Види ама па и ти не можеш да кажеш дека е така како тебе што ти се случило после царски рез. Искрено и јас знам дека после царски покасно доаѓа млеко, на другарка и дојде после недела мислам, а не е точно дека с пресекување на папочната врвка почнува млекото, тоа се ствара уште во теот н бременоста, не за џаб на некои трудници веќе пред крајот почнува да им се лачи белузлава течност од градите, во минимани количини, но се лачи и се појавува на облеката. Факт е дека царскиот рез не е толку безпасен како спонтаното породување, но и ова второво само по себе не е лесно, едноставно и безопасно. Ако сакаме да ги исплашиме идниве мамички кои ситно бројат можеме триста проблеми да наброиме, да не зборуваме сега за тоа. Факт е дека и едното и другото, и кај едните и кај другите случаи се се разликува, како што не постојат два исти прста така не постојат два исти случаи на бременост и породување. Секому според пишаното, не за џабе рекле старите. И те како породувањето и бременоста не се Купување кола, токму затоа сите си кажуваат од сопствено искуство, никој никому не влијае, а ако некому сето ова напишано му влијае на тоа како да се породи или што да очекува, тешко нему, искрено овде има пишувано страшни глупости по некои теми, па дури и поврзано со оваа тема, овде сеуште нема такви излети на пишување на кој што му текнало, освен оној случај со дечкото што не здрма малце
Девојки мирнииии ајде без расправии, секој пораѓај е болен па било да е царски или природно и сите мајки и жени издржале и раѓале по неколку деца па ние ли нема да издржиме и тоа за нашето најмило??? Ќе се заборави таа болка за многу кратко време, само да сме живи и здрави, да си ја истераме до крај бременоста (зборувам за тие кои сме веќе во блажена состојба) и се ќе биде во најдобар ред Инаку ајде јас да се префрлам на друга тема и да ви кажам дека само што се вратив од преглед, имав состанок со моето миличко и сме супер за сега, тежиме 237 грама и високи сме 12 цм, се се одвива во најдобар ред....... иииииии веќе ни потврдија и што е............момченце и сум многу среќна, до душа не ми беше битно уште од самиот почеток што ќе биде, само да ми биде живо,здраво и право, мм си сакаше девојче,а јас момче и ете ми се исполни желбата ајде па за второто нека се исполни желбата негова
Каллиас, најпрво честитки за момчево, нека е живо и здраво и гоооолемо да расне. А друго, ќе го дадеш ли дечково за ќерка ми, два дена е помалечка од него . Поздравче
Ви благодарам девојки и идни мамички и јас сум многу среќна На Силк да и одговорам дека секако би го дала, но нели ние треба да ја бараме момата, оти машкото прво ја бара девојката или па сега нова мода има? А инаку може и не сме постари од вас бидејќи јас според ултразвукот сум 17 недели и 5 дена до денес, 1 недела сме поназад од последната менструација и за сега се водиме според УЗ и така си растиме
Опаааа уште еден потенцијален зетко Силк, чекај па ти, има многу моми ваму, може дечково ќе сака и постари неколку месеци Со лесно калиас, живо и здраво да се роди, па само нека бира, еве доказ дека ќе има голем избор Ние мајките си ги таксавме девојките, па после девојчињата биле вакви онакви
Хахахха баш така меУ, само нека се живи и здрави тие, па и ние со нив нели па другото ќе си дојде се како по книга. Инакужда прашам, некаде по форумов гледав ги имаше вредностите од уЗ , но не можам да се сетам во која тема точно беше, па ако некоја знае д ами ја пушти да погледна баш од моиве оти не се разбирам ич
а калиас двете ке имаме маженца моето е долго 14см и јас сабајлево бев на лекар ми направи скриниг,докторката ми рече дека се е во ред, со мешето, со главчето, со рбетот, а моево баш ни беше свртено со грпчето како да знаеше дека ке мора да се прегледа,и после некое време се сврте ама со рачињата меѓу ноџиња, многу срамежливо ова моево, хехех ама на крај се предаде и докторката ми вика а ова е машко, сигурна сум... и најбитно ич не сум поправена , имам исто кг како пред еден месец искрено се надевав дека ке биди женско, ама како и да е, само се да е во ред, и да си растат бебенцата наши
