Ние кречевме летото. Ако го оставев тоа за сега лелелеле! Планирам да викнам жена за чистење некаде пред пораѓај. Спалната мм ја гланцна - правевме нов распоред и се се премести и избриша Допрва иде период на работа Јас битно прашаче зедов, па полека полека ќе почнам неделава
Јас си закачив хемороиди среќа што имам испеглано се инаку сега нема шанси за долго седење. А почнувам и по некои менструални болки да си добивам, посебно во спиење, па само се вадам од памет. Валда е нормално, едвај чекам петок да одам на контрола. Синко во меше игра фудбал
@mariz @Mari* Со лесно мамички. Мариз, амниоскопија ти правеле. Со тоа железното, амниоскоп се вика, се влегува во грлото на матката и се гледа плодовата вода.
Здраво на сите, пред два дена направив тест и беше позитивен, навистина се израдував. Денеска бев на гинеколог, според вагинално ехо утврдена ми е бременост во 5та недела, меѓутоа докторката рече дека се гледа само гестациската кеса и дека таму треба да се формира плодот. Не ми кажа ништо друго, само ми рече да одам на преглед повторно за една недела. Ве молам некој да ми каже дали некој имал слично искуство, односно плодот да се види на ехо во подоцнежните недели? Дали мислите дека 5та недела е сепак рано за да се гледа плодот? Видов на интернет дека постои т.н blighted ovum, односно празна гестациска кеса, за жал тие бремености обично завршуваат со киретажа. Се надевам дека кај мене не станува збор за нешто слично. Ве молам за ваше мислење.
Таман си е за 5та недела. Срцева реакција и плодче ќе видите после 5та , т.е 5+. Таман за една недела.
Да беее така беше, знам на А, кажа докторот ама заборавив фала @sweet.november јас кога бев на гинеколог првиот пат после позитивен тест имав дури една минијатурна точкичка, ни сакусот не беше толку голем.. а камо ли плодче да има внатре Но еве го тоа плодче кое утре, задутре ке се роди Позитивно само, нареден преглед и срценце ке си слушнеш
Земав течен персил. Омекнувач не планирам за почеток - така кажа и докторката во Систина - да избегаваме на почеток.
Прво со лесно, второ без црни мисли и читање по нет. Многу е рано да се види плод, следната недела да ќе има плод, јас со ќерка ми отидов така на гинеколог, и ми рече џабе доаѓаш ништо неможам да видам, зошто брзате за преглед почекај да биде барем 6 та недела да видиме плод, а можеби и срцева акција. И така беше кога појдов на преглед во 6 та недела имаше и плод и срцева акција. За оваа бременост направив тест позитивен беше, и отидов на преглед кога ми закажа докторот и си имаше се и плод и срце и жолчно ќесе( кое јас го мислев дека е друго бебе, циркус). Јас денес и вчера супер, денес мм ми помогна околу домашните обврски исмука, кујна пребриша и ручек плескавици ми направи, јас компири пржев. Да ве прашам како стоите со секс? Јас со првата бременост несмеев многу сакав, сега смеам ама ич не ми се сака, ако не е мм да не посети јас ништо. Ај доста е, имајте пријатана вечер.
@duffi @mariz @Пчела Ви благодарам девојки, навистина ме охрабривте Сега до следниот понеделник нема црни мисли, и нема читање на интернет. Се надевам следната недела мојата радост ќе биде комплетна
Женчиња полека и јас почнувам со припрема 34+ сме. Е сега сакам да прашам бидејќи сите ми препорачаа влошки да земам Вир 80, а золва ми ми спомна дека треба да се пеглаат со пегла, кажете ми искуство со ова? Оние кои не им е прва бременост, ги користевте ли, ги пеглавте ли?
И јас немам здив, се осеќам како мецана. Срце лупа, сработи 5мин - 10седи А за 3дена влегувам во 30недела Едит: Мешковци да ве прашам, кога мешето ви се стврднува (бебе кога го прчи газот од едната страна) дали наеднаш ве фаќаат тахикардии и отежнато дишење? И потоа кога ќе си се намести се е нормално (ама објаснив)
Влошки за пороѓај Незнам како се викаат, ама дека се пеглаат прв пат слушам, тие се како памук со газа. Цик цак мислам се викаа.
@alisijad Веќе ги имам купено сите ми ги препорачаа и една бабица ама само золва ми спона дека требало да се пеглаат па тоа ме збуни.
Вир од едната страна имаат мушамка за да не протекуваат и затоа мислам дека се подобри од Бони, иако јас и двете ги користев оти не крварев многу. Не сум пеглала влошки и прв пат слушам дека треба да се пеглат.
Тоа за пеглањето имам слушнато дека било за мрежата да не се вади или кини. Ама на краај нема врска, пријателка моја проба не виде ништо +
Во ремедика такви ни даваа и никој не спомна пеглање. Мене ми беа подобри од бони(ги пробав дома кога дојдов), заради тоа мушамчето што го спомна некој погоре, повеќе задржуваа.