Чудно, ама и мене ептен брзо ми проаѓа време со темава и вас женцки да дојде февруари,и после се најбрзо ќе лета , наредни 4 и кусур недели денес сме многу поактивни, зема замав малото, се појако го осеќам, дури и татко му прв пат денес го осети Веќе не се крие хуху, Инаку најиритирачко нешто во цела бременост ми е мочањето Не можам да функционирам, па и навечер највеќе, ау дур заспијам 10 пати минимум.Јас и така локам 4-5 литри вода на ден, па плус и бременост, абе еден Памерс човек да ми тури Денес сум 23+3 според мојата докторка, или 23 според скрининг Која и да сум, на прагот на 6ти е убав ден женцки
Да ти кажам право неубаво се изјаснав, од што ме пренервира, требало некои документи од кај него, за породилно или не? Ај кажете што се треба за породилно, првпат ми е незнам.
И јас одев кај него,само за брисеви,крвна слика,упати и рецепти.А целата бременост ми ја водеше Љушевски,презадоволна. Пред 2год.се префрлив Струга кај др.Селман Цаноски и можам да кажам дека е супер доктор,постар ама има знаење и кога и да му се јавам за било што,секогаш е достапен.И што е најбитно работи со фондот и не наплатува повеќе од 100 ден за ехо.
Од памет сум извадена бе луѓенца ,еве цел ден осеќам како ментруални болки 25+ недела сум и малку се префорсирав со шетање ...докторкава ми вика не е страшно да лежам и да одмарам Ама дај кажете нешто и вие ,кога ви било вака колку ве држело и како ве поминало дајте утеха...
Убав совет ти дала. Напиј се магнезиум, одмарај, масажа од сопругот.... Мене ме опушта и топла бања, но водата да не е многу жешка. Нормално е, ќе помине.
Еве ме 2 дена дома..после 6 години дома без обврски,како паразит се чувствувам,ама за малата се што треба. Болки не чувствувам,се надевам чепчината делуваат,барем до 38 да истераме,со Господ напред.
Добро утро мешиња. Дојдов да си покукам. Притисокот ми паднал 60-40, како на оној свет свет сум. Обично ми е 90/60 или 80/50, ама ова и за мене е претеризам. После долго време и кока кола се напив, сега чекам со надеж да делува. Вчера пладнето се почуствував многу омалаксано, па му реков на мм да купиме, да се најде. Како да сум знаела. За беља синоќа правев еден намаз, имаше варено јајце во него. Уште го чуствувам мирисот на јајце во желудников. Цркнав од тежина. Капакот е опавчето, позади. Се укочив. Во втората бременост укочувањата стасуваа до парализа, целосна неподвижност. Тогаш веќе 7- 8 месец веќе бев, сега многу рано почнаа, 5ти сум уште. Оф леле, уште маливе да не чекаа на мене па да можев да одморам... ај белким остатокот од денот ќе биде подобар, денот да не се познава по утрото.
Мешиња хелоу И јас дојдов да кукам. Се укочив луѓе, едвај можам од кревет да станам. Ова со кичмава е се полошо и полошо. Малку да се размрдам, после тоа од кревет не можам да станам. Имам страшни болки Што вика @danichap дури до неподвижност стигнувам. Вчера малку повеќе шетав низ град, имав работа, и од синоќа не можам да мрднам. Цела ноќ не сум спиена, се мачев неколку пати да станам за до тоалет, до толку сум. Едвај чекам на контрола да одам, мора да се најде некое чаре за кичмава. Мене од почеток ме боли, од најрана бременост, ама сега во 7-ми е веќе неподносливо Не одам веќе на работа, ми рече и докторката минатиот пат, седење никако. А па мене работата ми е таква, неретко немам можност ни на пауза да отидам и седам полни 8 часа секој ден, а после дома умирам. Овие дена што сум дома е одма подобро, ама еве штом се раздвижам малку, после се укочувам. А сакав на јога да одам, малку да зајакнам мускулатура, олеснувало при пораѓај многу, ама тикви ќе одам Како се справувате/си ги олеснувате болките во кичммата? Смеам ли некоја маст да користам? Инаку, од денес 29.недела Времево ми лета, многу се радувам, ама па и гледам да го фатам секој момент и да го зачувам во сеќавање. Бебка шета по стомакот, се познава како оди лево-десно, ме изместува цела, а мм се плаши да гледа, вика како не те боли Ме подболува ко ќе ме акне незгодно, ама не е страшно. Прилично сум толерантна за болка, затоа и за кичмава сум загрижена, буквално не можам од кревет да станам, по 5 мин се буткам со рацеве А откако ќе се раздвижам, после можам и да трчам, гајле немам. Ама штом седнам/легнам, нема станување Ај реферати изнапишав, да не замарам. Битно добри сме Некако едвај чекам во 30.недела да влезам, штознам, некако ми означува некој праг, дека сум истерала доста и уште малку само ќе ми остане. Само бебка да ми расте како што треба и да не ме секира
И јас да покукам. Главава веќе 48 часа не се дава. Мигрена немало во бременост? ! Кој го кажал тоа, многу греши.
