Јас уште од почетокот си замислував како си одиме со мм и со бебче дома и му викам на мм "ете и ние успеавме". Таа мисла и слика ми дава некој внатрешен мир.
Ејј од кога не сум ви пишала... Некако заборавам дека сум трудна и дури и на темава заборавам. Засега животот ми се врти околу ќерето и обврските со неа, па ова кутрово мало во меше го подзаборавам. Ама па и оно толку ретко ме клоцка што стварно заборавам дека сум трудна. Си знам дека за некој месец нема да биде така, и те како главна ќе биде новородената ми ќерка, па ете еуфорија ме фати моментална и нестрплива сум да ја видам. Каква ќе биде??? Синоока? Русокоса? Буцка? Големата дадичка е таква па се си мислам дека ќе си личат двете сестрички. МА каква и да е,сигурно многу убава ќе е. Пред некој ден и ММ за првпат ја осети малата како мрда, начека момент баш кога беше размрдана и имаше среќа да ја почувствува и тој, макар не се споредува ова на рака осетено и во меше осетено. Ние мајките секако сме во предност. Да не заборавам да посакам добредојде на новите трудници, ви посакувам лесна бременост и после 9 месеци слатки бебиња. Убав ви ден, галете мешковци!
Добар ден и од мене кикирики И јас ко снегулче заборавам дека сум со мешко некогаш Вака така уште малку имаме,денес 33 недели Со алиштенца се снабдивме,уште свеки да прати шо купиле и ке перам Количка,транспортер и релаксатор имаме од кере,со креветче една пријателка ме снабди Уште поголема комода за алиштата и ситници како флаши и цуцли,останатите работи ги имам Од козметика само шампонче од веледа и кремче за газе,ништо повеќе Како се ближи крајот се повеќе размислувам како ли ке го оставам детето дури сум во болница,што ако ме фатат болки а мм е на работа? Милион прашања и си стварам само непотребен стрес и нервози Знам кога ке дојде време само од себе ке се среди се....мајка Со лесно на новите мешиња и ви посакувам школска бременост
Јас колку имам за перење и пеглање 36+ сум, уште не сум спремна со се, немам купено пелени, немам купено улошки за мене, шишиња за бебушка... си викам има време, има време и ред други ситни работи... исто и дома не ми е спремно за бебе Не перам зашто денес, утре, денес утре со мм само се токмиме да одиме по фиокар, немам кај да сместам алишта Инаку стомакот ми е некако спуштен многу, не една... две раце можев сабајлево да ставам, се стутка малава отиде некаде доле Неколку дена имам болки некои, како стегање, влечење, боцкање доле... и мешето ми е камен во моментот, полека се спрема матката ваљда, не ми текнува со синчето да имав такви болки... Сабајлево како што трчам во вц за мала нужда, така трчав за голема Одам да раскренам низ дома, вода нема цело сабајле и машина за алишта и машина за садови ми се на пауза... Па може ке излезам со синко, убаво е денес надвор Убав ден мешковци
да си побарам од администраторите да ми сменат ник во Кикирика Зезајте се, немам гајле, и мене ми е смешно Да, ми требаше некое време и вистински одговор за да разберам што сум рекла, ама што е тука тука е Инаку проблемите со кикиритката се биле почетни симптоми за кандита. Денес сум скоро сигурна. Туку @mariz како се викаше таа скапата течност за одмивање што ти ја дадоа во Грција? 20 недела примав вагиналетки Gyno Daktarin, потоа на мокрача беше чисто. Сепак не поминаа ни 3 цели недели, пак од ново Сигурно правам некоја глупа грешка или имунитетот ми е чиста нула.
Аии заборавив Толку ми е паметот... ecovag беа вагиналетите, а течноста незнам... ке побарам после што сум праќала на фб... Инаку не беше скапа.. вагиналетките беа
Mene Trajkovski togas mi preporaca Gentiana Violet.Violetova tecnost za odmivanje.Mnogu pomagala.Bezbedna e duri i za bebinja.Pisi mu bas
Се консултира ли со Доктор момиче за тие симптоми? Јас дури после 16ти сум кај матичната за брисеви тогаш ќе сум 32ра.а наредна недела сум кај Димчев... Ме замисли малце...А немам никакво чешање Кога се прават вагиналните брисеви по 30та недела? Поточно кога? Која недела?
Добар ден мешиња ехе,многу трудници, нека им е лесно на сите јас денес официјално 19та недела си ја почнав и можам да кажам дека мешко убаво почнува да се познава.секоњ утро како станувам се поголемко,па си викам аман бе се дебелеам ли од бременост ли е
@pile30 утрово ми се појави чешање. Не е дека останав на симптомите од вчера. Затоа сум сигурна дека се врати. Плус утрово чуствував повторно притисок на мочниот меур. Немој да влегуваш во грижа заради мене, јас си се вратив на првобитните симптоми. Не останав само на чудната тапа болка. @stevemila ти благодарам
Mariз јас и ти сме скоро исто и јас сум 36 одиш ли на цтг јас веќе два пати бев и оваа недела пак ќе одам, страф ме фаќа како се ближи крајот, а бебево во стомакот е многу активно како е кај другите во оваа недела? Споделете мајки
@Bebulleee @fana @Среќичка значи зборот ми е дека јас 32+ ќе бидам кога ќе идам кај матичната па ке каже таа кога...значи нема да каснам имам време зошто ми се појавува еве ко мускулна болка во вагината и само при мокрење осеќам 3-4 дена па ја нема една недела па пак...издржливо е не боли јако но непријатно ми е...Грлото ми беше 38мм пред 2недели... И при легни/стани и лево/десно кога се поместувам осеќам лево и десно кај препоните ко да сум пешачела со километри и воспаление на мускули сум фатила е таква тупа болка имам...