Ајде ке ве подружам уште 1,2,3 дена Убаво ми е, да уживам со меше уште малку, може последен пат со меше ке ми е (ако не се одлучам стварно за 3то) Како и да е денови се во прашање, ептен сум возбудена
Еее ич да не му ја мислиш да одиш и на 3то јас сакам му викам на мм сега еве едно после уште едно по 1-2 години и после пак по 1-2 год уште едно трето тој па нејчи толку Таман ќе не дружиш повеќе време <3
Хај мешковци,јас од вчера со контракции,ме задржаа во болница една вечер и ме пуштија денес Цт беше мирно па побарав да си одам Таман дојдов дома пак болки Сега ке чекам да видам како ке е,во болница не ми се враќа Добро би било да поседи бебе уште малку ама што е тука е И за него ми е жал а и за малата а мора само да лежам Е така било да си мајка не е лесно воопшто ама најубаво @mariz со лесно
Фала Мари И на тебе со лесно ако му текне на бебо да излегува Имам и јас некои грчења, ама чудни се и неможам да сфатам дали се контракции. Сабајле на цтг имав 3 контракции до 80, а така мало грчење имав само..
Ние бевме на скрининг детето мое имало големо куре , надарено ми било, машала виксм на татко му си е , хаха инаку ми кажа дикторката дека неколку дена покасно зачнато, почетокот на март ќе е, хмм ме збуни тоа, како мојата докторка не приметила тоа не знам ? Инаку сме 431грам, и здраво детенцето си е плацента на преден зид,лесно нехомогена, што е тоа женцки ? Убав ден
Охооо јас до вчера пеглав на рати ако треба ќе препеглувам ама нека си бидат спррмни за секој случај. Количка и транспортер исправ исушив и стојат во кеса за секој случај.
Со лесно мила Ако се породиш на 31 ви да знаеш од Комерцијална даваат штедна книшка за детето со 5000 денари
Бидејќи 31-ви е ден на штедење и даваат таква Верверичка секоја година на сите деца што се родени баш тој ден
Не верувам дека толку ке издржам Ама никогаш не се знае... еве болки од кога имав и мислев до сега дека ке бев породена... а абер немам. Но после ваг преглед денес си давам макс 3 дена... и дадичка здравје ке има штедна таму, а дали ке ни подарат 5илјади или ние ке си ги ставиме, ке видиме
Дека со второ обично побрзо оди, затоа... и помалку боли, според искуствата на повеќето жени што ги знам. Ќе биде, ќе се гушкате, само се да помине во најдобар ред. Каде ќе се породуваш, одлучи? Дека не сакаше во Чаир.
Во Ремедика, таму ме следат веќе 2+ недели, односно еден др ме следи.. тој и ке ме пораѓа, Стојковски. Се е највеќе до мојата соработка, а осносот е супер... така да мислам убаво ке поминам
И јас овој пат имам проблем со контракциите јас мислев имам така нормални болки а тие до 50 на 8 мин ги имав Не очекував да се така дека со кере едвај ги издржував @ALISA0000 36+ сум,не сум баш на термин
Бев на вториот скрининг кај Димчев, се е ок, органите убаво му ги гледаше, ми рече дека немам потреба за дополнителен преглед на срце, ама ако сакам ок. Најверојатно ќе го направам на нареден преглед, нека има, нема да е на одмет. Туку Димчев ми кажа дека бебето е поголемо за 1 недела и сега малку ме збуни. На прегледот јас бев 22+0 по менструација, а бебе одговара на 23+1. Кажа само големо и долго бебе. И ништо друго не ми кажа по однос на тоа. Ја дека имав читано за гестациски дијабет го прашав дали да испитам дека може од тоа да е поголемо он вика како сакаш, бебето вика од сам старт си е понапредно и на предходната контрола и пред тоа во 12 недела, дека јас сум висока итн. И сега ме интересира нормално ли е да е поголемо и што значи ако е поголемо.
Здраво мешиња , од кога почнавте да купувате алишта за бебушите,јас уште од трети месец сакам се да му купам уште сега ама сите ме караат демек рано било не се купувало ама од пусти мерак ми иди сите пари да ги потрошам на него хихихи
Обично рачунаат според последна менструација. Таму каде имало касна овулација од старт им го корегираат терминот и им се кажува 7-14 дена плус. Оти едноставно покасно е зачнато е се очекува покасно да дојде на свет. После првичните прегледи се менуваат мерките бо зависност од генетските предиспозиции, што сеуште не значи дека треба терминот на пораѓај да се смени. Детето ако си е недела плус значи мама или тато се големи и генетиката си игра улога. Не сме сите исти па и бебчињата не идат со иста должина на свет. Така да нормално е. Димчев е малку скржав на зборови, ама штом рекол се е ок, значи е ок. Се си е супер. Гали мешето.
@Mari* штом си 36 недела полна можеш да се породиш, така вика докторот мој, ако си пред 36 ќе ти го рачунаат пред време родено. @Bebence01 јас прв пат купив во 3 месец кога ми кажа што носам, после тоа во 7 си до купив некои работи.