Да, да, знам и еве управо барав и најдов , има на српски и ми помогна . фала ти во секој случај Љубичица, а ти во која недела си? Твоето е подолго од моево, можеби дека и јас и мм не сме многу високи па и тоа земало од нас Инаку да ти кажам и кај мене беше свртено со грпчето и ме прашува докторката кој од нас, од мене и од мм спие така на стомак и јас велам јас си спијам така, па затоа било тоа така наместено и го буцкавме, го дрмавме да се сврти лицето да му го видиме и не бе не сака, па на страна се свртев јас и дури тогаш некако се сврте за да му ги изброиме прстите на ножињата и успат да видиме и што е и ете се виде на крај и тоа Главчето рбетот и се останато му е во ред, отчукувањата на срцето мислам дека 134 пишува на сликичката што ми ја даде докторката и тое отприлика, за останатото не се разбирам, ама штом ни кажа дека се е во ред тогаш сум мирна
јас според ехото сум 17 недела и 3 дена, тука сме некаде блиску двете е сега јас неможам да најдам на сличево и во мајчината книшка колку ми тежи бебенцево додуша таа се изнапиша се во мајчината книшка ама важно е се во ред и денес ги ги купив првите патичиња за мажето мое преубај се
здраво мешињаа, како сте? нека ви ce живи здрави синчињата калиас и љубичица, умни бебиња се покажале ова моето многу е срамливо уште не знаеме какво е не се покажува, ама утре имаме закажано преглед па ке видиме, може ке се покажи. бидете поздравени
Јас сеуште не сум почнала со купување, немам ни едно единствено парталче купено за бебчето, па и дека сеуште не знаев што е и мислам дека рано е уште, па ете полека полека и јас ќе почнам со купување на првите алиштенца
меу овај пат докторката ми даде едно друго сличе не е како претходните, на нив си пишуваше се, а на оваа не пишува, само должина , недела , датум и тоа инаку калиас јас денес така случајно ги купив патичињата за да го изненадам мажево , и цело време си ги гледаме и уште не ни се верува
Морав да се замешам малце Првиот пат се пораѓав природно а вториот со царски. И сега ако некој ме праша пак незнам што би избрала. Значи се си има свои мани и своја убавина. Со природниот бев повјке измачена и измалтретирана(некоја може и одма со мали болки да се породи) но болките престанаа со излегување на бебето, а со царскиот болките се после пораѓајот а олеснителна околност е тоа што може да ти дадат инфузија за намалување на болките. Како што кажа Моира ние не го избираме начинот на кој ке се породиме. Со лесно на сите труднички и не размислувајте за пораѓајот тоа е само еден ден и сите ке издржиме. Со земањето на бебушот во раце се поминува и се престанува.
Нека ви се живи и здрави момченцата и на двете .. Во врска со порагајот затоа и реков значи ке оставам , па што биде нека биде нели ке го чекам моментот па ако треба царски ке идеме царски ако не природно.. и така најубаво Меу торбата ја купив од Базаро 800 ден инаку има и во Џамбо и тука некаде се цените.. земав темно плава , скоро накај црна не сакав розева зошто знам дека ке се прла ке ја исперам еднаш , двапати и ке стане бела па така да поубаво темна боја, инаку има со нејзе уште една мала торба и едно такво за шише и подлога за преповивање... Тетра пелени земав неколку дизајнирани од Џамбо и не се сеќавам која цена беа а имам и од оние обичните тие мајками ми ги донесе.. Имајте убав ден сите
Инаку ајде јас да се префрлам на друга тема и да ви кажам дека само што се вратив од преглед, имав состанок со моето миличко и сме супер за сега, тежиме 237 грама и високи сме 12 цм, се се одвива во најдобар ред....... иииииии веќе ни потврдија и што е............момченце и сум многу среќна, до душа не ми беше битно уште од самиот почеток што ќе биде, само да ми биде живо,здраво и право, мм си сакаше девојче,а јас момче и ете ми се исполни желбата ајде па за второто нека се исполни желбата негова [/quote] Честитки Калиас да ти биде лесна бременоста и се да биде во најдобар ред и со тебе и со момченцето што расте во тебе И кај мене исто мм сака девојче а мене не ми е сеедно, нели како и секоја идна мајка..најбитно ни е да е живо и здраво и се да биде како што треба Верувам дека си пресрекна и јас вечер треба да идам на контрола па се надевам дека ке го видам бебушот зашто пред 4 недели кога бев само срценцето му го видов како чука
ииии да од денес го чекаме бебушко да ни пристигне во секој момент.. Конечно долго посакуваниот 9ти месец дојде.. Денес влегуваме во 9ти , нека си порасне уште малку па нека излегува.. Инаку и мене се живо ме боли од спиење, за да се свртам од една на друга страна немате поима колку време ми треба хаха како што викаше Леонтина како гуле сум ама ајде се ке помиинее едит: Веќе неколку дена приметувам дека ми истекува нешто од градите, млекото ли е ? треба да се грижам или нормално си е тоа ??
да тоа е млеко т.е. колострум (првото млеко)која е жолтеникаво - бела течност и мене така ми излегуваше 8-9 месец како мали точки на пупките нормално си е тоа нема зашто да се секираш