Ќе ги сетиш правите, не се секирај. Нема утка. Не дека јас имам којзнае какво искуство со болки, дека нели два пати оперирана, ама дефинитивно има разлика од лажни, до вистински болки. Е сега, прагот на толеранција не е кај сите ист, па и од тоа зависи колку ќе осетиш.
Девојки денес бев на прв преглед и ми потврдија бременост, ми рекоа дека сум 6та недела, само срцето не можеше да се слушне сеуште рано било. Ми рекоа да одам за три недели пак и тогаш ке сме виделе се. Дали и кај вас вака се одвиваа работите или го слушнавте срцето во 6та недела веке?
Ајде со лесно и со живот да си го износиш. За срцевата акција... Најчесто бременоста ја сметаат од денот на последна мен. па затоа е уште рано. Наредната контрола ќе го слушнете и срценцето. Мене ми зачестуваат болките ама многу повеќе ме болат долу коските
Си знаеш како треба. Гледај на саатот за интервалите и проценувај интензитетот дали се зголемува. @tamarce.j честито и со лесно. Нареден преглед таман и срценце ќе чуете. Мислам дека кај мене, со двете, беше почеток на седма.
Јас минатата недела речиси и не ги сетив контракциите,докторката зачудена. Утре ќе видиме што ќе покаже цтг.Се ми е измешано,недели,месеци,сите различно ги рачунаат ме збунија скорз.Знам само дека е рано,ја галам бебушка и кажувам да си седи кај мама,рано е за средба
Ми се гледа крајот. Може помош сега - ќебенцата и навлаката на количката/транспортерот можам да ги сушам во сушара? Вие како правите?
Од утре во 36 влегувам, а нешто ме мава психата, до вчера бебушка активна, денес само сабалје малку ја осетив. Сега јадам благо и не реагира, како да ја размрдам да ми се смири душичкава? Незнам дали сум единствена ама не ни помислувам за пораѓајот, како ќе биде, си викам само да се роди ќерка здрава и права
Немај гајле, и јас не сум ја чувствувала баш по цел ден. Двапати ми се има случено само како што викаш насабајле да ја осетам
Поголеми се. Јас осеќам движење најчесто, а поретко удари. И мене уште не ме мавнала паника за пораѓај. Како на друг да му се случува @fana, едното ќебенце е волнено и тоа ми е ризично за сушара?! Надвор е веќе засмрдено за сушење.
А на колку степени ги испра/ќе ги переш? На 30 е доволно? И ти зема мамароо релаксатор, така? Инаку јас немам сушара и внатре си сушам, надвор не ми се пружа
За што ме прашуваш? Алиштата ги перев на 40 и на 30. А овие од количка/транспортер на 30 или на рачно перење планирам. Да, зедов мамароо
@kukla21 вoлненo вo сушaрa не. Види дoмa нa стoл дo пaрнo стaви гo или нa сушaлкa aкo имaш, не дирекнo нa пaрнo дa не ти oжoлти.