па незнам во мк се е мозно, посто се приватни сендвичарите па како да го потрошат и расипаното и плус да земат пари за то
Мене ова со гадењето ми трае и трае , имам гадење од секаква храна . Од самата помисла на некоја храна ми се ..... Знам два дена по ред да си спремам оривче да ми е вкусно , после не можам да смислам ориз и така Не ми е лесно За кафето исто , си пиев по едно на ден макс. две , сега ни тоа .... Сега повеке јадам јаболчиња , круши исто , со малово знаеме да седнеме и да си грицкаме Инаку пред да дознаам дека сум бремена во фрижидер си имав пиво , сект и така сеа тие работи ги баталив од прв ден , вината по другарки ги раздавав Шта чеш
Уф блазеси ви што ви е некоја храна одбивна. Мене уште повеќе ми се отвори дизната. Не ми смета ни кромид кога се пржи. За мајонез по сендвичари да, ризично е, не само тоа, туку и месото и саламите. Само дома јадам мајонез и саламче. Мене ми тежи на совеста од лани, негде почеток септември беше, кога бев бремена... кога дојдов во МК и ај да се видиме со една колешка, и двете сме си со апетит, и ај кај ќе одиме, ај во сендвичара, и ај што ќе нарачуваме, бејкн бургер. Јас мислев дека тоа е само сланинче и кашкавалче и помфрит. Јас останав надвор да фатам место да седнеме, другарка ми влезе да нарача. Кога излезе со сендвичине кога видов што е, лелеее, ама пусти стрв и што бевме гладни, викам ај ќе го јадам. Значи имаше и плескавица и сланина. Значи после шетавме 3 саата, додека стигнав дома и ништо не ми беше. Леле вечерта се истурив од повраќање. Температура немав. Се се чудев да не ме фати тровање од сендвичот, ама тровање да беше одма ќе ми станеше лошо, максимум после два саата, а мене после пола ден уствари. И после 3 недели тек се случи тоа што се случи
знајш шо ти мене ме пристрви со сендвичов а овде нема такви сендвичи како во мк има само од мц доналдс со плескавица како книже немем мк сендвиче каснато година и пол ааааааааа
Ич не ти ни треба тоа, јас од тогаш во сендвичара не влегов од шубе. А што има овде 3 парчиња пилешко поховано со еден куп компирчиња, мммм. Утре здравје мора уште една таква порција пред постиве да кркнам
поздрав и од мене што се однесува на храната јас гледам многу да пазам докторица ми посочи салами сланини, колбаси кремвишли....никако од проста причина што не се здрави содржат конзерванси хемиски додатоци и сл. така да гледам да не конзумирам. периодов сум ослабнала од што немам апетит а и ми се гади неможам ни да јадам, се трудам овошје салати млеко сирење и месо (телешко, јунешко, пилешко или риба) да јадам , количински не ми се јаде многу затоа и сум подослабнала алкохол и цигари НЕ ! многу и не треба да се каже зошто исто и за кафето чудна работа порано уживаааввв во шоља кафе со млеко сега неможам ни да помирисам .......... офффф што уште нема да ми се смени во организмов
добар ден мамички како стее... ние денеска супер расположени само шо се вративме од контрола... си го видов срцето мое убаво колко си мрдаше си играше внатре се е супер добро си напредува дури и напредно е за неколку дена како таткото ќе биде..докторот ништо посебно не ми направи ништо не мереше .. само прегледа желудник срце бубрези рече се е во ред тоа ли е скрининг ??? .... ни крвна слика не ме пушти да направам. јас сама на своја иницијатива си отидов у лабораторија само малку железото ми е намалено ама си пијам од тие витаминските.. иначе за белото прање ми даде POLYGYNAX (полигинакс ) има ли некоја искуство со тие вагиналети.. поздрав до сите убав денн
Јас сум ги ставала неколку пати Полигинаксот вагиналети и помагаат доста. И мене ми ги препишаа во бременост, ама мене некако шубе ми беше, а и мноооогу малце имав бело прање, па не ги ставав. Инче огромни се, колку охридска цреша се. Дури да ги напикаш...
да бе жолти а големи ко миндел море многу поголеми.. а сега ми е намалено ова прањето ама оти ми беше кафено тоа се секирам јас.. докторот рече не биле штетниза бебето а 6 вагиналети се.. сега додека да се убедам да ги ставам.....
добар ден и од мене ние денс сме добри,наспани а и минатата вечер конечно јадевме после две недели малце поповеке јадевме можеби помина веке тој неапетит што го имав а и неидешее така јадев многуу налце па и тоа ке го повратив и се ослабив дури ко де бев дебела па ослабнев денес ке ги земеме резултатите од крв и мокрача па се надевам на позитивно, исти така од денес си пакувам куферче и среда со господ напред идам за дома се надевам нема некои проблеми да патувам бидејки се е ок со нас и 8недела бременост не е опасно и тоа... поздрав
Добар ден и имајте прекрасно попладне од мене и од синчето! Денес нешто е многу мирен, очигледно повеќе сака да спие. Со жешково едвај се справуваме, ама ајде викаат ќе заладело од другата недела. Планираме другата недела да идеме до Дојран, да го исончам малку стомачево...
здраво и од мене мамиЧки ве Читам јас редовно,сакам да ви посакам на сите убав ден скријте се под некоја сенка и узивајте си ве гускаме со мојата принцезиЧка
Здраво женички! Ми треба совет, мислење, лично искуство што год....10 недела сум и во 6та кога бев за срцева акција Др рече дека гледа две постелки од кои едната со плод и срцева акција а другата празана(предходно во 5 недела гледаше само една постелка)и рече дека е премногу рано да каже дали ке бидат близнаци или постелката што се создала покасно ке се повлече... .следен преглед тек у Септември...значи неможам да седам мирна си направив цел филм дека се стварно две и би ми било од помош ако некоја што има слично искуство сподели со мене фалааааааа
жени дали ве факаат жештини како на бранови.мене еве веке два дена одвреме навреме ке ми дојде жешко и ке се препотам наеднаш абе ко да сум во климакс а не бремена.и пред тоа ми беше топло ама не вака па си велам да не нешто не сум ко што треба?!
аууу страсна работа е ова моево потење од еднас ке се направам мокра како од базен да сум излегла а по некое време ладно ке ми стане
на што личи ова........ една ај да не речам глупача еее кај ти е ма стомакот никаде ти го нема јади јади да ти порасне стомакот и цел ден за стомакот кај ти е кај ти е ццццц ... Бог да чува и да бране абе шо е работата со овој народ
добро е ,не сум била пореметена. пожешко беше не се препотував олку.хормониве изгледа побудалеле а и потешка сум па можеби затоа ми е вака.уште еден месец ке протуркам некако.
нормално е стомак да ти се познава после 18 недела, така ми кажа гинекологот. И јас немав и после 17-18 недела си почна машала одеднаш. Ти речи и , пумпата за пумпање ми е на поправка, ама на такви глупи не можеш да докажеш. Ти јади колку ти се јаде не се претупанувај. Ко ке почне да расте тоа нема стомакот да ти е од јадење него од бебушко.
така е душо ама нели ќе те зјапаат во стомакот како улави и реков да ја праша мајка и колкав и бил стомакот кога била со неа бремена