мене дури после петти месец почна да ми се познава.и тоа сум ситничка по раст а кај покрупни може и покасно да се препознава.битно е да е се во ред аа на народот никогаш нема да му погодиш и секогаш ке има некој коментар што ке те извадин од такт.
да да а јас сум висока и слаба и сега јас си го гледам стомачето ама шио ги интересира другите нема свет на тај свет
Јас сум повисока и покрупна, мене стомакот почна од 5ти месец да ми се познава... Релативна ствар е тоа, бар по мое мислење, секој организам е различен.
ама оди објасни на недоделкани.. ма шо ми е гајле јас си го видов бебушот денес се е окк весела расположена...туку ај ве молам кажете мни за вагиналетите ПОЛИГИНАКС дали ги имате користено
Јас ги користев вагиналетите Полигинакс, така што и јас на почетокот бев на триста ума дали да почнам да ги ставам или не, меѓутоа пресеков, си ги иставав и сега фала богу се решив од белиот исцедок. Јас ги ставав 12 дена, точно дека се малку големи, но со правилно и внимателно поставување внатре немаш гајле.
уф ти благодарам мила знаеш ми требаше некој да ми каже дали ги има користено јас за 6 дена имам да ги ставам... белким ке ми се исцисти оваа кафено бело прање
јас пак се пофалив дека вчера конечно јадев како што треба а денес пак повратив и тоа до сега само ми се гади цееел ден ни чаша вода неможам да се напијам и таа ми горчи а во куња се ми смрди нешто без разлика дали го има или нема тоа
ее мила тие се благодати шо само жена може да ги чувствува и јас сабајле пред да одам на контрола желудникот ми се стесни и само плунки извадив ама акоо слатки маки се, ќе повраќаме ќе ни се гади знаеме зошто и среќни сме поради тоа
Што жена слон бев јас, абе ни ми смрди нешто, ни ми горчи, ни ми се гади Се ми е слатко, дури и кромид кога пржам убаво ми мириса . Ни парфеми ми сметаат, ни дезодоранси, ни освежувачи за простории, се ми е убаво
дада најубави маки се тоа мм кога се врати од работа ме гледа бледа и вика пак поврати и јас дааа и он лелеее ма ти како оние бременине хахаха ме зеза он,што убаво им е нив ама пак нас поубаво малце се грижам бидејки слабо јадам а крвта и така ми беше слаб да не биднам полошо ете тоа ме загрижува малце
Уште кога почнав да мислам за бебе почна да ми расте стомаков хахаха, што ќе биде во девети месец здравје Боже, ќе треба шаторско крило да си купам да сошијам едни панталони
мислам оти си во рана бременост па затоа не ти смета ништо и јас првите недели немав гајле ама овие 2недели од 7 и осма недела бременост а бе неможам да поднесам ништо па и водата ми смрди некогаш , и да не смрди јас викам смрди нешто неможам ништо во куња да подготвам,ништо
хахахаах хххххл ќе носиш ецапереца еее и јас да знаеш ич немав апетит амаа воопшто си велев тоа моето срце малечко како се храни ама тоа си зима од резервите на мама.. сега малку сум подобра со апетитот не којзнае колку ама се осеќам ехеее ќе орејадеш и ти немој да се грижиш girl
да си го прекасаш јазичето нетуку си се зарекнувај самата јадиси пијајси се со ти душа носи од то поубо нема
Јас сум ПОТПОЛНО иста! Не знам која недела сум бремена, бидејќи нели на првиот преглед ништо не се виде. Денеска си имав закажано на гинеколог, ама од кревет не можев да станам! (Здравје презакажав за утре, утре одам па ако треба и светот пред нозе нека ми се сруши) Ми се лоши од ништо, тоа најмногу ме нервира. Постојано имам нагони за повраќање и не ми олеснува додека не повратам. Пробувам да се контролирам, па се освежувам (се прскам) со вода, џвакам ервејс екстрим, се ладам со тетратки (што ми дојде при рака) џабе. Ако не повратам, не ми олеснува. Што е најчудно не повраќам многу, ептен малку, колку да се рече дека сум повратила. Мака ми е! Кромид да не видам и да не помирисам, јајца варени (немам пробано пржени, а не ни сакам, се плашам) уффф.. Кафе, дим од цигари.. .како сум тргнала се ќе набројам! Многу ми е лошо луѓе! Денеска (знам дека сум за карање) имам изедено 4-5 лажици гравче и една кришка леб. Не можев повеќе, зошто не бев способна на маса да седам. Не сум ни гладна, напротив желудникот го чувствувам како темпирана бомба. Едвај чекам да ми помине фазава!
трајте до кај 13та 14та недела јас дотогас само геврек, јогурт и грисини јадев ама затоа потоа се што ке ми дојдеше до рака.и во наредните месеци по 4 кила секој месц се поправав.срека ова жештинава што фати па само вода и овошја ми годи(не дека друго не консумирам само не се прејадувам).не го оставајте желудникот празен така само ке ви биде полошо.суво грицкајте нешто бисквити, крекери,грисини-што ви годи по две три колку да се залажува стомакот.вообичаено е минлив период и се се заборава.