Купив чај од брусница, а чајов испадна дека има само 20% плод од брусница! Добро што воопшто се сетив да го проверам ова. Состав: 20% плод од брусница 28% хибискус 25% плод од шипка 15% цвет од бозел 12% сладок анасон За брусницата знам, ама ова останатово дозволено ли е во бременоста? Ако знае некој нека пише, за да знам дали да продолжам да го пијам чајов или да го баталам? Битно на кутијата си пишува овошен чај БРУСНИЦА!
За брусница имам слушнато дека во рана бременост не била препорачлива како чај, ама јас си јадев свежа. Јас ги проверив сите чаеви кои се од брусница и прочитав дека во секој има хибискус, а тој не е препорачлив, бидејќи може да предизвика контракции на матката. Еве ти праќам линк па можеш да прочиташ http://demetra.rs/index.php?option=com_ ... &Itemid=78
Јас имам слушнато посигурно да не се експериментира со чаевите во рана бременост, баш со никаков чај. Имаат етерични состојки, а тие не се пожелни во првите месеци од бременост. Земај си свежа брусница, аронија, по неколку зрнца 7-10 доста се.
Чај од брусница ми препорача гинекологот, затоа и пиев. Ќе го баталам чајов дефинитивно, подобро ќе си купам свежа брусница. Барем знам дека ќе внесувам 100% брусница, а не вака.
А зошто сакаш брусница, за крвта ли нешто или онака превентивно? Пробај аронија, има замрзната на пазар (конкретно на зелено пазарче кај што се продава суво овошје, кикирики, бадеми, ова-она). Многу добар антиоксидант е, само има јака количина на вит.Ц, ама не би требало тоа да претставува некаков проблем. Сепак убаво прашај си.
Кога ги однесов резултатите од крвта и урината ми кажа дека е се во ред. Закажавме контрола во втората половина на август и на одење ми рече да пијам чај од брусница. Не верувам дека чајов има некаква врска со резултатите (кои ми се добри) но веројатно е корисен па затоа и ми го спомна. Денеска (по 5 дена пиење чај) кога го видов составот се разочарав. Мислев купувам чај од брусница, а јас всушност купив микс во кутија на која пишува БРУСНИЦА. Кога веќе е корисна и ми е потребна, барем свежа ќе ја јадам. Чаеви и онака не сакам, поготово не во лето. Како да слушнав некаде дека е 400 денари/кг. зарем?
Мене докторката ми рече да пијам увин чај. Што знам. Тој и онака ми е тешко да го пијам а не па сега. А и не знам баш зошто ми рече. И не го пијам. Мислам дека е премногу тежок и јак. Не знам дали е добар за трудни жени
Увинот е добар да го пијат сите, не е воопшто јак. Пиј го бидејќи може да ти помогне во чистење на организмот од бактерии, мочните канали, кај нас жените се е покомплицирано Може видела малку покачени вредности во мокрача па за да не те плаши ти препоралчала да пиеш чај, може не е за лекови дојдено. Исто може да пиеш и чај од брусница, ги има истите дејства како и увиниот, ете тој не е лош Но не ги мешај, пиј го едниот или другиот 500 денари е кило, бар во Ѓорче на пазар и на Зелен пазар исто, но има многу, јас поминувам цела недела со 100 грама, си ја грицкам наместо апетисани. Можеш да ја пиеш и ладна, ги има истите дејства, свари си две полни лажици во пола литар вода и нека стои цели време плодот во неа, дури и откако ќе се олади во фризидер стави ја сосе брусница, додај ако сакаш шеќер и пиј го како сокче.
Женски, како се осеќате деновиве? Јас немам никаков проблем ни со големина, ни со тежина, ни со апетит, ни со топлото надвор, абе исто ко да не сум трудна Само навечер имам проблем со препотување и врели ама буквално врели стапала. Си држам едно легенче со ладна вода до креветот и во текот на вечерта кога се будам ги ставам нозете внатре и уффффф ме смирува во рок од секунда.
Ти завидувам. Многу!!! Жештинава ме онеспособува, буквално. Никогаш не помислив дека ќе дојде денот кога ќе сакам зима повеќе од лето. На 50 стпени не сум се жалела ама ова А да не ти кажам болки. Почнаа во грбот, кај ребрата сега е редовно нешто. А од вчера можам да се пофалам дека зглобовите ужасно ме болат. Нозете отечени, од мм едни апостолки почнав да носам. Навечер поминувам со најмалку 2 туширања. И морам да се молам за да можам да заспијам. уф, се испожалив ама ако не тука-каде? никој друг нема да ме разбере.
