Затоа што ми го сметаат како последен ден од 34-та недела, а утре првиот ден од 35-та. Хаха, ти ептен си подранила со стравот. Мене повеќе ме паничи помислата да не не бидам спремна по дома со перење, чистење и сл. Или пак да не ме фатат породилни болки додека сум на работа
Го направив и јас прегледот кај Драшко ама дома кај него во пп во приватната ординација шо му е 1500 ми зеде убо детално си кажа и ми ја пофали ќеркичка дека како нејзе до сега бебе не го измачило се смеј ми вика инает голем ќе има.. Ми рече уште еднаш да појдам ама мислам нема потреба се си беше ко шо треба...
Не џн Не знаев дека Др Драшко има приватна ординација. Да знаев сигурно немаше да одам во систина на преглед. Како му се вика ординацијата и каде се наоѓа?
Со лесно на сите мешиња,беб енцето мое за некој ден три месеци ќе прави дада само го гали о бакнува ептен го сака а и он ја види и се смее веќе не штепознава. Уживајте галете мешиња, после следува најубавото ,не се плашете од породување оти со тој чин се раѓа нов живот.
Значи не можам веќе со овие несоници И така ме маваат хормоните, се некои таги си осеќам , вчерс и солзи ми доаѓаат без причина... Се вртев во кревет до 4, заспав и во 7 и пол сон ми скршија и толку Не сум наспана, а најтрагично е,што и не можам ни да спијам...чим ми избега сонот толку Имало ли некоја со вакви маки? И кога се движам осеќам тапа болка во лев јајник, дури и како ногаа малку да ме грчи ок ли е тоа ? убав ден трудници
Несоници уште немам ама нормални се лудо. Хормоните до плафон и тоа е тоа. Кај мене болките се во десен јајник. Таму притиска матката веројатно. Сега се шири уште повеќе. Скроз доле ми е однесен, кај кикириката. Во некои положби ми ја снемува болката, а во некои едвај се исправувам. Ќе помине кога ќе се породиме. 2300-2500. Како обичен преглед.
@ludoto19 кажувај ми за несоници Мене ми се случува скоро секоја ноќ следново: ќе си заспијам нормално, во текот на ноќта ќе се разбудам за во вц (нормално нели) и после тоа не можам пак да заспијам и си чмаам будна до сабајле. Ама редовно истово ми се случува значи, смачено ми е веќе од што сум ненаспана Ќе спијам до кај 2-3, ќе се разбудам и блеам во таван будна до сабајле, додека да станам за на работа. Тоа е, хормони не се зафрканција. Ќе помине ајде Инаку, болките се нормални, мене секаде ме боли веќе Те лево, те десно, те од страна... Не можам во кревет да се свртам од една на друга страна од болки. Спиењето ми е најмачно, тогаш ме боли буквално се. Особено грбот и кичмата Вака преку ден, дека пораздвижена изгледа, не осеќам нешто многу болки. Ама штом легнам, Господ го гледам. BTW, јас денес ќе ја видам бебушка, цел месец не сум ја видела, едвај чекам
Јас сум 30 недела со близнаци , од 5 месец почна несоница веќе ми стана нормално да си седам будна цела вечер. Веќе ни положба не можам да најдам боли кичма боли долу боли кај јајници овие две во стомак мрдаат 24/7 клоцаат . Ми дадоа утрогестан да пијам заради крварење и ми рекоа да ги пијам навечер зашто терале на спиење и се израдував дека конечно ке поспијам ама јок , не делуваат на мене за спиење
И мене и ми се лоши немам сила за ништо многу ми е лошо .. Можеби од слабото железо? Утре морам на трансфузија
До толку е лошо? Си пробала ли со суплементи да ја средиш крвната слика? Те читав во некоја тема дека јадеш само еднаш дневно. Нема да се здебелиш ако јадеш свежа и разновидна храна, така и железото ќе се покачува.
Нее не сум пробала ми рече докторката морам 3 пати на трансфузија бев минатата недела ама бев дехидрирана веднаш ми посинуваа вените и ме закажа за утре ми рече да пијам течности па да пробаме пак мн се плашам
Женска ме збуни иста сум хроника ненаспана не памтам од кога. Си викам кога пишав јас хаахха скрос иста приказна сме. Заспивам за 5мин кома ама после 3 а максимум 4 саат станувам за во WC (мочла невидена хахаха) и крај на приказната со спиењето и после на работа накај 1-2 кога ме фаќа криза ми се плаче.
@mariz како се вика кремата протов стрии,и дали има ефект ,каква реакција да очекувам печење,жежење имам неколку на спојлерите па сакам да купам да ја пробам.
Ти ја пишав првиот пат кога праша... може не си видела. Риластил, незнам дали сами исчезнаа или таа ми помогна... кога се мачкав исто ме чешаше како кога пукав, прво мислев алергиска реакција да не имам.. но изгледа дека помагаше ме чешаше. Два пати макс во денот се мачка, дека е јака.. така пишува и на неа, не пречесто мачкање.. (Минатото мислење е преместено во темата за стрии, затоа не си видела)