Се согласувам со тебе и јас ја поминав истата голгота 9 години и на крај што добив празни раце такво е здравството и така функционира и ние ништо не можеме да промениме кој не поминал трнлив пат незнае СИТ ГЛАДЕН НЕ ВЕРУВА
Што се случило што велиш останав со празни раце. За лекарска грешка ли се работело и во кој месец од бременоста се случило. Извини однапред ако те потсетувам за нешто многу болно
Во 42 недела да лекарска грешка почнувајќи од мојот матичен прво па се до докторот во Гинекологија Чаир ако сакаш да знаеш ќе го кажам и докторот
ГАК не е толку страшна колку што е проблем што се работи за релативно нова зграда и премалку персонал. Затоа е така како што е. Јас сум задоволна како поминав, знам дека можеше и полошо да биде. Многу фурни леб имаме да јадеме додека се оправи нашево здравство... ете и Таравари дигна раце кој и да се нафати да го оправа, ќе треба да има многу време, волја и трпение... и коњски нерви.
Реагенси за најобични брисеви немаат не па нешто покомплицирано да треба или да оправаме....УЖАС Кој има пари ке се лекува и ке си има се на време кој не ќе чека
Колку земаат? 500 евра? Јас така сум чула , имав и предлог баш за тој Горгиев. Со тие пари ќе се снајдам за уште толку и ќе одам приватно. Е сега државно што фајде, кога и таму ете - плаќате а имаме бесплатно здравство? Јавна тајна е дека земаат кеш и реално мижат овие над нив зошто нема персонал. А друга тема е што и ние сами нудиме, да го поткупиме. Тука ние сме си криви.
Ја денар не би дала. Пре ќе го пријавам, него ли да ми изнудува пари. Се соглааувам со @Kitten - до луѓето е.
За што да дадам 500 еур, за да го натерам да ме погледне како човек, што впрочем и сум? За да добијам третман на човечко суштество, на бремена жена? За да се грижи за моето здравје и здравјето на моето бебе, што впрочем му е професија? Нека бркаат работа, ни во лудило нема да дадам, што вика Ели ќе дадам уште 500 и ќе си одам приватно, каде секој пациент е човек и добива таков третман. Мизерија, жива мизерија ни е здравството! Срамота! Едит: Жалосно е само за оние што навистина немаат и се препуштени на милост и немилост на докторите во државните клиники.
Тука некаде сите земаат да не се лажеме и тие сега што работата Систина и Ремедика земале @kukla21 Кај маж ми знаеш колкупријави фрчат сега кога ме повлековте за јазик па Само Маријан Стојоски колку пријави има и колку го приведуваа па ене го уште работи знам се а не треба многу да кажувам.И тој Георгиев е сег некој Началник таму па му удрила слава у глава
Јас вчера бев сама во Чаир, синчето беше со мм и ги пратив дома зашто 3 саати се дреме. И со она реченицата јас сабајле работам со "нормални" луѓе, а поручек со блиски да не сакаше да ми каже нешто друго си викам и свекрва ми рече.. да не сакал "блиска" да му станам.. пари да понудам. Нечовечки е после два саати чекање да дојдам до него, он мене со болка во стомакот и тоа што му реков дека сабајлето имав 150/80 притисок и тахикардии до 130, он мене врата да ми отвори да си одам... башка 4 пред мене беа со извештај без термин (нели еднаш се оди преку термин, после контроли со истиот упат се прават), ги прими... а мене не. Башка какви се сите зомбиња, намуртени... таа на цтг што ме стави минатиот пат намќореста една, бебево почна да ми ика и тоа беше интересно искуство за мене се испорадував... дека апаратчето реагираше, на секое икање зашуштуваше и беше интересно, необично. Дојде да земе нешто од просторијата и и викам ми ика бебето и радосна цела насмеана бев, леле еден поглед што ми даде и ни а, ни б. Ми расипа и расположение и се... Пред 2ипол години немаше толкава гужва и пофини беа, во секој момент примаа за контроли, дали сега бегаат многу од Гак и таму е лудница или периодот е таков незнам... или се се сменило со новиот директор...
@mariz голем број од жените наместо на ГАК сега одат во Чаир, поради лошите искуства што ги читаме секојдневно, а Чаир имаше репутација како одлично место за породување, па се зголеми и гужвата таму. А верувам дека е и до директорот, првиот пат кога се пораѓаше, Јегени беше директор, така? Ако не сум грешка. Мислам дека тој малку построго ги држеше. Како и да е, со добра мисла само и со лесно!
