Срцка пред 1 недела матичната виде дека имам отоци и ме прати да испитам мокраќа. Ми покажа ++ на недостаток на протеини . Потоа 24 часовна мокраќа испитував ја носев во лабораторија и на протеинурија ми покажа пак недостаток на протеини, а ако се губат повеќе протеини треба да се оде порано на породување ...А инаку и јас никакви контракции немам се уште осетено но ме праќаат на цтг. Срцка лежи тогаш штом така ти кажале, полесно ќе биди за некоја ден ќе бидиме во 9ти. Кај мене од почеток е карлично и нема сменето позиција убаво и е така
Мене тука ме ставија на цтг пред некој ден и ке ме ставаат секој преглед на 3 недели одам сега 29+ сум иначе. Нормално е све тука таква пракса имаат. И преглед со рака имам од почеток, па не ми е стресен, освен минатиот пат кога со раката во мене ми рече мислам дека сега му е главата доле, наместена. Се исплашив дека може да го осети. Сега само ми спомна добро е затворена си. Не збори многу само све е во ред и ако имам прашања објаснува убаво.
@mal.ecka вчера имав некое безвезно слузаво крварење и докторот се исплаши да не е од чепот. Не е, фала му на бога, ама ме стави на боледување и повеќе лежење.
Кај референтни вредности за протеини во урина стои -, значи не треба да има. Отоци обично се врзуваат со присуство на протеини т.е. бубрезите не функционираат правилно. Мене ми покажа последниот пат на урината и дигнав узбуна затоа што знам дека протеини во урина не е добро. Среќа после излегоа 3 негативни резултати. ПС. ++ да не ти означува присуство на протеини. И чичко гугл вика така се покажува присуство..
Не знам срцка што кажува чичко гугл, ми кажаа овие денови повеќе протеински работи да внесувам во исхрана за да не дозволам повеќе да паѓаа протеините. И така правам. Матичната и др. Петановски така ми кажаа и јас така знам..
Еми тоа е.. Бубрезите не ги обработуваат и доаѓаат во урината Место да одат каде требаат, тие се исфрлаат. Тоа што се исфрла ти рекле да го надоместиш со храна (она кое сега не ти се обработува) па да дојдеш на претходно ниво
@kukla21 ти си 35+. Цтг прaвaт нa 36+ a сaмo некoгaш пoрaнo сo некoјa причинa. Јaс имaв еднo вo 37+ еднo вo 38+ и еднo пред рaѓaње. Штo се oднесувa дo лaжните кoнтрaкции ги имaш, нo не мoрa дa знaчи декa ќе ги пoчуствувaвш.
Мами јас сум 30недела. Сабота сум на контрола, да му спомнам на докторот да ме видат на цтг? Се плаќа на приватно така? Од 28недела имав менструлни болки и стегање на меше, докторот кажа се е во ред нормално е ме виде на ехо (матичниот) но сношти имав менструални болки итоа така убави едно 2часа :/
И јас до сега не сум била на цтг, утре сум кај матичниот за брисеви баш ќе видам кога ќе ми закаже цтг, 34+ сум.
Зошто ти рекоа да лежиш? Причина? И јас имам болки во препоните и коската на вагината но ми рекоа дека притиска плодот и карлицата се шири...кај мене нагласени се болките кога лежам подолг период или лево десно кога се вртам во кревет и при станување газната коска(опашката) ме боли но чим проодам 3-4 чекори не ме боли... Зар можно е да имам контракции??? Имам и во кичма минимални но не се јаки и долги...Ноќеска само ко менстроални имав но по мокрењето ми ги снема. На 06.11 сум кај матичната уф...паники и страв ме надвладуваат...а 34+4 сум
пишав и погоре, имав некој слузав, крвав исцедок затоа ми рекоа да лежам. Ама сега и тоа престана,само болките во препоните останаа и тоа доста јако ги осеќам. А мојов доктор цела бременост се труди да ме натера да лежам ама сега изгледа ќе му успее навистина се чувствувам како без сила
Го И кај мене мали менструални и мали во половината, баш се чудев што тоа се контракции макар што не значи дека кај тебе се контракции.
феминки и јас не чувствувам лажни контракции а сум 33+2.. се потешко се движам и дишам..навечер тешко се спие има несоници и често одење во вц...сега денес и измрзнав затнат мине носот, грлото ме боли и температура 37, 5.... што може да пијам да не качувам температура
Сега за сега туширање, супа, лимон и топол чај. Од друго немаш потреба. Ако крева тт 38па нагоре на осум часа по 1 апче парацетамол
Само парацетамол. Ама 37.5 не е некоја температура страшна, ако е над 38 тогаш. Пиј чаеви, супи со многу бибер, лимон. Настината сум и јас. Шмукам лути бомбонки за грло и тоа. Не седам дома, Прошетувам на воздух, се раздвижувам. Ќе помине, периодот е ваков.