@Chantal oсвен Алгоралот по препорака од @Bojana 123 , можеш и Рупурут, и тие се џвакаат и многу помагаат. Јас ги користам често во последно време, бидејќи дури сега во 25 недела почнав да имам страшни киселини и нагони за повраќање Одобрени ми се од гинекологот и Алгоралот и Рупурутот, може да се користат во бременост.
Фала ви ама не сум во мк, тука гинекологот ми препорача едни бомбони ама помагаат само краткотрајно или воопшто не па решив да не ги земам повеќе. Ке видам дали ке имам подобрување со промена на исхрана.
Девојки здраво. Денеска дома со ќерче, вчера ми крена темп денеска како ништо да не и било, не знам што да кажам, бевме на лекар не ми дадоа боловање па од утре морам пак да ја пуштам во градинка. Малово прета ли прета, си се занимава внатре, јас чекам да ја успијам големава па да легнам да одморам малку. Си земав еден б6 на Синерџи, може ќе ме смири малку, многу сум напната деновиве. А за бременоста, одма би му ја препуштила на мм само што да требаа мажите да раѓаат ќе пропаднеше светот
Денес бев на контрола, и официјално можам малце да се опуштам и почесто да пишам во темава Видовме дека има срценце, видовме дека пораснало и почнало да завзема облик на човеченце, и тоа е тоа што ми е најбитно за сега. 7+4 сум. Наредно чекам за скрининг во 14та недела (незнам зошто толку касно ми закажа, но ај, тој е докторот), Приска нема да правиме, па ако некоја правела преглед кај др. Методи Трајчевски во Чаир би било супер да сподели искуство.
Мојот матичен ми даде упут за кај него, тој бил единствен во Чаир што правел овие прегледи. За на клиника немаше термини. Мене ми е важно дали добро си ја работи работата.
Веќе ако сакаш за скрининг не ти сугерирам оди кај Димчев или на Гак Ана данева Верувај ми во Чаир имаат само едно ехо дали е 3 или 4 незнам и на него во врска со мене не видоа ништо а можам да ти ги набројам и докторите што ме гледаа Кај Методи Трајчевски Месар да е не би купила месо а не пак да ме гледа
@Fani80 ништо, за жал Пробав и трудничка перница, и секакви позиции, џабе е. Краткорочно ми помага вежбање/пешачење, ама после тоа, откако ќе ми се олади телото, уште толку ме боли грбот, не можам да мрдам, буквално Ќе ни помине после пораѓај, до тогаш мора да стиснеме заби
Искрено ништо не ми помага , освен да одмарам повеќе ,опашката ,колковите кинат од болка ,некогаш онака нежна масажа од мажот искористувам ама не е тоа тоа ...Прашував топло дали да ставам нешто па ми кажаа не требало вруќи облоги и дека со тек на време ќе се смириле болките ,највероватно бебето било сместено поназад накај рбетот свртено па затоа биле болките
Ќе си прашам еден школски другар гинеколог дали би било проблем, ако е ќе му се јавам на матичниов да бара нов термин.
Епа девојки wish me luck! Закажавме царски во среда сабајле, не ми се верува дека задутре ќе си ја видиме бебушка. Дај Боже се да е во ред...
И мој совет, оди во систина, кај петровска. Прежали ги парите ама вреди. Гледам дека се друго е фушерај по државново