Колку убаво. Кај што ве читам вака како се спремате за бебињата ме фаќа возбуда и едвај чекам и јас да почнам да се спремам.
Јас се нервирам што не смеам да работам,докторката кажа одмор.Ми стојат аливцата не испрани не испеглани...золвата се нафати да ми ги спреми,а сакав сама.Сега ќе чекам контрола па да даде докторката дозвола,ако не ќе морам да и препуштам нејзе. Сега знам како и било на снаата јас да и спремам се(со ќеф)а таа во кревет..
Женски како се справувате/справувавте со подуеност, гасови и запек (порано одев по 2 пати во ден, сега еднаш на 2 дена). 9+5 сум, а мислам дека сум надуена ко да сум 6 месец.
Гасовите ми останаа цела бременост. А запекот го имав на почеток од бременост итоа по 6дена не одев ама тоа ми беше од хиперстимулација.. Сега фала богу немам проблем.. Гледај обавезно да конзумираш овошје секој ден.
Конзумирам јаболки, круши, суви сливи, сабајле по едно кафе демек ќе ме протера ама поспоро оди. Ај здравје. Бар знам вообичаено е. Фала. Маж ми денес во исто време успеа и да ме изнервира и да ме насмее "ау за серка толку да се радуваш" .
@kukla21 јас оставив постелнината да ја наместат пред да ме земат од болница, дури и душечето беше сеуште во кесата. Идејата ми беше да не фаќа прашина, а богами ти имаш уште цел месец Јас денес цел ден сум со менструални болки, лежев, но морав да излезам вечерва на роденден кај блиски. Сега капаче е што имам плус болки во цревата, се подув од гасови
Поодвратно нешто од надуен стомак и болки од истото нема. Јас си го имам тој проблем уштр жолчка од кога извадив
Затнат нос и тапа болка во увото, дали да одам на лекар или сама со солен раствор и отол-х да де лечам? Просветли ме каква, од каде оти 35 недела а неможам уште како човек заби да измијам, цело време со нагон за повраќање сум.
Е јас не давам друг дома да ми се мота и да ми фаќа, а и реди Ако фати прашина, ќе ја преперам и завршена работа или друга ќе ставам. И количка/корпа/транспортер ќе перам. Мора некогаш да се средат. Не можам да оставам дур ја сум во болница заради прашина други да ми се мотаат нкз куќа
Химеопатска на Билка, има вкус лимон и грејпфрут, ја има во Дм. @kukla21 па маж ти нека мести Многу ги штедиме а уствари се многу поспособни него што се прават Мојов додека бев во болница направил генералка до степен бришење прозори и перење завеси, и плус не дозволил да се прават мекици кај нас, пошто нели, човекот чистел Е од тогаш навака тешко му идат генералките
мм чисти се скоро 9 месеци - греотка е да се жалам од него. Јас ништо не сум фатила по дома. Ама за бебе се ќе си правам сама.
Добар ден мешиња. Штотуку се вратив од болница. Бебето е ок и цтг мирно, но јас не сум во добра состојба и сакаа да ме задржат. Морав да потпишам дека на моја одговорност се враќам дома. Се надевам нема на полноќ да трчаме назад. Знам дека би било најдобро да лежам таму, да ми дадат инфузија и да набјудуваат да не дојде до поголеми компликации, ама како да ги оставам двеве мали дома Вчера имав низок притисок и голема омалаксаност, од полноќ почнаа и грчеви/болки и пролив/повраќање. Не сакаа ниту инфузија да ми дадат или крвна слика без да ноќевам таму, а гледаат бледа како дух сум. Се паркирав во постела. Мажот ми и свекрва ми околу децата и мене... се надевам се добро ќе се заврши. Викаат инфект е може, големата од градинка да го донела. Се надевам ќе бидам подобра. Се исцедив, сила нема веќе во мене.
Те разбирам како ти е и јас со две мали сум , побрзо да оздравеш без последици мене пред пораѓај со второто ми беше така во 35 недела и мислев готово ќе се роди , душата мислам ми смрдеше на расипани јајца ама мене не ме задржаа на инфективно дека имало многу заразени па полошо ќе ми било и подобро дома ,па само на домашна инфузија бев на 5 мин голтка по голтка пиев и Линекс 2 × 1 на ден утре ден одма немав ништо ,на супа пилешка и компир варен и двопек бев цела недела скоро ..Пробај вака ти од аптека сама да си купиш со совет од фармацевт дека си бремена да ти понуди домашна инфузија или било што друго само да си подобра и ти и бебе брзо да оздравеш ... И испитај крв ако треба и приватно