22недела сум и Димчев во систина и друга докторка во државна ми имаа потврдено дека постелката е ниско...е сега мојата матична па не мисли така а според болката и јас сама претпоставувам дека е... плус сега ова со цервиксот е уште по комплицирано :/
Kaпка крв при бришење со тоалетна ми ги стресе нозете и се паркирав во постела. Мажот ми ја избања и успа малата, сега играе со големата...јас да одмарам. Си викам белким капилар некој, инцидентно. Од толку обврски и целосно заборавам дека сум трудна и постојано сум под голем физички напор. Со добра мисла од утре 19 недела.
Цело време те мислам како успеваш се да постасаш. Јас сум ко успорена снимка. Сега одмарај. Утре викни на помош свекрва/свекор, а ти колку можеш повеќе неколку дена одмарај.
Каков совет малечка. Луда куќа е тука. Ако отидам на дежурен, прва болница на 45 мин. ќе треба минимум 6-7 саати да седам во ходник и да чекам преглед. Здрав човек ќе се искриви на столчињата и доразболи, не па вака. Лежам и набјудувам...ок е за сега.
Уфф и јас бев таква за една капка крв,се плашев да отидам на доктор,ама мм ме товари во кола и правец кај матичната.. Ти држам среќа,се ќе биде добро,одмарај
Не ми е страв, нема што од доктори да ми е страв. Само мрцварењето во моментов може само да ми ја влоши состојбата. Едно е да отидеш кај матичен, а и во болница со разумно чекање....ама ова тука низ нос ќе му испадне на човек.
@danichap штом е толку чекање, само мирување му е мајката. Мислам дека кога искрварив најмногу, да лежев дома побрзо ќе престанеше отколку трчање и чекање кај дежурен. Исто како кукла мислам и јас, секоја чест на вас мамички кои чекате второ трето дете. Денес внуците беа кај мене, малку ми требаше да ги истепам и да ги вратам веднаш дома со такси. Па уште ми ги пракат гладни Јас ретко јајца си пржам, уште да стојам на шпор
Potpolno te razbiram sto sakas sa kazes no od srce ti posakucam se najdobro da pomini miruvaj kako sto e gospod nikoj ne e. Te guskame i drzime sreka so princezata nasa.
Ти верувам..Зошто си осеќам болка точно долниот дел плус и дечково мој е џамбаз тек сега си игра брканици во стомак ...и точно се осеќа ниско како мрдка претка..фала ти најмногу Мамичка можно е и да е капиларче ...и мене така првиот пат капка крв ..и јас си се пресеков нормално..се консултирав со мојата ми рече ако е пообилно тогаш на дежурен ако ја снема на второто одење во вц само мирување па утредента на контрола си отидов и ми рече ништо немало дека можеби капиларче е ..ме утеши смири...иако сепак ми рече да поседам дома ...убаво кажуваат и другите феминки ...алал да им е на тие мамички како вас со дечиња две три..само помош како и да е треба без разлика дали е нормална бременоста..се случува и од умор органозмот да реагира .ти посакувам позитивно да биде се и со лесно
Ужас! Константна неудобност, инсомнии, ако сум сама дома, секое облакање чорапи и патики е невозможна мисија... сега во деветти месец почнав и да отекувам, од лажни контракции не можам да дишам Одвај чекам да помине ни најмалку нема да ми недостига бременоста.
Два дена по ред повраќам, вчера вечер и еве денеска пак. Вчера од што бев прејадена (иако не ни изедов многу), денеска ме фати мачнина од миризба некоја, а осми месец. Со спиењево мака мачам, од лева страна не можам никако да спијам (3секунди максимум), на грб исто боли , само на десна ми останува, а цела вечер не можам на десна. Дали бебуш се позиционирало некако или некој нерв е, незнам, знам дека нема спиење за мене. Утре сум на контрола па да видам што ќе ми каже докторот. А, дома ми е лом. Многу сакам да средам и се да ми биде чисто ама не иде, немам сила .
Ќе станиме ајде маникенки после пораѓај неспеноста слабо јадење ќе си го направат своето Дај боже се да е како што треба па друго не е битно
Добро утро мешиња Веке две три недели мака мачам со киселини, а веке втора вечер како пијам сода за да заспијам (знам дека нечини). Пробав со непечени бадеми, кисела вода и три перници под мене ама не иде. Од денес диета нема веќе бел леб за мене, овошје навечер, а и најголемото зло што си го приуштам цела бременост чоколадите па да видиме дали ке има подобрување. Ако знаете некој друг „лек“ кажувајте.
Исто и мене ми беше,ми помогнаа многу љути мастики,непечени бадеми и место бел црн леб јадев тоа е треба да се издржи среќа се намалија малку кај мене
Добра сум малечка. Остана на точката. Ќе се потрудам да балансирам со обврските денес колку можам... на жалост не можам да си дозволам во кревет да го поминам денот
Не ножам ни да замислам колку ти е тешко без одмор, со обврски со лепотиците. Гледај колку можеш поопуштено и се ќе биде добро