Па за вагиналетите ај и да речеш, може да се види воспалување, ама за пиење антибиотик ваљда треба и брисеви, крвна слика...нели?
Da da . Ama ne mi e jasno neknja me proveria vaginalno znaci nisto od takva strana nemase... site razlicno
Здраво на сите трудници лесна бременост некоја трудница ако сака имам прегназон 2 ленти и цело пакување тот хема нека пише да не ги фрлам
Здраво женски.Јас денес бев на скрининг во Чаир.Уфф 30 минути лежев,склет ме фаќаше немир во нозеБебето немирно само удираДокторката беше добра,внимателно гледаше само не ми се допадна што јас не можев да си го гледам моето слатко бумбарче.Бебето е напредно за две недели ,но докторката ми рече да проверам скриен шеќер е тука се сепнав малку се исплашив.Женски дали е опасен тој скриен шеќер,не знам значи дали го имам додека не проверам?
Не плачи, не го нервирај бебуш. Дијабетичари во семејството? Можеби ти рекла да провериш онака рутински оти бебето е 2+недели.
Sega svekrva mi e vo pravo demek nisto ne bilo so bebeto trista gluposti. Demek doktorite znaat ... kako se iznervirav ... ti i vikas ne moze da mrda ona nis ne e
Не срцка немам дијабетичари во моето семејство,затоа и се исплашив.Да дека бебето е 2 +недели и да сум проверела.Ме праша јас колкава сум родена.Јас малецка се родив пред време 1900,ама бев чврсто бебенце Не и се замарај,нека збори што сака демек они се знаат како цела болница бебиња да одгледале.
Лелеее тоа со рацете не ми збори... во понеделникот бев на доктор и докторот ме прегледа и ок, не болеше многу, но заради високиот притисок ме прати во болница за нон-стресс тест и ми дојде таму една медицинска сестра да прегледа цервикс, мислам дека до гуша ми ја напика раката, таква болка у живот немам претрпено . @Mari* Фала, со лесно и на тебе . Утре сум на контрола, па ќе пишам што ќе ми кажат.
Ах аман...Ви спомнав нели дека ме вика врската као да ме ѕирне во петок ама читајќи го вашето искуство решив да не одам и да не дозволам од ич ништо да се почне со провокации па да ја "силува" работата. Ама денес матичниот ме испаничи. Метилдопа пиев 3 пати по 1 апче и притисокот беше 140/90 или 150/90, ми накачи во понеделникот 3пати по 2 апчиња значи дупло, ама притисокот си држи 140/90, 140/80 и не се симнува, како и отоците си ги имам. Докторот вика хитно во болница или да лежиш, ќе кажат, или ќе те породат не е рано, а јас сум само 37+1. Почнаа паники и страв, зарем не е рано, зарем е толку страшен овој притисок, а со толкав и ја почнав метилдопата, можно ли е да не ми дејствува...инт...1000прашалници. Ем неќам со сила ако немора ако нема ризик по бебе, ем не ми се лежи во болница, пукнав од нервози неможам да заспијам. А и да не заборавам ми вика цтг не е сјајно слабо осцилации на почетокот, а после се зголемиле. Чаре на сето тоа мешиња има ли?
@Pepa B.. многу си напната Нормално е да нема простор бебе во поодмината бременост. Тоа не е знак дека нешто не е во ред. Се дур се храни, постелката е добра нема простор за паника. Ќе си дојде кога треба. Некои работи не одат "на сила". @ana-banana висок притисок и отоци и те како се индикација за пораѓај. 37+ недела е сосема ок и бебе веќе е развиено.
@kukla21 140/90 веројарно веќе го сметаат за висок, а дозата на метилдопа и тоа како е голема свесна сум 3пати по две апчиња. Ама си мислев не е до толку висок. Здравје со господ напред утре после 12-13 ќе бидам на клиника па ќе видиме што ќе кажат (така е договорено со врската демек). Мене ми е некако повеќе страв од царски па ќе видиме што ќе бидне. Ама ако веќе мора подобро е да ме породат отколку да мора да лежам во болница.
Јас се породив со притисок 140/90 ама во странство и јас си мислев нема да можи природно и само ги терав да ми мерат притисок а тие ми велеја нема потреба од постојано мерење. Можи и повисок да ми беше кога се пораѓав незнам. Не пијав терапија само кога ми беше покачен одмарав повеќе. Ама ако ти се покачува повеќе сигурно ќе треба царски како и да биде ти спреми се психички и за царски и за природен пораѓај, со лесно.
Здраво мами дами, контакциите ми зачестија на 2мин и правец во Плодност.. Контракции имаше мн често пропратени со болки а цервикс 4см, грло затворено. Си добив и вагинален преглед со рака се препотив. Ми рекоа строго лежење ставија инексии за зреење за бебето ако недај боже дојди до нешто и утре повторно пак да ме боцнат и контрола. Ампула Флостерон а 12мг на 24 часа. Индоцид 100мг две дози на 2ч. А потоа Капсули Индометацин а 25мг на 4ч Оваа терапија ја примам, болките се смирија од 13:30 немам болки. Си лежиме и си растиме со бебуш