Со кичма т.е опавчето ми прави проблем мене ,кога седнувам мислам од болка црева ми се креваат ама ќе пројде ма да јас 15 пуни недели сум а вака веќе месец ми е и од ден на ден повеќе и повеќе боли , се си се тешам ајде трето дете ,тешко на карлицата па нормално ќе боли исто кога се движам ми е подобро ,ама матката тешка ја осеќам ...Ние сме жени ,а жените можат се да беа мажите тие што треба да раѓаат сигорно ќе бојкотираа за породилно од 1 месец да почнува и од кревет немаа да мрднат Јас да се се пофалам овој пат платата на мажов ја таксав за мене ,сакал или нејќел тоа му е си купив преубави и преудобни труднички дебели панталони и мека памучна кошулкаи гратис труднички дебели хеланки ми дадоа од бутикот гаќи омалуваат па си купив и гаќички убавки (не труднички ама удобни се и убави) и така .... Сега по шетање е време за спиење убав ден
Мами ајде и јас да чкртнам нешто. Денес се видовме со синко атер за аспиринот ама искористив и ехо Проверив Д-димери (1008 ) е и го прекинав аспиринот (шуќур) Му се пожалив дека ме боли меше некогаш вака се е супер цервикс 4.77см (пошто ми е на криво) а по него кога го измери беше 5см. И јас одма да го тестирам -бришев пенџери до сега Постелка прв степен зрела И толку имам за кажување
И јас денес истерав еден преглед без ехо ама многу скржави овие овде Имав некои мали болки па реков да видам до кај сме со синко Отворена 3цм и благи контракции ама не се уште оние за пораѓање Можело и една недела да терам вака Кога се движам имам јаки болки,кога седам нема ништо И кога одам во вц ме боли страшно стомакот ниско,имам чувство дека бебе ке излезе Како и да е спремна сум со се Исперено,исчистено,куферчето спремно и тоа Уште синко да реши да излезе и готово Искрено ми се смачи од болки и потешкотии ама ке издржам уште малку Гушки мешенца
Ве читам со кичмите и се ставам во ваша кожа Кузнај јас како ќе поминам овој пат. Со ќерка ми поминав лесно, ама баш откако се роди се зголемија проблемите со мојата ишијалгија и дископатија, па одев по лекари, ми доаѓаа местачи...многу мачно и болно Туку да ви кажам сум си нашла овошна паста за заби од лимон, хомеопатска на Билка, и сега можам и навечер да измијам заби
Фативте работа по дома и ве снема Се пере/пегла на велико Јас исправ постелнината и ја исушив во сушарата. Утре ќе се пегла; денес не стасав. Мм го намонтира креветчето - утре и постелнина ќе му ставам Последните куповини се завршени, остана уште играчката за на креветче да ја купам од чико. Чекав да се намести креветчето, па да ја земеме. И пелени не сме зеле, за тоа уште читам низ форумов кои се најдобри. Памперс или бејби лав гледам водат Следно за монтажа е релаксаторот И него да го исперам ќе треба, ама не е зорт. Прво да ги средам алиштенцата на бебуле Почна возбуда да ме фаќа - за еден месец дома ќе ни мириса на бебе