ајде да ви се пофалам... по 2 г и 4 м близначки, родени со инвитро оплодување, мислејки дека не е можно да останам бремена природно, шок ми доцнеше една недела, направив тест чисто за да сум сигурна дека не сум бремена и да одам на гинеколог да испита зошто ми доцни, и одма 2 црти... пола саат го гледав тестот отидов само да ми потврдат бременост уште сум во шок, како ке се справам со овие две дома кога ке дојде бебето... ми рекоа за 2 нед ке има срцева акција, кога ја слушнавте вие? за првите заборавив, дека бев со инвитро и постојано бев на прегледи, сеганемам намера тоа да го правам, а немам ни време... од апчиња пијам само фолна, минатиот пат пиев прегменси кеар од зегин, не се секавам исто од која недела се пиеја... по моја пресметка сум 7 недела, последен циклус имав на 18 август...
@volsebna а баш мислев кај те снема од фемина честитки, со лесно да ја поминуваш бременоста. Фолната обично до 12 се пие, па потоа пренатални витамини, а срце од 6 недела натаму, зависи кога е зачнато.
Сега на 1 октомври точно две години од пеколниот ден и на две годишнината господ ми прати две. Господ мил само.
хехехе... немав време, некако само на фб останав, многу групи отворија и стварно некако се оддалечив од фемина... ама подобра е од фб, оти таму сите те читаат и те оговараат, а тука барем незнаат која си taman помислив дека малку од малку ми потпораснаа и ке имам повеке време, оп назад... ем се радувам, ем ми се плаче леле...честитки !!! имам близначки, малку е напорно, ама се исплаќа... сега се веке 2 г и 4 м и си играат, си прават муабет, комотно можеш да си работиш по дома што сакаш, само да ги научиш да си раскреваат по нив туку јас како ке сум со + уште едно... уште не ми се верува еј со лесно бременоста, јас се поправив со двете само 11 кг, се породив 36 + 5... ако ти треба совет прашувај
@volsebna убава разлика ќе се, девојчињата ќе се посамостојни, ама тоа што велиш се од почеток сега ќе поминуваш само за убаво да е, ќе пораснат брзо.
Најубавиот пост што го прочитав денес честитки Моник дај Боже двете да си растат и да се родат живи и здрави ,а ти да имаш најубава и нај лесна бременост
Честитки и овде Господ да ве варди и чува до крај . Преубава вест од срце се израдував ти посакувам школска бременост. Господ е голем само треба малку верба и сите еден ден ке бидеме мајки. Те гушкам најсилно и погали го мешко од тета Вале
@volsebna честитки, ајде дадите ќе ти помагаат. 36+5 колку се родија и дали беа во инкубатор. Јас исто чекам близнаци 35+5 сум
Честитки мајка да имаш лесна и најубава бременост ,не се секирај и јас се плашам така како тебе мала разлика ќе ми бидат децата ,ама кога сакало да биде ,ете ќе биде и јас ќе имам 3 -то бебенце здравје во април ,самата ситуација т.е самото доаѓање на нов член ќе направи да ги средуваме работите полесно и да се снајдеме ,сепак ние сме мајки сите ,а мајките секогаш се нај снаодливи жени со изучено и докторирано многу факултети со различни струки но ,со усни дипломи