Тоа лигавото сигурно ти е чепот. Мукозен чеп се вика. Болките треба да ти бидат на ист интервал пример на секои 15 минути по неколку секунди траат. Па потоа на помалку минути ќе бидат тоа се вистинските болки. Мери на саат кога ќе те заболи дали се во ист интервал и на колку минути ти се. Ајде со лесно ќе се гушкаш уште малку со бебушка.
Добро утро, едно прашање ми стигнаа резултати од микро преку крв, рубиола е позитивно а друго негативно, дали е лошо ?
направив тест, покажа позитивен денес бев на гинеколог ама ништо не се гледаше докторката вика рано е 5 нед и 3 дена, според последна менструација, а пошо имам менст. на 30+ дена вика рано е дојди после десетина дена. а бев прерадувана... да се радувам или да чекам нареден преглед?
Мој најдобронамерен совет ти е испитај бхсг обавезно и почекај малку ама немој многу да не се работи не дај боже за вонматерична па да биде касно.Според мене види и на второ мислење затоа ако е вонматерикна не се препорачува многу да чекаш.Поздрав и ти посакувам се најубаво.
Кажете некој спас за болка во желудник , еве два дена како ме боли па пушта боли па пушта... (Ладно млеко пијам ,ама залудно)
Мешковци како сте? Јас таман се оправив од вирусот, сега времево за никаде и ме кине главава, ама си трпам, нејќам да пијам парацетамол. Киселините ми се вратија посилни од било кога, аман Со по неколку рупурута сум дневно, не се трпи, изгорев Олеснуваат, ама само кратко и после пак ми гори цел хранопровод На позитивната страна, мешко ми е многу нагло пораснат, бебе расте, се радувам. Добив совет повеќе суво овошје, многу убава храна било за бебо. И јаткасти плодови, ама тоа си грицкам секој ден. Си реков да споделам Убав ден, се надевам ќе ни се подоправи времево малку
Зошто веднаш плашење со вонматерична. Ако е недај боже и така докторот ќе е видел на ехо дека има нешто надвор од матката. @dade123 најверојатно е рано да се виде точкичката во меше. За 2 недели убаво ќе се виде. Да си си мирна можеш да си испиташ вредност на бета. Гали меше и уживај
мајчинскиот инстикт ми кажува дека има нешто ама мало е не се гледа утре на малечката и славиме втор роденден па ова и е поклон, иима нешто дада само се радува вика бебе бебе.
Девојки за киселини не се плашете да земете нешто за шмукање, сосем се безбедни. Гледам често на темата се провлекува ова прашање. Само што ако беба притиска незгодно на желудник, само ќе ги ублажи симптомите кратко, нема да помине. Нормално е . Ќе помине за некој месец. И јас сум со истите маки, посебно кога беба почна да расте и притиска на сите можни органи. Тоа е, слатки маки.
Здраво мешенца ,денес на трансфузиологија за машала ред чекав од 11:00 со закажан во 11:10 термин до 14:00 часот , младите (пензионери) седеа по столовите како заковани а трудни стојат и замислете толку чекање за 2 мин работа резултати ќе ми бидат готови до 16:00 или од 19:00 до 20:00 многу оф топик постов ама морав да си се искажам сега оставив мажот резултат да чека јас дома дојдов , почна чекајќи и матка да ми се грчи и половина да боли , крајно неорганизирано наше здравство .
Еве бебо мој така добро е пикнат во желудник, изгледа ужива во него Сестрами ми спомна и таа имала киселини и горење во желудникот откако ги прекинала витамините да ги пие прекинале и мачнините. Ама мене некако не ми се прекинуват витамините
Во врска со киселините, најмногу ме нервира што ги немав на почеток, немав ни гадење, ни повраќање, ништо. Туку се појавија баш кога бебе почна да расте нагло, околу 20 и некоја недела, и еве ќе ги снема, па пак ќе се појават и така. Инаку како ми се преврте бебево пред некој ден во спиење, ме рашутира толку што мислев дека ќе повратам во кревет. Го осетив буквално како се заврте. Претходно ми икаше со главчето долу, а сега еве го горе, кај желудникот дошло. И после киселини - епа киселини, тоа е Има време уште, се надевам ќе си се намести во позиција, до кај 37-38 се вртат нонстоп. Живо претало е мојава малечка, само салта прави