на алкалоид побарај 60% има брусница, шипка и цвет од диво јаболко. не е штетен доколку пиеш по 1 на ден да не претеруваш.јас цела бременост го пијам.и не е филтер ќесички туку плодови од сушена брусница
ми најдоа бактерија во мокрача и морам да го пијам.ми се згади првиот пат.но сега во водата додавам јана арома од боровница околу 2 голтки и увиниот.ладна водата и морам да признаам дека дури и освежува така се трпи.инаку увин во гранули купив.да не ти покажало во мокрача нешто штом ти рекла да пиеш.инаку не е штетен не се секирај
Против отоци обиди се да намалиш сол. Мене во текот на бременоста до сега само еднаш ми отекоа нозете и тогаш ми текнува на тој ден дека многу солено имав јадено. Сега регулирам сол и никаков оток немам нигде, ни нозе ни раце. И кога легнуваш да одмараш дигај ги нозете на перница. А за другото не знам како да ти помогнам за болките, можеби почест одмор е лекот..?
А дали јадеш месо? Јас кога бев бремена многу ми отекуваа нозете и узасно ме болеа ,гинекологот ме посоветува да јадам повеќе месо ,небитно какво Пробај ,може и тебе ќе ти помогне
добар ден труднички добри ли сте? јас денес бев на гинеколог и си го видов малото срценце ммм толку беше малечко и си чукаше иначе имам мали вртоглавици и гадење и еден куп полно садови за миење ова сиптомите на ецепереца
Хеллоооу Како сте `? Денес еве ме мене подобро сум, секое утро пред да станам од кревет си јадам една коцка Чоколадце и така подобро ми е, после мноооогу вода и овошје и го терам денот !! Исто и мене кујната садови , тави ...ама на крај на денот мм средува се ! Па јас цел ден со другово дете се расправам , се Чуваме цел двете А искрено навеЧер најЧесто ми е тешко , ми се гади ...го мразам тој дел од денот Инаку ние во вторник идеме на прв преглед едвај Чекам Имате убав ден еве нешто за освежување Спојлер
добар ден мамички и јас да ви кажам дека многу се плашам преги на гаките ми капна бело прање ама темно жолто или кафенкасто збунета сум.. сакав да одам на приватен гинеколог да ме гледа на ехо да ми каже дека е се во ред со моето бебе ама не отидов бидејки у вторникот бев,, и сега душата ќе ми пукне до понеделник додека да излезат резултатите од брисевите и да одам кај мојот лекар... а и на работа не отидов од шо не ми се оди и многу жешко........ ох бре Само да биде се во ред со моето бебенце го молам БОга многу се плашам од тоа бело прање
не се секирај толку,ако нема лос мирис не е нисто страсно,еве и јас имам бело прање и сега Чекам да дојде понеделник имам заказано па да видам сто ке ми казе докторката,инаку пробај свари си Чај од камилица олади го малку и измивај се со него поЧесто се надевам ке ти помогне малку
Ете јас денес прв пат отидов на лекар. Сабајле дуваше ветар, а мене ми беше жешко. Ова хормониве чудна работа. Знаете како ми ја потврдија бременоста? Со тестот од дома што и го однесов, го гледа и ми вика трудна си, честитам (Однесов тест зашто докторката што се чувме на телефон ми рече така). Ми измери само притисок, ме качи на вага, ми измери висина, и ме праша дали пијам фолна, и реков да, и толку Сега ме префрлаат со понатамошни прегледи кај акушерка во болница, ќе чекам неделава да ми испратат писмо кога да дојдам на прво ехо. Овде инаку прво ехо е 11 недела, ама мене порано зашто имав претходно спонтан. Кога и спомнав дали има потреба превентивно да ставам утрогестан, рече дека овде одаааамнаааа се прекинало со ставање вагиналети Кога ќе одам во болница, таму ќе ми направеле и комплетна крвна слика и проверка на мокрача. Па со Господ напред П.С. А да, и ова уште. Кога и реков за шеќер што сум си мерела и колку ми испаднало, ми се насмеја и ми вика „е што си мерела шеќер кога не си дијабетичар„ И толку, ни добро е, ни високо е, дали и самата имаше поима кој знае Ај ќе видиме после со крвната слика.