И јас немам јакна/капут, ама имам еден огромен џемпер, дебел многу, па тој ќе го користам за зимава наместо јакна. Не мислам да давам пари уште за некој месец, на работа ќе одам (планирам) до средина на декември, потоа се пензионирам дома Имам одмор, а јануари е цел со празници, па до терминот на 27.01 комотно можам дома да си останам. Инаку, да ми е жив и здрав мм, сите дуксери му ги присвоив Едит: Да ве прашам нешто, апликацииве ми викаат дека сум 25+5, дали тоа е 26-та недела? Како ги рачунате неделиве? Пошто од 27-ма веќе се влегува во 7-ми месец, па ми е малку нејасно, дали за 2 дена ќе влезам во 26 или 27-ма недела? Последно тромесечие ми доаѓа, малце паника ме фаќа што не знам до кај сум
Фала @wannaBeMomma, пошто сите различно кажуваат и низ нет различно пишува, реков да прашам како вие рачунате. И јас досега така си сметав, 25+5 си е 25-та недела. Значи имам уште една цела недела до 7-ми месец
Обично викаат дека ја тераш 26та недела. Имаш полни 25 и ја ситниш 26тата. Јас се водам по полни недели. Повеќето се водат по неделата во која се влезени. На почеток си го прашав докторот како да сметам за да бидеме на иста фрекфенција и ми кажа по полни недели.
А 6ти месец е 22+1 или 23+1? Бидејќи и мене ме буни тоа до 22 пишува пример...дали почетокот на 22 или цела 22 да си пројде? Инаку облеки кога почнувате да купувате?
@ludoto19 гледам повеќето по оваа табела се раководат, па и јас: Штознам, има милион табели, сите различно тврдат. Најубаво докторот прашај си го. Инаку, облека уште не сум купила, нити па нешто друго. Планираме крајов на месецот да почнеме да купуваме облека, а останатите работи (количка и сл.) наредниот. Сакам што порано да успеам комплетно да се спастрам со ствари за бебе, пошто не можам во 9-ти со огромен стомак да шетам и да купувам. И гледам повеќето околу 7-ми месец почнуваат со купување, што сметам дека е идеално.
Баш го прашав матичниот за неделиве тој ми рече тогаш бев 34+ 35та недела се сметало Ние уште некој ден во 9ти месец влегуваме летна времето Ништо не ми е спремно,се си викам имам време Немам купено душек,флаши,цуцли,памперс....ке биде и тоа Треба да ги перам и пеглам алиштенцата а каде ке ги наредам незнам дада има се зафатено место за уште една комода нема така да ме чека работа со диплење и прередување Хеланки имам купено 3 пара од Лидл и ги убив од носење,се во нив сум и ко нови се Се надевам ке можат да се носат и после бременост дека многу убаво стојат а по 4 евра ги платив само Моменталните болки кај препунот ми се зачестуваат,имам чувство дека ке ми излезе бебето колку турка од одење во вц ми е смачено,неможам да излезам никаде заради тоа со дишењето е подобро,киселини до сега сум немала,јадам ко за тројца и така,во главно супер си е се Гушки мешиња
Среќен роденден Мене исто ми викаа до крај. Мислењата се поделени заради тоа што уште се истражува дали пиењето магнезиум влијае на отворањето при пораѓај. Кај мене искрено немаше никакво влијание од 1 до 5,5прста стигнав за еден и пол час
@QueenP Среќен роденден, сите желби реалност. Резултати лудило, леукоцити 9-10, се слушнав сега со братучед ми гинеколог што е, ми вика имаш бактерија, утре да направам уринокултура на микробиологија со антибиограм па отпосле антибиотици. Од тоа ми била тапата болка во јајниците, ми рече не е страшно да не се плашам и вознемирувам, бебето со е сигурно затворено не допира до него. Позз мешковци.
Немора да значи... последен пат ми беа леукоцитите мн покачени... а чиста ми беше уринокултурата за леукоцити во урина кажуваш така?
Слабо стојат со броењето изгледа Нема логика 25+5 да биде 25 недела, кога таа претходно завршила, со 25+0.
И јас вака се водам... Различно сите и затоа се буниме 39+1 на пример, мене ми е веќе полнење на 40та недела... 39 полни недели и веќе 1 ден од 40та недела.. па затоа би рекла веќе сум 40та недела. Така и 40+3 на пример е веќе 41ва, веќе надносено бебе и ако се породам тогаш значи сум родила во 41ва нед. Бар јас вака рачунав и за двете бремености...
Па потешко дека стојат слабо али ок Ти 30 години имаш цела година или одма нареден ден веќе имаш 31 и се така? Не, нели? Туку си ја раситнила, а полни 31 год ќе имаш наредната. Али ок. Кој како сака нека си кажува, мање битно
Па така де, влегов во 31, имам 30 полни. Значи сум во 31та година. Ако одиме по таа логика, тогаш ако имаш 40 полни недели, крајниот термин ти е на денот кога полниш 40 недели, во спротивно по логиката на твоите доктори краен термин би ти бил кога ќе наполниш 41 недела.
Епа сега го кажа тоа штомјас го зборам, а ми кажуваш после нешто сосем трето. Значи си влегла во 31ва а немаш полни 31. Тоа е цел муабет
Па тоа ти зборам, исто е и за неделите. Јас имам полни 30 години, значи сум во 31вата. Ако имаш полни 25 недели од бременоста плус некој ден, веќе си во 26 недела. Не знам што е толку тешко да се разбере. @mariz, токму така.
Епа ти не ме разбираш што зборам и си се фатила дека нешто сосем трето зборам. Ако се вратиш назад ќе видиш дека зборам за полни недели а не во која си влезена.