Јас сум веќе 14 +1 недела и се вака уште дреме ,ваљда се се оправи притисокот зошто светска мрза да се натпреварува со мене во мрзливост јас ќе победам
@Minnie-e јас бев со царски и користев вир влошки. Такви ми даваа во болница, па си продолжив и дома. Инаку мм купува се. Влегува во виола во бисер зошто е прв другар(ептен редовен муштерија) со аптекарката и се советува. Го пратив кога си дојдов дома да купи се враќа со бони - тоа аптекарката го убедила дека по ефтини.
Што убаво било да им отидеш на работа така на кафе да ги видиш.. хахаха... Бев денес да им однесам боледување, шефот вика што бараш тука, пази се.. јас му викам зарем не ви недостасувам, да дојдам да ве видам? Хахахаха... Ме тинтраа, кафе, сокче, крувче ми исецкаа.. Пред тоа, кај матичниот му се пикнав преку ред викам само за боледување сум.. ама внатре кога влегов го замолив со срнечки поглед: "Ќе удриме едно ехо?" .. Докторот "Зошто?! Нели на 9ти си во Систина?" Јас: "Абе чудно ми е немам нешто симптоми, само малку градите и почесто мокрење и толку" Докторот: "Будалче, биди среќна што немаш мачнини во 9 недела. Не те знам ваква паничарка" Ама го убедив и си ги видов и слушнав бебушките.. Супер си се, едното 9+0 (2.3см), другото 8+5 (2.1см)
Добар ден мешковци Не сум пишала со денови, викам да дадам апдејт Супер сме ние, мрдаме, клоцкаме и се осеќа дека сме поголеми. Кога се тегне мислам цел стомак ми се грчи, ме боли дури Ако, нека си мрда, ќерка на мајка, само да ми расте. Едвај чекам на контрола наредна недела, да видам колку пораснала. Некако ме заболува доле ниско, како менструални болки, како на почетокот од бременоста. Почнаа да ми се вртат во глава глупости дека предвремено ќе се породам, бог да чува. Психа е страшна работа, особено сега кога не одам на работа, мозоков 100 на саат ми работи за глупости Се уплашив минатиот пат заради д-димерите што ми беа до плафон и стомачето на бебето дека беше за недела дена помало, и сега само глупости ми се вртат во глава, иако докторката рече дека воопшто нема простор за грижа. Е ај оди не се грижи да те видам. Додека не ја видам и земам во раце нема да се смирам. Уште 11 недели Инаку, гледам да се движам, да не залегнувам, нели дека дома сум. Се шетаме со мм секој ден, пешачам доста, ама навечер не можам да спијам од болки во кичмава. Колку повеќе сум активна, толку повеќе ме боли Со ноќи не можам да спијам, како зомби сум, не можам да се свртам во кревет од што ме боли и кичма и колкови, а и грчеви ме фаќаат на нозете. Ќе ја прашам докторката, ама изгледа треба магнезиум да зголемам, пијам сега само една кесичка од 400 мг дневно (на Алкалоид). И така, битно добри сме
Добар ден девојки, денес посебно матно ми е, имам некој крвав лигав исцедок, му се јавив на матичниот втора смена е, ќе одам да ме види, рече дека има голема шанса да ме паркира во кревет до крај . Ете ми го моето трчање, чистење, глупирање. Ама тоа е.... Синоќа едни 300 мисли ме навасаа, на крај дури се насекирав како ќе успееме со нашата кола (инаку имаме буба од 2001) да се транспортираме со две деца. За никаде сум
Девојки да ве прашам,бремена сум некаде 10та недела,смеам ли да користам спа центри,( џакузи,базен сауна) ?
Не се секирај и јас прокеварев и грло на матка ми се скрати ама сум под терапија и сега е во ред . Еее сега околу паркирањето во кревет...мене ме паркираа за среќа дома да лежам . Ако ме паркираа во болница ќе се мрднев . И јас трчав како бесна перев пружав готвев се товарев од продавница ама затоа сега не кревам од даљинско во рака
Убаво е да почекаш зошто превентивно да се чуваш за да не фатиш некоја инфекција некој феминки пишуваа за тоа фатиле инфекција од базени и после се лечеа.Но одлуката е твоја.
Консултирај се пак со доктор ама мене ми рекоа тоа никако . Базен да заборавам заради инфекции и прелада а џакузи и сауна ми рекоа да не помислувам . Пливање ми дозволија само во море .
Баш се разочарав сега,а сакав да си препуштам такво опуштање,после долг и напнат период. Предложете тогаш некое прибежиште,каде би можеле да се одморат двајца млади,на два-три дена Низ Македонијава.
Гинекологот вика резултатите од протеини, албумини, се добри, ама со овие отоци да не мрднам од кревет цело време да лежам. Жени абе грб ми се укочи од лежење како ли ќе се издржи незнам. 35недела сум, бебуш е 2500гр. нормално е нели не е мала. Свртена е со главчето надоле се надевам така и да остане. Се ни е во ред само ни рече плуќата уште не е доразвиена, јас не изреагирав кај гинекологот дури од после почнав цела во прашалници, страшно ли цел ден се нервирам. За колку време созрева, се ли ќе биде во ред, можам ли јас некако да го забрзам процесот? Цел ден ме тера на плачки, а докторот не го прашав како мачка да ми голтнала јазик не знаев у моментот ни како ни што да прашам, мозокот за ремонт ми е.
@mariz Честитки да е жива и здрава крофната Женски да ве прашам, деновиве грбот лом ми се напраи од бубуличкки ситни ме чеша ме корне... До сега сум немала ич... дали би можело да е од бременост, имала ли некоја ваков проблем и што да се мачка прави... Посекако ќе одам у на дерматолог.. Чудно ми е до сега не сум имала, сега како осипана
Кукла апликација? Каква што објасни ми. Јас реално многу се загрижив и ме фати дури и паника што не дај боже да му текне порано да се раѓа. Ум немам. Кога ќе созреат белите дробови? Дали некако можам јас да го убрзам процесот. Кукла ти која недела си? Честитки за @mariz гледам почнале честитките, кога пишала и каде незнам. Како помина женче?