Добар ден мешиња Ве читам за мочањето и баш се спремам викендов да прошетаме малце подалеку едно саат-два со кола па реков улошка ќе си ставам и тоа поголема не секојдневна. На кивање си подмочнувам, а ми се случува само што излезам да барам јавно вц за две капки. Веќе ме фака паника дали ке стигнам да се спремам, а имам уште два месеци, важно не мислам на порагајот Толку од мене за сега.
Кегелови вежби би помогнале за подмочување? Јас и на кашлање и кивање знам да "попуштам". А никако да ми текне, баш читав пред некој ден: http://www.femina.mk/здравје/интимно/кегелови-вежби-за-поголемо-сексуално-задоволство
И мене ми се случило неколку пати во бременоста да си се подмочам од кивање и кашлање Исто како @Chantal и ние се спремаме за еднодневна тура надвор од Ск викендов, и уште сега се мислам колку пати ќе треба да застанеме на бензинска, зошто кај мене и за две капки е зорт некогаш Инаку и јас уште ништо немам купено од поголемите работи, само нешто ситно од облека (бодиња и шпихозни). Сега дека дома сум па се замарам повеќе со тоа, разгледувам по сајтови и меркам колички, креветчиња и сл. На моменти знам да испаничам дека немаме време, му викам на мм да си нарачаме ние со време, може тоа што го сакаме ќе го нема и ќе треба да го чекаме, не ми се купува во последен момент, а он не се замара. Таков си е, се во 5 до 12. Јас па чиста спротивност, и стално ми се смее кога треба да патуваме некаде почнувам да се пакувам 10 дена унапред Море ќе го подберам деновиве да одиме да шетнеме, полудечу ако не купам нешто во скоро време. Меше брзо расте, цела топка е, веќе приметувам и дека се заморувам побрзо при одење, а и побавно се движам, па да шетнеме додека можам Убав ден мешковци
Добро за до толку зорт има и по пат кај да се застане. Уствари мене зорт ми е за конкретна продавница па мора да се оди
Мочкање? И јас на кивање се подмочнувам ама ако ми е полна бешика и само домаа.. досега ми се нема случено надвор.
Многу е... доктор ги виде резултатите? Каде правеше крвна слика? Повтори уште еднаш.. штом се толку покачени, има некое жариште во организам и може да биде било што... ти имаш мака со нешто?
Денес се приметив мешко се спуштил ептен доле, скоро две раце и цел ден мокрам на 5 мин. Нормално е? 35+2 сум.