и јас имав мака со утрогестанот и почнав да го пијам место да го ставам. Прашај си доктор ако ти прави проблем да почнеш и ти да го пиеш.
И мене матичниот ми рече проток има се е ок бебето е здраво ич да немаш гајле ама на ГАК завчера ме распаметија, си прават фаци коментираат во завиена форма меѓу себе и се извадив од памет.
31 е тоа. Од старт ли го водат по недели точно, или како покасно зачнато малку напред/назад? Знам како ти е. И јас од памет се извадив, и тука имам пишувано. Ама се случува често едноставно некој орган да е напред/назад. Прави си ги редовно контролите и ќе биде во ред.
Мислам да не се грижиш @spirkovski се дур си под редовен надзор на доктор. Веќе ти пишаа и искуства. Ако не се лажам и @eli25 има пишувано за ова. Едноставно ехото не е најпрецизно - зависи како ќе ги фати почетните/крајните точки докткорот. Битно е дали мерењето го правел ист доктор - секој си има свој фат.
јас мила до сега не сум имала мачнина од ништо јадам како слон. Еве сега 24 недела ми почнуваат киселините и сега мачам мака што да пијам да помогне. Ама утрогестанот до 12-13 недела само го пиев.
@spirkovski кај мене беше така со ноџињата после со стомачето. освен протеинска храна бидејќи примав клексани трансфузиологот ми рече да следам секоја недела за да ако е така ми даде по 2 клексана. Др. рече дека до 2 нед се толерира-сепак прашај и кај тебе зошто сепак имате 2 нед размак. клексани примаш? ако не, испитај хемостаза. Но, на крај излезе генетска конституција. Ноџињата долги на тато , главчето тесно на мама, стомачето манекенско. Исто, овие разлики може да се рез на непрецизно мерење. Димчев ми објаснуваше пр за стомачето- на мерење го свиткал со коленцето и оп одма поголемо искача кругчето. Исто битно е како ќе наместат да измерат. мала непрецизност одма др димензии. почекај некој ден и појди пак. Знам дека ти е мисла си знам по мене.
Добро утро мешковци Госпожава од сабајле ме утепа, кафе се напив и почна да беснее Сакав да прашам нешто, може е глупаво, ми беше срам на контрола да прашам Некогаш, еве и сега во моментов, осеќам ритмички удари/треперења. Можно ли е да ја осеќам дека ика? Си мислам да не е рано (24 недела сум) и да не се филмам, ама од што може така во ритам да мрда едно минута-две па престанува? Како да чука срце, ама не верувам дека е можно да и го слушнам срценцето, барем не толку јасно. Кога мрда со раце/нозе, мава посилно и не е ритмички, така што тогаш знам дека си претка внатре, ама ова ритмичково што е? Како падната од Марс сум, ама срам ми беше да прашам на гинеколог, викам ај тука Инаку, честитки на сите нови мешиња, и сакам да ви кажам на сите вас што се грижите, верувајте дека се ќе биде добро. Се' се издржува, се' поминува, вреди да се жртвуваме за нашите најмили неколку месеци. Само верба, без паника, следење на советите од докторите и се' ќе биде во ред
Мешиња како сте? Ние веќе сме многу силни маваме удираме и стомакот го поместуваме ко ќе претниме. Aктивни сме многу што и самата се чудам од помали недели шо ја осеќам.. Се си е во ред на ехо фала му на бога.. Ама јас имам проблем со крвта.. ај шо ми е на граница ај то ок на сите ни е слаба.. ама многу маснотите ми рипнале граница 5 и нешто а мене ми е 9 и нешто па сега пијам дополнителни омега 3 на природна база досега немав проблем со масноти во крвта ни пред бременост ни досега а еве наеднаш рипнале.. Има некоја друга со маснотии во крвта?
Хемостаза пред 1 месец беше одлична, и јас сум на протеинска исхрана без јаглени хидрати поради шеќерот, може затоа Ќе одам пак за една недела обавезно, го чекам и др. што ми правеше ивф да видам што ке ми каже.
Здраво на сите Јас втор пат сум на темава, се надевам дека ќе се дружиме како минатиот пат 5 недели и 5 дена сме.
@Snow white маснотии/холестерол не се ни проверува во бременост, зошто нормално е многу да се покачени. Не се секирај, штом се породиш ќе се нормализираат. И јас се извадив од памет на една крвна слика пред некој месец, ама ми кажа докторката да не ги земам во предвид воопшто, нормална појава било покачени маснотии, а исто така и седиментација
Јас се исплашив ама на природна база ми препиша омега 3 и ги пијам сега дупла доза значи не е загрижувачки.. фала )
@Snow white пијам и јас Фемибион 2, има во нив омега 3, убава е омегата за трудници. Немаш причина за грижа воопшто