Јас магнезиум пиев од почеток на бременост. Мислам дека си влезена веќе во 3 месец имаш и табели на интернет, имаше и овде постирано поназад по страните ако има некоја нека постира пак.
по ова табелче повеќето се водиме некако и точничко ќе да е Конечно и јас првиот триместар го завршив
Смее. Некои членки пишуваа дека има и таблети против мачнини на база на ѓумбир. Јас конзумирав свеж во комбинација со мед или лимон по препорака на доктор за циркулација
Добар ден мешковци, јас станата од 15 до 6, ќерка ми не спие на сабајле повеќе за жива глава, а мене не ми се станува од кревет. Вчера направи 3 години, ама во сабота ќе го правиме роденденот во игротека. Денес бев крвна слика и урина правев, затоа што имам тапи болки во долниот дел кај јајникот и гинеколог се сомнева на бактерија во урина, и за вртоглавица слабо железо, ќе видиме после како ќе е резултатот. Имајте пријатен сончев ден. Пс. Со лесно денес на членката што ќе се пораѓа, господ да е со тебе.
Jas sum 13 nedela I isto taka imam tapa bolka vo dolniot del od stomakot istoto mi go kaza ginekologot I mene da ne e odna bakterija pravev urinokultura cekam rezultati, ama za sekoj slucaj mi stavi inekcija utrogestan. Poz
Феминки да прашам нешто. Влезена сум во 38 недела и магнезиум со б комплекс на алкалоид пијам уште од почеток. Сега еден гинеколог ми вика пиј го до крај, а друг вика прекини го нема потреба веќе да пиеш.Јас го продолжив а веќе имам и контракции па не џнам што да правам.Споделете искуство.
Среќен нека е.. сите желби до една да ти се исполнат... здравје среќа пари се по ред да си дојди!!! <3
Фала женски. Мм ми го прави чајот од едно лажиче свеж ѓумбир и му додава цеден лимон и мед. Ќе го израдувам кога ќе престанам да му мрчам дека можеби не смеам да го пијам . Инаку на муабетот за хеланките, јас по дома си носам и хеланки со понизок струк од претходно што си ги имам само што напред си ги симнувам под стомакот.
За муабетот со хеланките имам фора до крајот на 9ти месец без да купам ама баш ништо комотно се да ми биди пошто од 82-83 кг бев дојдена на 70 и сите што ми беа големи кога ослабев сега ми се или точни или па сеуште големи со низок кутел ми се сите фармерките сите уште ми чинат без воопшто да ме стегаат ( само бев ремен што ги носам) хеланки ама хелан-пантолон се сите и неколку имам да не речам од овие проџирниве и си сум рајат.. Проблем ми е што уште палтото само шо ме запетлува еден џембер ( ама и тој којзнае до кога) и знак прашалник дали ќе треба вентијага да купувам ова зимо или наредното ќе ме остај да си купам нарајат ) тексасно кожено скаено сето отепетлано само носење
Здраво буцки! Еве сум јас, користам слободни минути за да ве прочитам и да ви пишам. Околу бременоста немам многу што да пишам, воглавном добро се осеќам. Минатата недела имавме молери дома, искречено и чисто, јас супер се носев со обврската дома да си средам се но морам да го пофалам и ММ кој мноогу ми помогна ( а е човек кој не сака многу со женски работи да се мафта). Очекував дека многу повеќе ќе се уморам, ама полека, постепено донесов се на свое место. За облека трудничка не можев да искористам ништо од претходната бременост освен некои блуски и маички пошироки, додека фармерките труднички ми беа оштетени од перење и носење, обелени и не погодни да ги носам и во оваа бременост. Затоа во план ми беше да си купам нови, ама до пред една недела одев со обични нетруднички , некако не се поправив многу во струкот па минав со нив досега. Ама веќе од вчера сум конечно во труднички фармерки и од оние блуски со бебовци на мешето, многу ми се слатки. На работа ме зафркаваат дека конечно заличав и јас на трудна жена, па секако дека ќе личам 26 недела е баш период кога мешето и те како се познава. Друго не знам што да ви пишам, одам јас да не загори ручекот!
@Snow white супер за тебе За јакна и јас се надевам ќе поминам со дебел џемпер и пончо. И така не одам на работа па повремено кога ќе треба да излегувам си мислам ќе се снајдам некако. Сега си позајмувам дуксери и тренерки од мм за навечер до пред зграда со кучето, ама и он е слабичок па за брзо и тие нема да ме закопчуваат. Е сега мм нонстоп ми вика да купам јакна ама никако не ми се даваат толку пари за уште некој месец. Плус што нејќам ни да замислам како би ми стоела (нели би требало голем број да купам, а јас само во стомакот сум порасната )