@kukla21 јас се сушам во сушара Баш пред некој ден ги перев навлаките од транспортерот и количката и ги ставив во сушара Да ве поздравам мешиња Ми помина возбудата за раѓање на бебушов не му се излегува уште Само почнав да се плашам да не се породам дома Во саботата отворена бев 3цм имав и контракции а не ги чуствував Со кере кога бев бремена едвај издржав кога ги имав Сигурно дека нема да утнам кога ке дојде време за раѓање ама да стигнам во болница макар Навечер неможам никако да спијам главоболки имам многу јаки,притисокот ми е стално низок едвај функционирам Бебо и не е баш активен деновиве,незнам дали е нормално дека со кере и дури се пораѓав мрдаше таа ми беше поактивна,до душа и сега е Со лесно на новите мешиња
Мешина изгледа лажна тревога беше Болките место да се зголемуваат се намалија, ме фаќаат на 1 час. Не знам што да мислам Чепот падна а од пораѓај ни П. Ниту пак болки Изгледа ќе почекам уште некој ден. Или да одам кај матичната на преглед?
Чим немаш болки џабе ќе одиш. Евентуално со вагинален преглед, со рака, да иницира она нешто и да забрза. Долга е ноќта,не знаеш што ќе донесе. Мене двете од сон, од спиење ме будеа кога им дојде моментот.
Мислев утре на цтг да одам и евентуално да види дали сум отворена. Минатата недела на цтг имав контракции па провери и дали сум отворена. Не сум мирна... цело време ми се врти тоа дека ми падна чепот, ме мава филм дека водењакот ми пукнал дури сум се туширала или дури сум била во вц и не сум го сетила маки наши
И да пукни во капење после тоа ќе си течи нема веднаш да запри. Ама за да си мирна оди нека те ѕирнат. Или наспиј се вечерва и утре сабалје. Како сакаш
Ако напукне високо некаде, си тече чат пат и се осеќа дека е баш водењакот. Мене така ми пукна некаде високо и ми истекуваше млаз од време на време (џабе влошка, џабе се.. утоп и влошка и гаќи и тренерки, хеланки правев). Вториот пат доле ниско пукна.. е тогаш па нема шанса да не приметиш, зашто баш тече тече За чепот нема правило... со првото 3 дена после паѓање на чеп се породив, со второво на 27ми ми падна.. а на 1ви се породив (значи после 4,5 дена). Со лесно само
Женчиња се будам сега и кога се гледам во огледало страшнооо. Една страна од лицето, едниот образ отечен (мислиш заб е или сум добила бокс) и силна главоболка на истата страна посилно изразена. Притисокот одма го измерив ме фати паника ама добар е 120/80. Отоци на нозе и раце веќе си имам ама си се навикнав, а ова сега ми е ново. Да дигам узбуна и да пдам на лекар, или што да правам?
оди на лекар обавезно Мешиња во што се дотеруваат бебиња за излегување од болница?Ги гледав тие бебешки сетови ама некако ми се мн тенки и како за спиење.Чекам синче,на 28.12 ми е терминот ама незнам пто да купам.Колку слоја треба да има облечено?Ај ве молам за совет што треба да земам?
Има дебелки, плишани, меки шпикозни и сетови одделни. Како и да е го изнесуваш покриено, завиткано во корпа, транспортер, право во кола.. од кола дома
Јас ја читав уште три години, додека не останав пак трудна Интересна работа што и после тоа осеќаш потреба да прочиташ нешто позитивно или да споделиш искуство/совет
Се радувам за секоја која што е во очекување ме фаќа и мене еуфорија и си се сеќавам на бременоста и породувањето и си се смешкам. Изгледа и јас до тогаш ќе ја читам до следна бременост Дури бев бремена не ми беше смешно паничев на секое пецкањево на секоја болка сега кога ми текнува ми е смешно. Се надевам 2 ра бременост ќе сум по опуштена и без многу грижи ќе ми биде се познато
Јас уште ништо си седам дома... Болки ме фаќаат одвреме на време ама не се тие што треба Гратис настинав Си велам ќерка ми чека да го изгласаат законот за породилно па ќе излегува. Ако не се породам уште утре, в четврток дефинитивно одам кај матичната
1.Одредување на крвна група на трансфузиологија во која недела се прави? 2.Каде има предавања за трудници?
До 28 најкасно ако си евентуално рх негатив да може да примиш инекција. Имаш предавања во Систина, лулка, асатра..
Јас уште не сум се откажала. На секоја болка си мислам аха еве и пак ништо Ќе си чекаме шо да прајме Јас имам уште 9 дена до краен термин