утрогестанот е само прогестеронска поддршка на бременоста, не може да му помогне на плодот да порасне, или е зачнато порано или не се добро земени мерките
Така ми кажа докторот, не е тоа мој закчучок, дека во некои случаи влијае за побрз раст. Ќе видиме во понеделник што ќе каже другиов доктор.
Добро утро лепотици како стеее.. Денес добро расположена се надевам ќе ме држи цел ден Дали се потите? Спијам во ладно и кога се будам за во вц сум жива вода. Или хормоните ми работат нон стоп или се потам од шо се гушкам со 2перници плус мажето Сношти ми течеше носот крв ама ништо страшно помина.. Нели кога фаќа барем се наеднаш ве гушкам П.С Ич не сте активни
Потам секоја вечер позади кај вратот и како да не потам бре девојки јас на средина од креветот мм на едната страна ќерка ми на другата страна и цела вечер само таа се слуша не се врти накај тато гушкај ме мама и само ме бакнува на секое во спиењето душичката
Kleksanot vlijae na rastot na plodot,zatoa i vo odredeni slucai go davaat.A utrogestanot si e za druga namena
Бебето сие порано зачнато си имала рана овулација и затоа е поголемко. Утрогестанот си за крварење не за растење на бебето. И незнам зашто е веќе касно за приска нема врска што е пораснато бебето ти си таа недела и тогаш се прави тоа. Ова го зборам од лично искуство затоа и кај мене беше полни две недели напред и ми кажаа дека сум имала рана овулација.
Искрено и мене ме зачуди за приската. Бебето се смета спрема термин на последна менструација, и терминот за породување исто....
Утрогестанот се дава во случаи кога се има крварење или ако си имала спонтани абортуси, па да не се испушти плодот(значи за поддршка на бременоста) , а не за да порасне. Твојот гинеколог не ти дал точна информација. Така што и @stevemila и @butterflysk убаво ти објасниле. И сите доктори немаат за жал знаење.
Дај Боже цело време да те држи добро расположение. Инаку јас никогаш не сум се потела, а и си сакав топличко. Ама сега нонстоп отворен прозор, парно исклучено, мм мора да спие по настрана за да не ми прави дополнително жешко и пак се преоблекувам по 2,3 пати навечер. @kukla21 и јас не би се мешала, ама ако памтам добро докторот и е другар и е ептен тазе доктор. Може е до мене ама јас си верувам повеќе во искуството. Е сега, пак не е мое ама би советувала консултација и со друг доктор. Јас бев на контрола кај двајца доктори и мерките си беа таман. После 10дена отидов на дежурен заради болки и ајде демек и скрининг ќе ми прави и докторкава ми вика главчето е поголемо ама ок. Следна контрола за 10 дена и само ми рекоа си одговаат мерките. Си правам албум и случајно загледав на сликичките дека тогаш кога бев на дежурен за главчето пишува дека одговара на скоро 4 недели поголемо. Малку испаничив ама според другиве прегледи ова ми нема логика.
Чудно е зошто не го направил скринингот кога според циклус била таман а според ехо бебушот е поголем Тука треба да се виде и скиен шекер да не постое Исто прогестеронска терапија е за задршка на плодод и не расте бебето повеке од тоа Ако е така некои бремености цели се туркаат со прогестерон тиа бебиња би требало да се ептен големи Некои доктори па толку големи глупости тропат Вардар шо не ги носе дури
Сакав да кажам дека ние можеме да читаме многу работи, ама на крај пак на докторот ќе се ослониме. Може ќе се оди на второ мислење, ама сепак мислењето на докторот ќе ни биде меродавно. Си поаѓам од себе кога ко кажувам ова. Тука може се и сешто да се прочита и секако многу добронамерни совети и искуства ќе се споделат, ама "тежината" на она што ќе ми го каже докторот е друга.
Термин се одредува при срцева акција па според тоа после се следи растот на бебето. Скрининг мора да се направи, приска не. Со тоа што го кажал докторот на китен ми е многу чудно, и сеуште сметам дека треба да се отоде кај искусен доктор на приватно да се направи скринингот.