Бев вчера на скрининг 33 недела сум и ми рекоа дека стомачето на бебето му било малце помало од нормално што требало да биде ама дека не е страшно.. Се насекирав ептен има ли некоја со вакво искуство да ме утеши ??
мило ми е чим сте добри и двајцата није сме малце подобри и утре сме на контрола док. пред еден месец кога бев кај него ми рече дека следнава контрола че ми кажел какво бебенце носам,ама мене ми је некако незгодно утре да му спомнам за то пишто овај месец се ми се искомплицира (а дечинава мој сакат да знат дали че имат даде или бате) и сега незнам што да правам бетер од дете мало сум ххххххх (едно сакам да слушнам само да ми кажи дека је бебо ок)
За да не ти биде незгодно,откако ке ти каже деке бебето е во ред и се е како што треба,тогаш прашај го какво е Нема зошто да ти е срам, па нормално е секоја мајка да знае какво бебе носи
што знам малце мојов док. је ко без живци и ко згора напреку зато ми је ко незгодно а имам и еден куп други прашајна за после ова што ми се деси (со крварејнево и болкиве) па дане речи ти многу прашуваш че ме извади од контакт така.и знајш како е тој без зивци јас без зивци че треба да се испотепаме хохохо
Здраво феминки, вчера бев во ГАК да ме проверат сао што влегов во 35 недела и докторот ми рече отворена дека сум била 2 прста и дека сум имала минимални контракции ме фака страв дали има некој искуство со ова ептен е рано барем да потпорасне уште малце во мешето + сите од докториве ми се на одмор ме фака страв
МаченцеЕна, само да ти честитам, дури сега прочитав и навистина од срце се издрадував Со лесно да си ја поминеш цела бременост
Добар ден мамичкии како сте ние со бебушот сме добри малку нозете ме болат не знам од што а и левиот крајник се плашам да не се разболам, од синока почнав да ги ставам тие вагиналетите шо се ко цреши големи.... со страв ставив ама само нека поминува со Бога напред се ке биде во ред,, сакав да ве прашам каков чај може да се пие во бременоста за настинка ?? ппздравчеее
Еве ме и мене ...се вративме од одмор....прекрасно си поминавме, у живот не сум била по црна, а со 50ка фактор се мачкав и цело време под чадор. Супер се осеќам грев е да се жалам. Мешето последниве 10 дена нагло рипнува, потврдо е, а и бебушка се почесто ја осеќам Единствено што не можам брзо да одам...одам ама не сега како што знаев, зошто ме здоболува позади во колкови, и кога ќе се заморам стопалата од под зглобовите како тегови ги осеќам. Beautiful-Princess честито за момченцето што го носиш Engaged честитки и за тебе, имај убава и лесна бременост. MacenceEna честитки и за тебе
здраво идни мамички ние денес си се радуваме се пакуваме за кај мама о тато се немаме видено неколку месеци а мислам поминале години години вечер не спиев баш најдобро незнам дали од времево што врне ама често ми болише долниот дел од стомакот,сигурно не е ништо опасно бидејки беа мали болки. A и незнам дали знаете али бебушко мој вечер за првпат ке иде кај бабаму и дедому од македонија ммммм има убво да си го прошетам ова мало во стомачево да види од кај е мама и тато па има да го најадам со најубавите македонски јадења од внатре тоа убавко мое ке си гледа јаде и ужива. (искрено малце се плашам со ова патувањево па долг пат е,ај држете среќа да помине се најдобро) и со господ напред и за најубаво се да ни биде
среќен ви патвап со Господ напред да стигните во Македонија убаво да си поминете по патот, не грижи се ке правите почести паузи да се раздвижуваш и секако вода не заборавај да си пиеш.....
Поздрав и од нас мамички . Ние вчера го шетавме бебушко до Солун, ама тоа беше ептен шетање. 10 саати одење пешки со ептен мали паузи. Умрев од страв да не му штети тоа нешто на бебушко. Ама оно си немаше гајле. Се утепа од удирање цел ден вчера, а еве го и денес. Си викам добро барем знам дека ништо не му е и дека е добро. Мажето се утепа од жалење нозе ме болат, ова ме боли, она ме боли, а нас како за чудо ништо не не болеше. Само рамениците ме болат од сабајле. Ааааа ќе бараме после масажа од татичко.
денес бевмр да го видиме бебушот ама мочко мочкосан спиеше се стуткал во едно ќоше и 5 пари недава за тоа кој го гледа злато на мама п.с. денес го направив мм партал ради јатрвами,не заслужи ама не можев. П.п.с. смислив уште што да речам до после И ЧЕСТИТКИ ДО НОВИТЕ МАМИЧКИ
ее спанкото твој си спие сте отишле да го видите баш кога дремнал човекот... немој да се караш со мажот ти ради други уживај си
Честито нека ми ти е, со лесно да си го износиш Јаготче и живо и здраво да си го родиш... Тоа е најпрекрасното чувство, шо може само да се осети а никако да се најдат зборови да се опише! Еден од најубавиот период во животот на една жена според мене е бременоста. Единствено тогаш во својот организам носиш две срца, две души!
Девокји имам прашање... Кога почнува бебуш да се качува нагоре? Сабајле така си пијам кафе и ми дојде да го погалам бебушко,галејќи така си викам па не е толку горе бебушко,уште е долу...и сама на себе си искоментирав што галиш ма ти,својот папок или бебето? Се изнасмеав сама со себе...и тоа ме натера да се запрашам кога се качува бебушот горе?