Ааа ја најдобра овде со кг -8 до сега Бременоста ми почна со 86-87 некаде а сега сум 78,34+5 Дури чудна сум си со кере кога бев бремена во овие недели сум бидена 93кг до пораѓај мислам 98-98 бев @mariz и јас имам лажни контракции,секој ден по неколку пати ми се стврднува стомакот и богами по 20 секунди сигурно ми траат и толку ме притиска што добивам грчеви за во вц и јас Можеби е и нормално дека рано ми е мене уште Гушки мешковци
@kukla21 и @Bojana 123 така ми кажа докторката дека не било препорачливо да се пие чај кој содржи поголем процент хибискус ,па затоа и јас така знам не дека сум билкар па нешто се разбирам повеќе
Некои чаеви, меѓу кои и хибискусот, во поголеми количини можат контракции на матката да направат. Се сеќавам ко бев трудна, матичниот ми кажа да внимавам и на овошните чаеви бидејќи најголем дел содржат хибискус во составот. Брусница купував сушена, ја правев како чај, и ја јадев потоа. И вкусно и здраво.
леле ме утеши со килажата јас кутрата сум 7 недели со 68 кила и од страв да не се здебелам не јадам само 1дневно
Добро не сте ми јасни со муабетиве. Трудна си треба да се храниш здраво, ама намерно да не јадеш за да не се се здебелиш? Скала неќела ке качиш во бременост освен ако не си од ретките како Мари.
Пред дa бидaм бременa јaдев сaмo oвoшје зеленчук и мaнџи (леб не блaгo не прженo не) и не внесувaв ништo пoсле 18 чaсoт дури и дa бев мнoгу глaднa. Бев ствaрнo згoднa бидејќи мнooooooгу внимaвaв нa јaдењетo.Кoгa oстaнaв бременa ми беше жaл дa не јaдaм и oсеќaв грижa нa сoвест мислев декa бебенцетo немa дa јaди декa не јaдaм и јaс. Не е убaвo дa не јaдете зaрaди килoгрaмите некa бидaт тoa здрaви и хрaнливи нaмирници и мaмa и бебе ќе бидaт супер.
Феминки дали некоја од вас во 31 недела од бременсота се соочувала со киселини, гадење и повракање...јас на почеток немав ваква мака..ама сега еве дневно еднаш до двапати морам особено 2-3 саати после јадење... докторот ми вика дека не е баш време за мачнини, но не се страшни ако не се проселдени со секојдневни главоболки и висок притисок...засега за притисокот пијам метилдопа, а главоболки немам, но киселините ептен ме мачат...
Јас Се породив 42 недела, а од 30-та натаму мака мачев со киселини. На крај веќе на психа ме удреа, плачев навечер и страшно се нервирав. Пробав и гастрогард и сода и жив ориз да голтнам. Пиев и кисела вода и кока кола и пак ништо. Само се дуев и мислев ќе пукнам. После пораѓај, за 5 минути како нова бев. Совет, издржи ќе помине, помош нема. Евентуално содата малку да олесни...
И мене ми е чудно со килажата, кој да ме види вика како стомак да сум закачила само, ич не сум била поправена сум поправена, ама со синко бев +15,20 од сега... што е огромна разлика... мечка бев + мн отекував. Инаку пак станав од болка во 4,5 грч, штипење, камен стомак... болкиве на ист интервал еднаш дневно
Добро утро мамички, сакам да прашам дали некој носи појас за стомак? Понекогаш имам слушано за некои трудници кои носат појас, ама не знам за која намена го носат и дали помага воопшто при нешто. Некој искуство? Додатно: Слушнав многу добра мисла за порагајот. Вели: Не се преоперетувајте со пораѓањето. Раѓа вашето тело, а не вашиот мозок. Женското тело е констуирано и наменето за репродукција. Не можете многу добро да се припремате. Едностсвно вашето тело ќе го направи породувањето, а важно е мозокот пред чинот да не се преоптеретува, туку само уживајте додека малото е во вас
Јас носев во втората бременост, по препорака од доктор. Целосно се укочував од болки и бев неподвижна, некој нерв изгледа притискаше бидејќи тој период беше карлично. Појасот ми ги олесна болките.
Мене убаво ме стегаше, подигаше би можела да речам. Можеби би можел да има таква намена. Прашај си го гинекологот во секој случај....не знам ни дали само една врста е или се повеќе врсти за повеќе намени.
Jas nosev pojas bidejki go nosev nisko i koga odev mi tezese stomakot i ne mi bese prijatno, plus dopolnitelno pri nisko nosenje od trzina moze da dojde do predvremeno poradi tezinata. Eve i gospogicava isto ja nosam pa ke vidime
@La diabla знаеш каков шок му правиш на телото со јадење само еднаш? Ти треба лично тебе како трудница поголем внес на калории, не мора да јадеш за двајца, бебето ќе ги црпи секако потребните хранливи материи од тебе, ама ти ќе имаш мака. Барем во бременоста не размислувај на здебелување, тоа може и без јадење да се случи, ама имај нормални, здрави оброци, редовни, за слабеење има време. Плус го забавуваш метаболизмот, и за столицата е полошо. Колку за споредба јас во бременоста ставив 22 кг, еве ме сега по 2 години од породувањето имам 5 помалку од килажата со која останав трудна. И многу мајки исто како мене, килажата се губи по пораѓај.
А но но јас бев со мачнини и повраќање до 26 недели затоа не се здебелив,сега јадам по 100 пати на ден не дека намерно сакав така Убави совети ти даваат феминките,мора да се храниш и редовно и здраво,не се работи за тебе него за здравјето на твоето бебе
Да се надоврзам и јас, ја почнав бременоста со 45 стигнав до 67 на пораѓај. Еве ме три месеци после пораѓај имам 49. Уживајте во бременоста не си скратувајте ништо, тоа е еден посебен период. Ме фаќа носталгија за бременоста ама неее рано е за уште едно
Изгледа само јас сум посебен случај, обратна од сите... Им се чудам на тие што викаат дека ги фаќа носталгија за бременоста, дека им фали и слично. Да можеше мажите да раѓаат, вториот пат бременоста ќе му ја препуштев на него