Мила така е на ГАК. За Чаир не знам, немам искуство. Ама за ГАК, ќе речам само- стоки. Мене од околу ми бараа пари ако сакам царски,ама јас не дадов. Не дека немавме туку не сакам да ме прават будала. За што плаќаме здравствено? Ама јас не сакав од чиста мира царски , туку се искривив на крај од бременоста и не можев ни да се движам, а не да трпам болки толку долго време. Така што на ГАК никогаш повеќе. Кланица е таму.
Таа со ночарите старата Албанка е,затоа Јегени си замиина од таму он кога беше Директор се беше под конец сега сите се испурјачиле,башибозук е сега замисли и со мене беа такви а имав доктор таму ама џабе.
Да да Јегени беше тогаш директор, јас не ги познавав баш докторите но на извештајот што се имам породено ми стои Исмаили (сега директор) и Неџипи, но на раѓањето имав многу доктори... и башка 3 ноќи ме држеа и со потпис си отидов (анемична дека бев), а сега една ноќ природно породените и исто како Гак, после еден ден дома. А јас се чудев зашто другарка добра не беше задоволна, за еден ден ја испуштија со бебе со јака жолтица, за на крај на клиника да заврштат... @fina erika жално е.. јас па таква сум позитивна, насмеана, такви луѓе ептен ме разочаруваат... па одма солзи во очи ми доаѓаат, ич не сакам такви нечовечки односи...
Они може да бараат. Се додека има кој да дава ќе бараат. Нека се "дигнат" сите против тоа ќе видам колку нормална појава ќе биде. Него и сами "дај му", ај ќе ме гледа подобро и после барале.
Да се надоврзам дека сестра ми пред три месеци се породи таму и исто како тебе разочарана дојде дома,иако имаше подруги очекувања водејќи се по искуствата за кои се информираше тука и по фејзбук групине. Таа вика дека предпородилниот и постпородилноот третман е никаков,чиста нула,само за време на породувањето поминала одлично и многу добро се однесувале кон неа. Јас на ГАК се породив,многу лошо искуство без разлика што бев со врски,но на таквите дрски уште подрско им враќав,не останав куса за ништо, лом ги правев. Само секоја чест на персоналот интензива нега,таму се човечни и фер до крај. И јас сум човек што многу ме погодува неовечко и простачко однесување и избувнувам во тој миг. Не сакам да те разочарувам,но имам слушано и за Ре медика дека сестрите на оделение биле безобразни и дрски. Можеби е субјективно искуство,но да ти кажам да имаш на ум. Уште повеќе не е фер да платиш толкав износ и да бодеш третирана ала ГАК. Исто така хитни случаи праќале во гак... Јас одев на преглед таму,но не сум задоволна од условите. Докторот е врв,профи немам зборови (Димитров),но ординациите безвезе,толетите недозволиво прљави како за приватна клиника,а да не правиме муабет што за еден обичен тест за бременост преку крв чекав два ипол саати,а докторот рече хитно да се направи бидејќи имав обилно крварење па се сомневаше на вонматерична бременост или спонтан. Таму е хаос жив,за оделот за породување и одделението немам лично искуство. ПС пари не понудив на никој,ни една бонбонјера не ги почастив,на врат ќе не носеа со малава,требаше да ги пријавам ,а не уште да ги појам!
Мила тоа неможе да се искорени преку ноќ а и тешко се докажува евентуално ако не го намести некој па да го фатат на лице место тука не станува збор само за доктори а кај се професори итн.итн
@ilyan не е точно. Камо сите сестри да се како во ремедика. За ниту една немам замерка. А што точно мислиш под хаос жив? Јас те негирам одма во се Ќе се сложат со мене и мн.други кои периодов се породивме и следевме бременост таму. Бета хцг се чека мин 2 часа. Толку време треба, за да се изработи анализата. Исто и во Авицена, Синлаб и др. Какви ординации очекуваш? Нови апарати, пристојни ординации. Тоалети секогаш биле чисти.
Јас лично искуство пренесов од оделот за прегледи,навистина кога бев беше хаос,многу гужва ,неорганизирано,чекање со саати што е недозволиво за приватна клиника,ете може тогаш се погодило... А за сестриве другарка ми има кажано,кажав дека не пренесувам лично искуство за таму.
Може си фатила период кога се селеа на др. страна. Јас со години сум таму и ниту еднаш не сум приметила такво нешто. Баш е порастеретено за разлика од Систина.