@Snow white како што читам, најмногу стрии се појавуват на крај и по порагај. Јас се мачкам, ама онака мрзливо Кога заборавам, кога не... ама гледам како што минуват неделите, апликацијата ми наговестува да сум малку поактивна. Од 25 до 27 недела, од фудбалерска топка ќе имаш кошаркарска топка, така да гледај си
Здраво, јас денес на контрола бев 30+3 сум и нешто не ми е јасно . Дали е возможно цервикс да се скрати па да се зголеми???? Прво ми мереа 20 мм па 16.6мм и денес ми викаат 27мм ???? Нешто не ми е јасно . Примив инекции за зреење, магнезиум ×2 дневно , прогестерон на 72 часа , утрогестан
Имам читано дека може. Затоа и препорачуваат целосно мирување кога е скратен, за сам да се регенерира.
Во текот на моите паранои и непреспани ноќи во 1 и 2 бременост, кога споредував милиметри и центиметри, такви статии прочитав по медицинските журнали. Лично искуство немам.
Значи 3 различни доктори ми измерија различни димензии на цервикс ако отидам на 4 мислење којзнае колку ке ми го измери тој . Да беше мала разлика ок ама од 25 мм на 20 мм па на 16.6 мм и денес оп 27 мм ???
Добар ден милички јас најдов повеќе време да ви пишам сега денес бев на прв скрининг бебуш супер напредува , мрда ли мрда нема ни убава мерка од должина што не знаеше да застане да го сликне докторката , скрстени ноџиња да се крие ама курето му го видовме докторката рече дека му дава фора до 16 недела да се предомисли за полот (што не е можно ама можеби да видовме погрешно) хематомчиња два ми стојат ама утрогестан нема да продолжам со ставање ,сега за сега си останувам на се што е домашно и природно без дополнителни витамини , черепот е затворен супер е , носна коска исто супер ,со рачињата тупаници си правеше минијатурното човече па и лајк ни покажа колку чудно и Боженствено е вака на ехо го гледаме како бесно ,журка си прави а вака реално не го осеќам сеуште 13,2 недели по менструација а по големина на бебе 13,4 недели ...се израдував по 3 недели си го видов човечето мало , за женско си имав бендисано количка ,алиштиња и име имавме кажано ,амааа ништо пак ќе си имам син и сега бојата ќе ја мењаме за количка и алишта ,а име допрва ќе мислиме Аха ,заборавив да пишам и приска 1 прв пат до сега и јас проверив резултати во понеделник кај матичната ќе пратат . А трансфузиологија за испитување д-димери и хемостаза кај се проверува? Заборавив да прашам, а на упат само трансфузиологија пишува кај Виолета тоа на 15 ноември во 11:10 ми закажаа тамо и уште утре крв и мокрача таманка ќе видиме како и што , а од брисевите во вторник резултати ќе знам малтретирање ми беше денес како никогаш до сега , од гужви ми се смучи катастрофа низ ГАК .
Ќе почнам да се мачкам мрзливо немрзливо то е шо ќе прајме ние сме топки хехе и на лице и во мешето ххихихи
@Snow white мене воопшто не ми се појавија стрии на стомакот, ни во бременост ни по пораѓај. Ама на бутовите ми се појавија неколку и неубаво изгледа.
@facule колку што знам, 10тици страни понапред некои феминки пишуваа дека многу зависи дали бешиката е полна/празна. Според се прочитаното од форумот мислам дека не може да се зголеми. Само да се одржува во таа состојба и да не се намалува така интензивно. Најпаметно е ти да си мируваш и да си продолжиш со терапија. Кај мене матичниот предложи воопшто да не меруваме во см/мм дека секако заради близначката бременост ќе биде скратено. Само да бидам умерена во движење и да си настојувам на повеќе одмор. @Snow white треба некој аларм да си навијам на тел да не заборавам
Здраво девојки поретко пишувам но секојдневно ве читам денес бев на преглед го видовме синко машала пораснат ми се виде обравчињата ги наполнил но денес бев со мојата ќерка го виде батко и смисливме и име викна мама еве го Марко поздрав и галете мешиња
И моето машко како божем беше таа недела.. и тоа 80% машко Ама 16та нед испадна дека е дунда хахаха Битно да се живи и здрави Само тешко тебе со три снаи
Јас денес проверив скриен шеќер, крв и мокрача. Се е во ред За стрии се мачкам од почеток на бременоста, немам нигде. Сега веќе почнаа на градите бледи да ми се прават Ама тоа е што е да сме здрави и живи