И јас одлагав, демек рано ми беше. Арно ама прво цтг покажа јаки контракции и мораше да видат стату доле, дали сум отворена. Несредена бев, ама во тие моменти на паника не ми ни беше гајле. Е кога се вратив за пораѓај, дојде една сестра со бричот. Жива среќа само горниот дел кај мешето го пројде.
Jas sum sesta nedela...ako ima druga posoodvetna grupa za rana bremenost molam nekoja od clenkite da me upati?
Јас пак ја напуштам темата (а и форумот на некое време). Минатата недела правев киретажа, срцето престанало во 10та недела. Не е оваа моја година. Среќно на сите трудници!
ох мила.. :/ :/ многу ми е жал биди силна што е наше ќе си дојде тешко ти е знам сум поминала и јас таков пат ама некогаш т.е не некогаш како велат секое лошо за добро е кога не биле за нас подобро на 10 недели отколку многу покасно.. те гушкамм ии биди силна
Здраво миличкииЈас се враќам од преглед супер е се , бебуш ужива 4-5 дена е понапред од неделата по менструација т.е 16 недела сум а бебуш одговара на 16+5 треба само повеќе да одмарам што не ми поднесува организмот магнезиум дека стврднување на матка имам ,ама не толку често денес беше мирно курлето , се криеше се криеше и на крај пак куре се виде сега ќе одмараме и уживаме до следен преклед скрининг 2 во декември Убав ден мешенца
Добро утро трудници Јас во кревет, вирус ме фати, се исцедив од дијареа и повраќање, и плус темп. имам, не можам на нозе да стојам Цела ноќ во тоалет ја преседов, немам спиено ни минута. Што ќе беше ова да му се сневиди, така одеднаш ме спопадна. Освен пробиотик и парацетамол, што друго смеам да се напијам знаете ли? Немам сила да станам и да одам на лекар, а и онака општата матична ми е на породилно, а замената не и ја ни знам. Или да ја барам гинекологот да ја прашам за совет? Течности пијам многу за да не дехидрирам, чаеви, вода, супа, а за јадење не можам ни да помислам @izmislena биди силна, што е твое ќе си дојде. Подобро ако веќе нешто требало да се случи да е на почеток, отколку подоцна. Ќе биде следниот пат, биди уверена во тоа
За повраќање помага кока кола, голтка по голтка, банани, леблебија за дијареа и двопек. Напи се парацетамол за тт. @izmislena биди силна, следната битка е твоја.
@izmislena @Sexybaby86 чај од нане голтка по голтка , да го смири желудникот. Ако е ептен лошо консултирај се по телефон со гинекологот. Не се мачи. Може да ти вклучат и систем, да не дехидрираш, а ќе те крене. Нека минува.
Многу ми е жал, ти посакувам да собереш сила да го пребродиш ова што побрзо и наредната 2018 да ти донесе дупла среќа одеднаш т.е да ти донесе близнаци .
добро мина и транспортерот и релаксаторот во машина за перење и во сушарата. Уште корпата од количката остана. До каде сте со припреми @pile30 @spirkovski @Melinda85 ?