto kako i sekoj drug lek. Go pieme dokolku sme bolni t.e imame potreba od istiot.
Па и да не си пиела може нема да си качела. Еве мртва болна сум, освен чај, мед, супа, лимони, вит ц ништо друго не пијам... после и прополис само ке земам и тоа детски, дека малку ме гребе и грло. На децава мали до 38.5 не им се дава кога се болни, исто и со нас... јас на мала температура не би пиела, а па ако немам температура ич не би пиела, превентивно не. Првата бременост пиев, ама имав до 39 температура во 8ми месец...