Магнезиум да. И масажа ќе помогне. Ако почесто те фаќаат попладне или навечер грчеви во нозете обиди се попладне/ навечер да пиеш магнезиум.
@fana @kukla21 Ништо не помага жени, барем не додека помине ова времето променливо. Ние со повреда ќе си кркаме дупла доза на болка Смеам со алкохол масажа?
Дaaa бебуле мм вo 7-8 неделa ме мaсирaше сo aлкoхoл зa пoлoвинaтa, a и зa темперaтурa вo 28 неделa ме мaчкaше Јaс се стaвaм вo хoризoнтaлa денес сo нaдеж бебевo дa се пoмести некaкo oти ребрaтa ме бoлaт и немoжaм дa дишaм
добро вечер мешковци, петокот сум купила од облека се за мојата принцеза останаа пар ситници и мама да почне да пере и пегла, но сакам несто да прашам овие денови осекам некоја си тапа болка кај папокот и околу како некој да ми шири буквално такво чуство па ме занима што може да е. поздрав до сите мамички и бебчињата во мешињата.
Еден поздрав од мене, тука сум и ве читам.. но сама со синко дома и ретко имам време за пишување Абер за раѓање немам, иако имам пат чат лажни болки... и проблем со тахикардии веќе некое време, го имав и во прва бременост на крај, срцето денес рекорд 160... а седам, не трчам маратон ѕвездички летаат пред мене, снага ми се тресе... сум се чудела вчера како рацете ситно ми се тресеа... имам еден упат за крвна слика, да земам да направам да не паднало железото... И така имајте убав ден, мене времево па не ми прија
Како сте денес Јас конечно подобра ,вчера ми беше пекол , едвај стигнав кај моите се убив од повраќање све си мислам дека беше од јогуртот како труење да имав ,ама рок имаше до 31 октомври битно и плунката ја повраќав како пена ,очите ми капнаа од болка едвај дишев ,мажот се преплаши , испив парацетамол по препорака од гинекологот и за среќа ме опушти малку немаше потреба од дежурен лекар ,здравје во среда сум на прв скринингедвај чекам да го видам синчето(знам предосеќам дека е машко) и така мислички толку од мене денес идам на прасечко ,почна сезоната за мрсно ве сите и имајте убав ден...
Здрaвo дебелки времетo не ми влијaе нештo пoсебнo мене. Инaку бебевo уште си дреме вo ребрa нaпикaнo нејќе дa се пoмести и ниту јaс немaм aбер зa рaѓaње. Сaкaв дa ве пoкaнaм нa чaстење кaј мене зa мoјaтa првa гoдишнинa oд брaкoт имaјте пријaтен ден мешли
Од 4 месец ми трнат рацете без престан, знаеја понекогаш и доле во ногата кај листовите да ме фаќаат грчеви и секојдневно сум со магнезиум. Но пред 3-4 ноќи почнаа чудни грчеви со јака болка на левото колено напред и назад од задколеницата нагоре по ногата и тоа 10 пати минимум во една ноќ (пискам, плачам, мм ме масира ама многу е болно и дур да помине губам здив од болка), капнав за спиење се плашам и да си легнам женчиња. Кажувајте спас
Колку магнезиум пиеш? Да не треба повеќе да зимаш... мене сега опасно грчеви на листови ме фаќаат, вчера па и на стапалата... ама па јас го прекинав магнезиумот и затоа...
33+5 сум а пијам магнезиум директ 2 пати на ден од 375мг, а покрај тоа заборавив да кажам и дека недела дена ми трепери капакот од окото по неколку пати дневно и ме држи по 15-20 минути лудница сум.
Па што знам, реков на лекар не пијам... ми рече океј тогаш пиј само премама и феррум лек за железото... имам само рано сабајле, недај боже да истегнам нозе после спиење, такви прави ке ми останат згчрчени со болка
И јас го прекинав магнезиумот кога влегов во 36 та недела, демек да се отворам побрзо и побрзо да родам ама немаше врска се породив 40+1 со провокација. Згрешив што го прекинав, одма почнаја да ме болат мускулите на нозете. Мој совет ти е да не си го прекинуваш. Мислам дека магнезиумот нема врска со раѓањето побрзо иако некој гинеколози советуваат да се прекине во 9 ти месец.