Здраво @Bojana 123 Кај мене пулсот минатата недела (тогаш бев 34+) на прво цтг одеше до 160, но многу беше размрдано бебето тоа време. За што точно си загрижена, како беше кај тебе пулсот?
Денесбев на цтг и пулсот на бебето беше од 160 до180 мислам дека е забрзан а докторот на тоа не обрнува внимание. Знае дека сум паничарка, па може затоа. Кога ќе ме стават на цтг некако се вознемирувам ме фаќа страв и не знам дали ако мене ми е пулсот од 90 до 100 и на бебето ќе му биде забрзан.ве молам за одговор, мислам дека и mariз имаше забрзан пулс па ако може и она да се вклучи
Девојки со апетитот како стоите? Јас 18+ сум и воопшто немам апетит. И претходно не јадев многу ама сега ми е жал за бебето.
Срцки ајде совети ве молам две дилеми ме мачат... Правев крвна група и сум нулта негатив...мажми е исто...треба ли да примам инекција или како иде тоа? Згора на тоа 20недела сум и два дена денеска на прегледот докторот што ме прегледа ми кажа цервикс 27мм ..си го чувствувам јас ниско...и си имам притисоци доле..дај кажувајте мислења ..се уплашив малку
Морам да го споделам ова барем со вас зашто чуствувам дека ке ми пукне срцето од мака.Сопругот мој за неколку дена заминува на работа во странство и нема да биде присутен 4 месеци, ке го пропушти раѓањето на синчето. Бидејки сме во тешка финансиска ситуација го подржав да оди ама умирам од мака,плачам скришно да не му правам стрес се грижам и за бебето да не му биде нешто бидејки сум очајна.Јас од секогаш сум имала цврст карактер ама сега дали од бременоста сум преосетлива.До сега се немаме раздвојувано и просто незнам како ке функционирам.Моите не ми оставаат простор да се искажам,демек супер е што се укажа прилика да оди и јас не треба да се занесувам, а и се воздржувам заради него бидејки и него му е претешко.Сега сум 28 недела дури за Нова година ми е терминот,ме водат на патолошко боледување и не одам на работа што значи дека ке останам скроз сама.Размислувам да се вратам на работа ама ми е страв да не искомплицирам нешто со бебето бидејки патувам.Кога ке замислам дека ке дојде дури после 4 месеци и дека ке биде тука само 2 недели срцето ме боли.Тој многу сака деца и бебево го чекаме со душа а сега буквално првата година ќе ја пропушти,колку што ми е мака за мене уште сто пати ми е потешко за него бидејки знам дека и на него му се кине душата.Мн ми е депресивен постов извинете ама почуствував потреба да споделам со вас...
Добро вечер девојки. Јас мака мачам со урината, константно ми појавува високи леукоцити а на уринокултура ништо нема. Последно ( вчера ) леукоцити 35. Утре чекам уринокултурата што ќе покаже. Вака немам никакви тегоби. Којзнае што ќе излезе на крај
Денес бевме на 4д, 21 недела сум фала богуу се е супер со бебушот но ме загрижува само една работа докторот кажа дека папочната врца му е околу врат ваше мислења и искуства околу ова??? Минатиот месец јас го имав истиот проблем, пијав константно чај од брусница и јадев урми. Па на контролата се беше океј
а за урмите викаат го омекнувале грлото на матката или не.....јас ги обожавам ама ради тоа престанав да ги јадам во бременост. Чај од брусница почнав да пијам веќе од денес
не треба да примиш инекција чим двајцата сте негатив, во однос на цервиксот дали ти даде прогестеронска терапија и препорака за мирување...бидејки за овие недели доста е краток.
Кај мене во прва бременост беше над 160 на цтг секогаш пулсот, но не рекоа дека е страшно... а и јас имав цело време пулс 100-140. Оваа бременост имав тахикардии, но ретки беа и сега се смирија, знам да имам ама ретко... (обично ако не ми е ок притисокот тогаш и срцето ми лудува). Утре сум на цтг и ке ти пишам како е во 36+ пулсот на бебето...
Срцко си примам јас терапија уште од почетокот на бременоста не ми ја прекинале воопшто...бев запрепастена како може да е толку до сега првпат ми го мерат цервиксот,препорака за мирување и буквално само станување за до вц..се уплашив многу
И јас имав покачени леукоцити во мокрача. Пиј по два лита чај дневно од брусница и за еден месецна контрола во урината нема да имаш леукоцити. Барем кај мене беше така, и оттогаш јас престанав да пијам чај бидејќи ми се смачи од него а незнам дали треба да продолжам уште да пијам. Совет од некоја феминка Mariz многу ти благодарам на одговорот, но сакам да те прашам ја знаеш ли причината за забрзан пулс кај тебе, дали е од органска или психичка природа и дали во оваа бременост беше на кардиолог, како ја смируваш тахикардијата, и на крај дали кај тебе има страв кога правиш цтг. Се си мислам да не му наштетам нешто на бебушов. Извини што многу прашања ти поставувам се надевам нема да ти е тешко да одговориш
Тешкo ќе биде мнoгу aмa мoрa дa свaтиш тoa е зa дoбрoтo нa бебетo и ќе се издржи. Oсетливa си oд хoрмoните инaку. Пoдoбрo не oди нa рaбoтa не ризикувaј.
Воопшто не се вознемирувај, не мора да имаш апетит.Бебето црпи од тебе колку што му е потребно,а тоа е малку но за него доволно
Мене прв пат во 16та недела ми мереа, ме плашеа на почетокот дека може да ми се скрати побрзо од вообичаено бидејќи сум со конизација, па ете секогаш беше со нормална должина и еве ме во 9ти месец влегов.
Немам врска ни јас маци ама денес ме изненадија....а го сакам бебчево највеќе од се...господ нека не чува
Мешенца што да зимам да пијам ова ретко ми се случува немам ништо ново внесувано во исхраната ,си јадев нај нормално денес , пред да си легнам почна срцето како во шуплина да ми отчукува , како да одскокнува и се убрзува онака како во грло , поточно пролапс и такихардија во исто време , и наеднаш имав гасови и болки во стомак и желудник ,отидов во wc се исцедив од течна столица и гасови во исто врме (одвратно е знам извинете ) сеуште срцето така ми чука ,незнам дали смеам да закажам за кардиолог дека бремена сега се плашам од вакви срања што од нигде некаде никнуваат Ептен е касно знам извинете само дајте совет што да пијам или јадам грдо е ова