Јас уште две недели Ама отворена 3цм... саботата бев толку сеа незнам Имаме време како и да е со лесно само
Еве ме пак со бебе во меше Денес бев на контрола и се е супер Цтг беше мирно,отворена исто 3цм,матичниот ми рече може и термин да дочекаме Денес 38+1 ке имаме време за уште едно сличе од мешко да ставиме изгледа Него стигнале резултатите од крвта,можеби ке треба пак да се боцкам и докторот беше збунет па ми рече да се јавам во 6 да ми потврди дали е недоразбирање или навистина треба да земам клексани до крај Се надевам грешка е @Вини-пу и мене ми паѓа чепот веќе 10 дена Баш денес прашав ми одговори можно е Контрола следната недела а може и ехо ке ме части тогаш денес не го видов бебо Гушки мешковци
И ние сме супер, мешето ја достигнало со развојот соодветната недела Бебе е 1.200 гр, ќе си препукнам Туку сакав да ве прашам дали ве подболува некогаш кога мрда бебе? Дали дека веќе тесно му станува (29 недела сум), баш јасно се гледа на стомаков како мрда, се шета лево-десно, ама ме боли некогаш дури, особено кога лежам, а бебе мрда. Друго, осеќам како притисок на бешиката повремено. Урина и уринокултура уредни, докторката не се загрижи нешто посебно, ми рече само по еден Утрогестан навечер. Не е константно, ама дали бебе притиска или е нешто друго, затоа паничам. Потсвесно знам дека е од бебето, дека тежи, ама ме тера да станувам навечер по 5-6 пати за во тоалет И последно, што значат калцификатите во постелката? Докторка вика ништо страшно и не добив поопширно објаснување, а дека замајана од инфото дека бебка е супер, не ни допрашав.
баш вчера ми објаснуваше докторот дека може да биде наеднаш или со денови да се цеди @Sexybaby86 и јас станувам по 5-6 пати, некогаш за 2-3 капки. Бебе тежи и ја притиска бешиката. Нормална појава.
Се додека калцификатите на прават нешто не бебка, нема страшно. Штом Гордана не е загрижена, ништо сериозно. Уживај. И притисокот е нормален. Се потешко е бебувче. Јас како вонсериски се осеќам тука што не мочкам, а и немам потреба. Не сум станувала никогаш. Може до крај ќе премочкам.
Оф која среќничка си @duffi не си свесна, блазеси ти Немам врзано асални 7-8 часа сон не памтам од кога, на периоди спијам секоја вечер. Само второ тромесечие си бев раат, на почетокот и сега што да ти кажувам. Ама ќе се издржи за бебе све
Здраво на сите да ви се пофалам и јас почувствував завчера нежно превртување по сабајлето ,ама помислив дека е ете некој нерв ,ама не било нерв бебко бил секој ден го осеќам како ме погалува нежно 15 недели и 3 дена сум , меше веќе се познава убаво (дека и трето растегнуван стомак два пати до сега иако рамен пред бременоста ми беше сепак рипна како преку ноќ ) наскоро и сликичка ќе ставам во најубавата тема во понеделник на ехо имам закажано и триста прашања за докторката убав ден милички
Јас овие два дена како тенк меѓу нозе да ми прошол се осеќам посебно лева страна препон, а и нога ми кочи ептен левата, десната ич гајле немам таму а немам ни болки воопшто, чудно ама и на лева страна го осеќам повеќе, ваљда таму си е наместено , па затоа и таму ме боли. Денес сум 24+1 Фала богу почнав како човек да спијам, си спијам по 8 саата, среќа Дафи раат си ти чим не мочаш, мм вика само за тоалетни работам јас Тоа е чудо од мочкање Ддимерите ги испитав, се е супер, бебе си одговара на гестациска недела Таман си е се, стреќа. Деновиве уште крвна слика ми останува да си направам, се надевам ќе е океј. Сега едно бош прашање, вие што земавте Провен на акција августот 1+1 дали ги пиете уште? Јас имам уште некои 15тина капсули, па нели рокот им беше до 11? Дали да си ги допијам до крај шо ме советувате? Убав ден мешковци
До крај на 11ти месец можеш слободно да ги земаш. Лековите имаат рок од +3 до6 месеци плус од означената дата на кутивчето.
Како сум изнастинала... не можам да дишам.. пијам чај, пијам лимон... џабе се... Кажете нешто шо да се напијам Денеска слабо контракции Сепак закажав за утре кај матичната па ќе видиме што ќе кажи. Ми се смачи веќе многу ми е тешко, цела отечена, киселини, не можам ни да седнам, ни да станам, ни да лежам. Немам спиено убаво не знам од кога, па уште настинкава ми фалеше
Мoжиш дa се нaпиеш пaрaцетaмoл мaјкa не се мaчи. Истo мoжеш инхaлaцијa дa си нaпрaвиш сo чaј oд кaмилицa мaлку мaслo и сoл вo вoдaтa и дa дишиш oд пaреaтa сo крпa преку глaвa, ќе ти oлесни мнoгу. Сo леснo и сo пoмин мaјкa
Здраво женски.Јас денес прошетав малку со другарка да се видам.Како пингвинче одам стомакот расте .Синоќа на спиење бебето убаво ме избоксира,од среќа што го чувствував си го гушкав стомакот .Се изнервирав денес значи со мерак гледам алиштенца за бебенцето свекрва ми дојде ги гледа алиштенца тоа што ги имам купено мора коментар да даде не е добар материјалот,мало е.
Парацетамол? Ама немам темп. само сум затната. Ова со инхалацијава може да се проба, како не ми текна побрзо... таман пред спиење да можам да дишам барем
Мешиња како сте?? Ние се мачиме со воздухот одвај дишам и дома и надвор и сегде а не е многу загадено кај нас чим мене вака ми е кој знае како вие вас во ск :/ :/ :/ Бебчето мава прета удира машала е многу активно Немаме проблем со мочањето бебче мое е многу високо качено не ме притиска многу многу на бешиката од една страна се плашам многу што е повисоко или така треба да биди во 27ма недела? Не да сум пингвинче напраено туку голем пингвин хихихи и јас така одам лево десно лево десно ко пајче ама ако нека е само добра мисла здрави прави па ако сме и пингвинчиња и пајчиња.. Ве гушкамм <3
Хааај Во врска со мочањето сакав да се надоврзам. Јас и на кашлање/кивање се подмочнувам Ич не е пријатно, но мислам дека ми е послаба бешиката од прва бременост. Незнам како ќе биде понатака, зашто мајка ми мака мачи со уринарни инфекции поради спуштена бешика, а не и се оди на операција Инаку мене почна по малку да ми се познава меше, дури маж ми вчера во дуќан, додека пробував нешто, ме зафркаваше А денес сум полни 11 недели. Со првото почна да се познава дури околу 20та недела. Од вторник се враќам на работа и веќе нема бегање, ќе знаат дека сум трудна Полека и панталони/сукњи престануваат да ме собираат Убав ви ден женки!