Хаха леле како јас да се читам на почеток кога бев трудна,ма ни мирис не ставав,кожната јакна не ја носев а само што ја купив од што неможев мирисот да го трпам,како си идев од работа сите комшии знаев што имат за ручек,ма само лежев,плачев и се гушкав со шољата ,мислев дека ќе умрам.Си викав вака ако бидам цела бременост незнам како ќе издржам,ослабнав ,ама после 14 недела веќе се вратив на прав пат
Сестра ми Кукле се породи во Ремедика само едно пакетче си носеше има таму ќе ти дадат сигурно за дома ќе ти треба отом потом ќе си купиш...Јас и хистероскопии и скречинзи ми даваа тие улошки во Ремедика така да не ти трбаат за во Систина
За дома ми беше муабетот. За во болница знам ќе ме подмират. Кај ќе излегувам после да купувам, а башка мм можам да го замислам како купува тоа во аптека
И јас сум во план за зимава пончо да си земам, каква јакна џабе ќе ја купам, пончо најубаво. Ајде уште 16 дена и ќе си го видам бебето, едвај чекам. @mariz ти која недела си?
Оооо да видиш како ќе купува ич не му се секирај Според мене бони се подобри зошто даваат да дише кикириката, а дома кога ќе си дојдеш од доле може да си ставиш со крилца. Јас така правев Првиот ден наредив у болница 3 на мене да не случајно протече и ме искараа дека со една ми е доволно, и така беше. И инака ќе одиш у вц често од течностите па ќе си менуваш по потреба
Греота е да се жалам дека одбива да оди и да купува Ама смешно ми е - го замислувам што кажува и што бара во аптека
@kukla21 Вир80 да си купиш, подобри и поквалитетни се од Бони. Јас се покајав што зедов еднаш Бони наместо нив, ужасни беа, конци висеа на сите страни, нонстоп се изместуваа, а мрежата излегуваше. Вир80 на Тосама имаат плус и најлонче на долната страна што те спасува од протекување. А обични влошки со крилца не се препорачуваат на почетокот, тоа понатаму кога ептен ќе намали крварењето и кога раните ќе зараснат, небитно дали си царски или природно породена. Не за џабе има специјални влошки за леунки, тие со крилца си имаат друга намена.
Фала ви на сите за советите - ќе имам предвид и тоа да купам. А си реков готово со купување - уште цуцлиња, шишенце и козметика.
Ее добро е значи не сум единствена Иначе дами и јас не купувам јакна, термин ми е во јануари. Па и така не одам кизне каде, да одев на работа ќе мораше ама вака ќе го ладам мешко на снегот
Како сте денес ? Јас еве недела дена секој ден мерам 3 пати во денот притисок и цело време ми е 98/60 па 96/68 па 95/65 и се така а пулс од 68 па нагоре до 90 ,не осеќам потешкотии освен болки во очи и главоболки некогаш и неподносливи со обилно повраќање , се заборавав матичната да си прашам пијам и кафе и се ама не се мрда притисокот а плус ми кажаа да пијам магнезиум за да немам грчеви ( а немам грчеви ама да не почнеле) дека трето бебе па затоа било можно да имам порано грчеви , а од магнезиум ми паѓа уште толку притисок и што ќе биде од мене морам да си трпам Како и да е имајте убав ден јас отидов да спијам
Јас и го земав пончото на мајка ми, јакна не купувам. Ќе се снаоѓаме некако. И јас не одам сега на работа па и не е страшно. Инаку мм ми има купувано такви влошки после хистероскопијата. Па и дојде лут дома, го изнервирала аптекарката, не можел да и објасни, т.е. она не го сфаќала А да си прашам, и после царски би ни требале такви влошки(за дома)?
Мене маж ми ми купуваше влошки и после пораѓај и кога имав менструација уз пат ми купуваше без да му кажувам само кажував треба да ми дојде да идам да купам и вика чекај јас ќе ти земам , и за млеко кога имав премногу за во прслук влошки ми купуваше , и тестови за бременост он купуваше не се срами мојот нема гајле @Minnie-e мислам за после царски нема потреба за такви влошки ,ама зашто да не ги користиш барем првите 3-4 недели ,по меки се и не доаѓа до исфрлување , диши кожата поубаво .
Ќути не да е смешно, едвај се воздржувам да не се изнасмеам. Уште што нема купувано од аптека - од тампони, до тестови за бременост, упати и боледувања од матична строго он зема (најсмешно ми е со сите трудници коа ќе го замислам у чекална). Али никако смеење пред него, оти толку. Му викам читам јас по форумот сите мажи идат така. И слуша Едит: Да не бидеме погрешно сфатени, НЕ го малтретирам затоа што сакам туку затоа што во тој момент едноставно не можам да отидам. Не верувам дека ако некоја од нас ќе одмине аптека, ќе си дојде дома и ќе го прати маж и по влошки.
Идат усрамени, поцрвенети. Сто пати се препотуваат додека кажат и како да кажат. Не би да го праќам. Не е поголем маж ако купи или не. Овие работи си ги завршувАм сама.
Мојот е истрениран, нема гајле. Редовно улошки ми снемувало во 11 навечер, па кој друг ќе оди ако не тој Исто и по вагиналети.
На почетокот на бременоста некаде до 3месец имав мн низок притисок знаеше да падни дури 85/48 глава од кревет неможев да кренам. И после како што влегов во второ тромесечие така и притисокот се стабилизира. Сега не мрда од 120/80 Иначе и маж ми не се срами да купи влошки или некоја др "женска" работа. немам проблем