@monik55 ме прерадува вака сабајлечки, колку прекрасна вест! Прекрасна, попрекрасна не може да биде, дупла среќичка! Со лесно и со убаво да оди се' Честитки мамичке!
Женчиња ви благодарам многу јас сум во грч уште и несум свесна што се случува. Сега следува прегледот за 10 дена и да видиме како растат. Двете баби ми се близначки и или јас или сестра ми мораше една да се облизни,мене ми била среќата. На првиот преглед едвај се гледаше точката дури од памет ме вадеа а тогаш сум била 2 недела сигурно и докторот ми вика еве има и еден огромен залутан фоликул и фактички тој фолукул станал сакус. @volsebna И ти си чудо срцки еј Честитки и јако песна да ти биде бременоста дадите да добијат батко Мм има уплав да не се две женски
Ај бе Мони, дупла радост, две гркинчиња Во мај значи со дупли колички ќе шеташ, со лесно и најубаво да се тркалаш
Check in Ова второ тромесечие го обожавам. Нека е жртвата за проблеми со спиење и болки во кичма- нога ама по неколку месеци лежење не можам да се нарадувам дека сум подвижна Немам поима уште колку ќе трае оваа среќа и задоволство, ама дефинитивно со полни гради го вдишувам надворешниот воздух. Кога одам по улица, најсреќна ме прават миризбите Скоро се ме прави среќна. Мирис од оган, од автомобили, од пресно сечени дрвја, од малтер, од прашина Се чуствувам како мини идиотче радувајќи се на овие работи ама сериозно, мора да ги уживам целосно, мора секоја прилика да се користи Поздрав и имајте убав викенд
@monik55 честитки од срце.Господ е голем ти даде искушение ама сега те наградува со две бебчиња.Имај лесна бременост а после полни две раце со бебчиња.Многу се радувам за тебе.
Полудев јас - уживам во мирис од издувни гасови. Порано никогаш не паркирав во подрум на с.мол бидејќи ми смрди, а сега ми се оди И алкохолчето кога боцкам клексан - мелем на душа како ми мириса! До пред 2 недели вакво нешто не ми пријаше, сега
да јас прво се анализирав, дали сум сигурна дека ова ми се случува ама се утешив, велам што и да е, кога е на убаво а не ме тера на плачки и љутење, добро е на моменти си помислувам да не носам мешачи на малтер не дека имам нешто против мешачи на малтер, ама уште од утробата на мама ли имаат толкава желба за малтер
@monik55. Дупла среќа милааа радувај се и гали мешее.. Со лесно да ти е цела бременост.. Мешковци мене ме загрижува имам многу исцедок секое сабајле кога станувам ми потечува како водичка 38 недела сум пред 5 дена бев на контрола имаше доволно плодова вода.. Искуство некоја да сподели дали да тркнам до болница или нормално е.. Страв ми е да не е плодова вода
Саботно здраво на сите! Се надевам сонцето добро ви доаѓа. Јас изгледа ќе го прележам убавиот ден, грлото ми е Сакав да ве прашам за ѓумбирот? Едни викаат може, други не. Има ли некој да пиел чај од свеж ѓумбир во бременост? За лимони, супи и чаеви си знам. Мислам дека може и прополис?! Додека ми пушти грлово ќе си ќутам
Читам и се топам, ми се рсстрепери душава, се расплакав од среќа!!!! @monik55 мила Ве гушкам сите женички со три срца
Добро е Јас денес сум слободна и наместо да лежам да одмарам јас ја откорнав собава од чистење и сега имам болки Ама многу беше прлјаво и алиштата се преуредив. Кога и кажав на мајка ми ми се развика и рече за 5 мин да се нацртам кај нив.
Јас обавезно пијам чај од ѓумбир кога ме боли грло, незнам зошто не би смеело, го препорачуваат и за повраќање во бременост.
Како сте денес ? Јас утепана ,пукната за спиење ,очи ме болат од внатрешна страна и тоа ужасно ,суви ги осеќам и ми се лепат за спиење ,а за глава да не зборам Саботен - работен ден за мене , алишта 3 машини од сабајле ,има ветер силен и сонце за час ќе ми исуши се , ноќеска во 21:30 пружив надвор сабајле ги собрав суви од ветерот Симптоми немам веќе ,се ми се јаде ,посебно салати и мрсно месо Момичка и Кукла како што спомнаа мириси ги привлекуваат ,а мене срам ми беше да кажам колку само уживам да мирисам бензин ,нови кондури ,лепакот охо (жолтиот децата во школо што го користат) а највеќе и лак за нокти како и ацетонот Премногу сум нестрплива до 23 октомври за следен преглед и воедно ќе биде и првиот скрининг и брисеви ,туто-комплето можам да замислам колкава разлика ќе има ,бидејќи го видов бебе на 8 недели ,а на 23 ќе има 13 полни н дели Осеќам и знам дека носам машко ,така интуиција ми кажува ,ама пуста желба за женско ме тера се за женско да разгледувам колички креветчиња и алиштиња но , никогаш не се знае на натпревар се интуицијата и желбата па ќе видиме која ќе победи сепак какво и да е не е толку битно ,колку што е нај битно да се роди живо и здраво . Се распишував јас ,ајде идам на спиење имајте убав ден