Завршив итно царски.. малата ми е на антибиотик + кислород чатпат и во таа топла соба како ја викаат. Ке пишам во породилни приказни за некој ден... Јас добро сум, во шок уште зашто за 5мин у сала бев за царски, лекови за болкиве ставаат ама си боли, утре бетер Инаку пишав во темата се породив...
Од утре во кревет Контракции, ми даде чепчина и вторник на цтг. Малава е свртена карлично ако не се сврти38недела царски, ако се смират контракциите да дотерам до тогаш.
@ana-banana апликацијата за бременост што ја имам на телефонот. А ти гледам скоро 2 недели со термин си пред мене, 37ма тераш, не би требало да паничиш - во безбедна зона си веќе.
Нека е жива и здрава малата бебушка,ти посакувам лесно и брзо опоравување,жените сме силни , истрајни и храбри и тие со природно породување и тие со царски.... Се заборава секоја болка кога ќе се гушне бебушка. Господ дава сила на мајките,се ќе биде во ред.
Не 37 тоа по циклус, а по ехо сум 35 (немам редовен циклус ми доаѓа на 45дена отприлика) и баш пред некој ден прашував дека не ми е јасно како терминот ми го одредил докторот а терминот ми се фаќа во 38недела. А безбедна зона не е затоа што од денес на ехо ми рече уште плуќа да созрее. Му спомнав и за терминот ми вика ок си е- плус минус, тоа му беше одговор. Ама му викам нели 38 недела сум тогаш вика е ако де и збунка сум си и паника ме фаќа. Кога ти е термин и ти си 35? Јас точно од вчера 35 ја почнав.
Не се секирај , ако има потреба ќе ти стават дексаметазол инекции за зреење . Јас во 29 недела имав проблеми и примив инекции за зреење и др ми рече да издржам со бебињава барем до 33-34 недела па после можеле да излегуваат . Не се секирај толку не стварај стрес на бебето во стомак.. се ќе биде во ред
И мојот мислам спомна 33та ама си реков да не не сум разбрала јас добро. Иначе мене ми спомна за Кортико. Каков е тој лек? И тој е за зреење или?
Здраво мешиња, во оваа наша држава нема ништо во болниците, денес на дијализа Струга бев за да испитам преку крв калмидија и другите инфекции немало реагенси. Сега мора да одам Битола, ако сака некоја феминка да ми каже дали во Битола во медицински центар на микро биологија имаат реагенси за инфекциите, или број да ми даде? Би ви била благодарна. Да не одам за џабе од Охрид до Битола. Имајте пријатен ден. Се јавив сега Битола на микро, леле значи се на едно место да неможиш да испиташ чудо сме, немале реагенси за кламидија во Битола, а за рубиола и другите имале, добро е Струга што ќе ми испитаат кламидија па деновиве ќе одам за Битола, приватно во дарон 4500 ден е.
Од почеток на 8ми месец ме ставе на цтг.вчера покажа контракции, мали али сепак се контракции. Ми даде чепчина за смирување на контракциите и магнезиум. Јас искрено ништо не почувствував, ептем мали болки во половината. Битно се исплашив, малата се фатила за папочната врвка не ја пушташе. Докторката вика сеќава дека си исплашена и таа е. И еве ме дома од еден кревет на друг.
А нели е нормално да се има контракции? Оние лажните. Може сте фатиле некоја таква на цтг?! Јас од др.недела почнувам со цтг
Незнам дали ги фаќа лажните Штом докторката даде чепчина не ќе да се лажни Досега не си била на цтг.?
И мене ме легнаа во кревет бебево прави ѓурултии. Аман сакав да дозавршам што можам деновиве ама не оди по план и програма. На боледување сум, многу ме болат препоните имала некоја вакво искуство. Рано е за било што, 28 недела само што влегов. Уффффф како ќе се издржи до крај не знам. Само да се издржи до крај. Бебето е добро, свртено со нозете надолу клоца растура. Цервикс затворен, матката мирна, сега ќе броиме недели до крај
Јас сум 35+2 но веќе 4 пати ме ставаат на цтг. Др.Петановски кажа на секој 2 дена цтг кај матичната да правам. Нема контракции покажано, но ми се покажа недостаток на протеини во мокраќа, претисокот почна да се качува , почна да се намалува плодова вода, и мн отоци имам на нозе .... Бебушка моја да издржи уште малку да влезам за некоја ден во 9 ти и да закажуме царски затоа што е карлично поставена.
Како мислиш намалени протеини во мокрача? Па не ни треба да има протеини во мокрача. Не знам зошто не сум била до сега на цтг. Искрено не сум ни сетила лажни контракции (или толку знам да препознаам) Сигурно има некоја причина зошто на цтг ве пратиле, а може се работи и за различна пракса на докторот.
@kukla21 мојата матична сите во 8ми месец ги става на цтг. @Melinda85 јас сум 34+3 и моето е карлично.