Држи се Дани. Кока кола голтка по голтка, чајче од нане. Да не дехидрираш. Базирај се на течности . Они се најбитни. И одмарај. Време е на настинки и грипови. Ама некогаш колку и да сакаме да се заштитиме , не е изводливо никако.
Дрш се Дани. Кога те читам колку си ангажирана по дома и околу домот ти се дивам на силата. Чим кај вас рекле да те задржат, ептен си стасала до работ. Чувај се! Ако треба и инфузии, ден во болница одседи си. Секако дома здрава им требаш!
И јас денес бев на контрола .32 недела сум со близнаци , цервикс 17 мм, омекнато грло на матка. Од утре ке почнам да одам на цтг редовно да се види за контракции . По тоа што му опишав рече дека изгледа се контракции. Ако излезе така ке ме задржат во болница . Дај боже да ги задржам девојкиве барем уште 2 недели во меше . Едната е свртена со глава надоле уште пред еден месец ама сега изгледа и другава се врти и постои шанса за природно да се пораѓам . Паника веќе почна да ме фаќа што ке биде како ке биде и тоа е плус причина што си ја преседов цела нок без спиење
Иста бев завчера, пролив и повраќање плус црвено грло и плуќа катастрофа, сакаа на инфективно за инфузија ама не прифатив. Вирус е мила мене ми помина за два дена, денес нема ни пролив ни повраќање само грлото ме боли уште. Направи си пилешка супа исто е како инфузија и кока кола голтка по голтка. За јадење двопек или банана, ке помине
Јас од вчера имам болки од левата страна (баш од страна). Врска немам дали е бубрег, дали е мускул или нешто друго. Се слушнав со докторот, ми рече ако не ме попушта за секој случај да одам на дежурен да ме видат. На моменти се опуштам, на моменти ме фаќа паника.
Aj i jas da se pozalam, pritisok varira bez razlika na terapijata, nosev holter 76procenti od vremeto visok pritisok me praka na nefrologija maticniot poima nemam sto uste ispituvanja ke mi napravat. Utre pak po lavirintot bolnici aman veke.
Јас користев крема Folrex во бременост(за опашката). Ми ја препорачаа дека била за трудници. Мене ми помагаше. Од Зегин ја земав но може ја има и во други аптеки. Пробај нема што да изгубиш..
Мамички вчера ми падна мукозниот чеп. Денес имам болки ама не се јаки. Од искуство од првото знам дека паѓањето на чепот е уствари знак дека почнувам да се отварам. Ме фаќа страф... Иначе сум 38+4
Сакаш да кажиш дека треба да се спремам?! Лееее зар дојде времето? Шо знам мислам уште е рано за да одам... Ќе чекам да ми пукне водењакот па ке одам...
Се ближи моментот, супер си со термин. Спреми си торбата, за да не те фати паника во последен момент дали имаш се при рака(стегач за коса не заборавај ) По скали нагоре надоле ако имаш можност. Ќе убрза процес. За одење сеуште не, сочекај конѕракции и болки.
Со лесно и брзо мајка и живо и здраво бебе во прегратка не ти е рано таман си е на време ,јас ни со двајцата не дочекав 40 недели
Оххх... Скали имам во зградава ама комшиите ќе ме направат улава хахах. А вие по колку време од паѓањето на чепот се породивте? Јас за првото после 24ч. Ми е страф да не не сетам нешто Ништо... заминав да се спремам па ќе пишам што како
Почекај почекај за тоа време среди си се ти. Релаксирај се и кога ќе наближат болките на помалку мин правец на болница
Како да не сетиш контракции и пукање водењак. Ќе сетиш сетиш, не бери гајле . Со второ е полесно, ама нема да го преспиеш и да не сетиш ништо. Мене не ми падна чеп и со двете. Може часеви може денови да се. Сериозно со скаливе
Ееее заборавив како беше за првото.... Уствари за првото бев 24ч на болница така да... сега си викам да чекам да пукне водењак па да одам. Ништо заминав да се размрдам да се убрза процесов...
Кај мене, со двете, истече на неколку пати поголемо количество вода. Дали беше пукање на водењак не знам... ама тоа и менструалните болки ми беа сигналот. Ајде, размрдај се. Ние ќе чекаме апдејт и најубави вести.
Вака кога читам си викам и јас да не не познаам контракции?! Јас ни лажни не сум сетила уште. Баш ме интересира утре што ќе покаже цтг. Вчера цел ден го минав на нозе. Вечерта не можев да се движам. Едвај станував од кревет до тоалет. Затоа денес сум претежно во хоризонтала. Мешиња, со време перете и пеглајте. После секако тешко е и седење и стоење.